@k0k014 @Паланчански Словенија е земја која што по отцепувањето од Југославија тргнала по еден план и никогаш не скршнала од планот, без разлика дали доаѓале лоши или добри времиња. Мене ми се плаче што слушам од постари генерации (не знам дали е точно, 1991 година сум) дека Македонија и Словенија тргнале од ист clean slate - закони, процедури, правила итн. Ние со плановиве кај дувне ветрот и на крај ја распродадовме цела држава.
Со нив сум од 2010, речиси 10 години, од фирмава кога беше само класичен зародиш или стартап што би рекле модерно низ цел Јадрански регион за сега да имаме клиенти од типот на Нетфликс, Амазон, Бритиш петролеум итн. За овие 10 години забележав дека ако во 1991 сме биле на исто во се, сега не сме ни во една работа.
1.
Работа - многу повеќе работат од нас генерално гледано. Знам дека и кај нас има деца што сакаат да работат ама кај нив не се само децата, имаш луѓе година дена до пензија што денес 5 пати ќе го изроварат системов за да најдат некоја грешка и да ја подобрат и ова ти го објаснува горенаведениот развој кој го спомнав. Кај нас каде бе, им воведоа на лекариве софтверско работење на ниво стисни yes/no, кренаа узбуна како да ги фатил некој за очи. Нашиве 40+ генерации оди натерај ги да научат нешто ново да те видам.
2.
Нема лигушење - Женските што се во IT не изигруваат примадони како кај нас. Ако треба денес да излезе на ладно/топло, ќе си излезе. Гледам по некои мк фирми женските се оградуваат од такви таскови па и машките дури ќе речат ај не колешкава, женско е, ние ќе средиме

3.
Патриоти/националисти се. Тука не зборам за одење по кафани и пеење песни, туку зборам за сакање на државата. Никој не фрла ѓубре, гледа да не загадува, не користи кола ако нема потреба. За спортски натпревари први се, исто како ние, (ете уствари една сличност) со таа разлика што тие можат да си дозволат да заминат до Норвешка да гледаат ски скокови а ние до Загреб да гледаме ракомет недела дена ни е плафон

Ние оставаме северџаните на твитер да ни всадат дека урлање по натпревари било за лица со Аспергеров синдром и дека навивачките песни ни биле националистички а пред неколку години среде состанок скијаше Тина Мазе и ликовиве се исклучија од Скајп, се уклучија после 5 минути кога заврши зошто нели, сељачко било.
4.
Го немаш/не е толку изразен моментот на show off. Во дискотекиве кај нив да влезеш жими се ќе помислиш дека на некои ликови магарето им е паркирано пред влез од што изгледаат најобично. Директоров мој отиде на состанок во Скопје во банка во маица за коли поправање а не може да се преброи, дури па на влез му викаат немал дрес код

Другар слободно му викам расправај се со него за облеката, само немој после смена да те викнат на рибање горе па ај го пушти некако.
5.
Имаат одлична стратегија за деца и од ова мислам дека потекнуваат сите горенаведени позитивности кои барем мене ми се допаѓаат. Колку што гледам, не смееш да учиш во гимназија ако не се занимаваш со спорт и мислам дека по ходниците на гимназиите имаат alumni со сите познати спортисти кои излегле од тоа школо. Исто така разбрав дека кога почнува школската година, си обележуваш кога имаш натпревари и тој период никој од професорите не смее да те чепка. Јас во средно имав сериозни проблеми кога имав ЕП или подготовки среде учебна година, ми урлаа абе мислиш одам криминал да правам или да денгубарам некаде

па после кога ќе се вратиш имаш испрашување као у стил ти ќе ми шеташ овде..

