a vo koi drugi drzavi ima takov zakon da se nosat protivpozarni aparati? samo tie vozila sto se so plin ili site?
Таков закон има во повеќе држави, а што се однесува до ПП апарат...за сите возила, не само за оние на плин, или какви било други... не да се правам мангуп сега, ама носам подолго време во колата таков.
Не заради законот...туку за не-дај-Боже ситуација, потребен е во колата.
И, еден совет од човек кој војска служеше цивилно како пожарникар:
При пожар кој избувнува во моторниот простор на возилото, т.е. под хаубата, а 99% од пожарите на возило настануваат токму таму, НИКОГАШ не ја отварајте хаубата наеднаш, бидејќи во допир со кислород веднаш ќе букне наеднаш пожарот.
Постапката е следна:
Подигнете ептен малце хаубата и прскајте во моторот.
Дури потоа, кога ќе попрскате 10-на секунди, дигнете ја хаубата цела и целата содржина на апаратот испрскајте ја врз моторот.
Најбрзо што можете вадете клемата од акумулаторот.
Викајте пожарна на 193, бесплатен е повикот и интервенцијата е бесплатна. За секој случај е убаво професионалци да видат
Најважно е да ја задржите присебноста. Не е потребна паника. Почетен пожар се гаси со многу малку...разгорен е невозможно да се изгаси.
Најлошо е во овој вид пожари што возачот секогаш последен го приметува пожарот, посебно надвор од град, т.е. на големи брзини.
Ако не сте сами во возилото, сите нека излезат надвор и подалеку од возилото.
На крај на краиштата, човечкиот живот е многу повреден од кое и да било материјално добро.
ПП апарат се активира на следниот начин:
1. Се извлекува осигурачот од под рачката.
2. Се удира со рака рачката надолу за да се активира притисокот од малата боца која се наоѓа во самиот ПП.
3. Со притискање на рачката се ослободува правот кој гаси.
4. Битно е да се реагира брзо, за да се искористи притисокот и да се обезбеди квалитетно гасење.