Најпрво, поздрав до сите.
Гледам дека тука има добри познавачи во врска со климатизација, па би прашал совет за неколку прашања:
Се работи за стан (64 m2 во простории) во Скопје, нова зграда (2017) со надворешна изолација од 10 цм графитен стиропор, прозорци REHAU GENEO со трослојно четирисезонско стакло, според изведувачот зградата има сертификат за А класа енергетска ефикасност.
Гледам дека тука препорачувате како најекономично греење, со клими,
1. Моментално греењето на станот е со парно од БЕГ, сметката е 1,260 ден. х 12 месеци. Односно 15,120 ден. за грејна сезона.
- дали може да се изведе греење со клими за пониска годишна потрошувачка од 15,000 ден. Ако се земе предвид и цената на климите и паушалниот дел што ќе мора да се плаќа секој месец према БЕГ (иако си исклучен од нивната мрежа), колкав би бил рокот за враќање на инвестиција во клими?
2. Ако не се ставаат клими за греење, тогаш за ладење ќе треба барем една клима (која би се користела и за греење на дневната соба, во меѓусезона додека не го пуштат парното). Предлог за ваква клима? Дали вреди да се инвестира во поскапа клима, за оваа потреба? Буџет: 60,000 - 70,000 ден,
Скицата од станот е дадена подолу,
Горната страна е на север и е наворешен ѕид, исто и левата страна (запад) е надворешен ѕид, другите се внатрешнј зидови.
Предвидено е место за клима (над врата према балкон) со отвор во ѕидот за цевките према надворешната единица и поставени се држачи за надворешната единица на балконот (обележано со црвено).
Дали, тоа место е погодно за поставување на климата или треба да се бара друга локација со дополнително бушење за цевките?
Однапред Ви благодарам за предлозите.
Sent from my SM-T580 using Tapatalk