Спортистите ги вработуваат фиктивно во полиција/војска и така државата фактички ги спонзорира и имаат платено здравствено/пензиско.
По завршувањето на средно се запишуваат на факс ама и одат на работа (part time) која им ја наоѓа студентскиот сојуз и не е ништо потешка од таа на рандом административец кај нас кој не ни оди на работа. Oд таа работа си имаш џепарац, нема мамо-тато дајте ми 100 за на кафе или тикет да пишам. Значи ти до 18 години ќе имаш научено дека спортот е дел од животот и ќе бидеш исчеличен и од другата страна ќе почнеш да учиш дека работата не е срамна без разлика дали си келнер, на каса или во кол центар и да си го цениш центот.
За сообраќај, квалитет на образование, администрација, нема потреба да зборувам, ова е проблем уште кај нас и во Србија мислам.
Ме прашавте на што се должи растот, од што гледам јас, добри 90% се должи на пласманот на своите производи во Италија, Австрија и Германија и растот на IT секторот. Имам приметено и еден трик што го прават по земјиве

Имено ако рандом словенечка компанија (еве да речеме Крка) отвори претставништво во Македонија, ќе стане депонент на НЛБ, ќе земе интернет и телефонија од словенечка компанија, ќе се осигура во Триглав итн. и истово го прават секаде, си ги вртат парите. Што добиваат, најискрено не знам, не сум стручна ама штом го прават сигурно има некоја придобивка.
Туризамот им е исто во огромен пораст, Крањска Гора е веќе рамо до рамо по популарност со ски центрите во Франција, Порторож станува дестинација како италијанскине романтики за на Инстаграм (нешто што јас дробам по форумов дека треба да го направиме со Охрид).
Просечната плата е горе доле 1000 евра некаде, каде нормално, во IT секторот е повисока. За во Љубљана со тие кирии ова според мене за самец не е доволно, сега релативно, кој како е научен да живее, за двајца ќе се помине. Нормално и тие кога ќе го достигнат плафонот таму, мислат на селење во Швајцарија, USA & UK ама каде каде одливот е помал отколку од Македонија. Цениве ќе ги пишам паушално - кафе 2 евра, пиво 2-3 евра, пица во ресторан најскапо што имам видено е 10 евра..
Минус е што јазикот е само за таа територија иако брзо се учи, освен множината, странциве од non slavic државиве што учат словенечки коси корнат на двојината

Исто Љубљана е прескапа за кирија така што ако некој ја бира Словенија за земја за иселување и не планира да троши многу на кирија, или нека одбира друг град или нека патува секој ден што не е нешто тешко со оглед на средената инфраструктура. Пасош се зема по 7 години живеење а може да ти потегне постапка и фирмата ако те гледа како квалитетен кадар и сака да се замара со папирологии. Исто совет да не почнувате теми со Словенци од типот на окршајот со Хрватска

кажувајте им топ ви е земјава, мала Швајцарија, ќе им се упикате

И го пијат она Баркафе гнасноно кафе, јас кај ретко пијам кафе па и уште кога ќе ме прашаат дали сакам да ми сварат

ако ги прашате зошто немаат Нескафе, ризикувате бокс по муцки така да ќутете и на таа тема.
Aко испуштив нешто, прашајте, мада слободно може да ме дополнат/поправат ако грешам останатите форумџии што живеат во Словенија со години, од деца. Сепак IT секторот е поинаков, од работа, преку примања па и до луѓето, што би рекол еден колега сите сме со аутизам
п.с. Да пишам уште нешто - Германија, Словенија и Австрија се општества што ти нудат можности да успееш и до тебе е колку ќе успееш. Во Македонија џабе учиш технички факултет кога еве да речеме САП или АХ користат Мепсо, Телеком и автоматски ете ти три предмета од електро во вода. За куцање едни исти 3-4 џобчиња и кодчиња доволно е само junior developer, доаѓа период во кариерата кога ќе сакаш да напреднеш и да научиш нешто повеќе. На кој му се учи Електро или ФИНКИ за да куца прост C/C++ цел живот или од телекомуникации Cisco да го знае само како фирма, нека седи во МКД (освен ако не е во тие 2-3 фирми).