Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Ако ауспохот е доста стар, може и да не е дупнат, ама сета изолација внатре да е изгорена, и да се однесува како што си опишал.
Затоа, купи си нов, по спецификација за возилото кое го имаш.
Најарно е да не се крпи, него да се менува.
Најверојатно ке го мењам.. пошо и да е само дупнат а да не е изгорен, тој е стар и кај да е ке изгори :) Така да нов ке стаам. :smir:

Да, од денеска.
Мислам дека слушнав негде, дека само таксистите требало да носат ПП апарат.. а обичниот возач не.
Дали грешка сум разбрал?:toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
zadolozitelno od denes i toa ni pomalku ni povekje nego 2 litarski pa ne se arni be covece
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ima i drug problem aj so gi nema nekoj ke naprai biznis od toa ali toa sto se dimenziite na toj aparat precnik 11cm i visina 40cm fakja bajagi mesto osobeno vo pomalive koli
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
leleee netacen narod kaj im teknuvaat vakvi zakoni. Dvo litarska boca so koj pamet malce im se oni malcekite pa od dva litra.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Као сите да читаме Службен Весник...требаше претходно да го вртат ова по медиумите, за тоа служат владини кампањи и огласи. Вака добар дел од возачите може да се најдат во небрано (не може него сигурно)
Службен весник на РМ, бр. 31 од 3.03.2010 година
11.03.2010 Извадок од Службен весник на РМ“ бр. 105/2005 год
Интегрална верзија на Правилникот за задолжителна опрема
1.2 Противпожарен апарат за гасење пожар

Член 4
(1) Патнички моторни возила, комбинирани возила, патнички моторни возила
опремени за користење на алтернативни горива (течен нафтен гас (ТНГ), копримиран
нафтен гас (ЦНГ), возила за јавен превоз, автобуси, како и товарни моторни и приклучни
возила треба да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар поставен на видно место
или на место лесно за дофат, при што во случај на опасност може да се употреби.
(2) Патнички моторни возила и комбинирани возила треба да имаат еден
противпожарен апарат од два килограма наполнет со прашок АБЦ.
(3) Автобуси за градски, приградски и меѓуградски сообраќај треба да имаат по два
противпожарни апарати, еден од три kg и еден од шест kg.
(4) Товарни моторни возила до десет t треба да имаат еден протвпожарен апарат од
шест kg, а товарни моторни возила над десет t треба да имаат по два противпожарни
апарати од шест kg.
(5) Група возила (друмски тегнач, тегнач со седло, влечно и приклучно возило) треба да
бидат опремени со еден противпожарен апарат за гасење на евентуален пожар на моторот
и кабината и најмалку уште еден противпожарен апарат наменет за гасење на евентуален
пожар на стоката која се превезува. Бројот на противпожарни апарати наменети за гасење
на евентуален пожар на стоката зависи од видот и количината на стоката што се
превезува.
Уште лани имам земено од кило. Којзнае дали ќе може да поминам со уште еден од кило или ќе мора да фрлам плус пари за еден од две кила.
 

TurboCharger

КарамбатА
Член од
17 јули 2009
Мислења
398
Поени од реакции
14
за шлепери три од по 6 кг ли треба?!
 
Е

експерт

Гостин
a vo koi drugi drzavi ima takov zakon da se nosat protivpozarni aparati? samo tie vozila sto se so plin ili site?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
a vo koi drugi drzavi ima takov zakon da se nosat protivpozarni aparati? samo tie vozila sto se so plin ili site?
Таков закон има во повеќе држави, а што се однесува до ПП апарат...за сите возила, не само за оние на плин, или какви било други... не да се правам мангуп сега, ама носам подолго време во колата таков.
Не заради законот...туку за не-дај-Боже ситуација, потребен е во колата.
И, еден совет од човек кој војска служеше цивилно како пожарникар:
При пожар кој избувнува во моторниот простор на возилото, т.е. под хаубата, а 99% од пожарите на возило настануваат токму таму, НИКОГАШ не ја отварајте хаубата наеднаш, бидејќи во допир со кислород веднаш ќе букне наеднаш пожарот.
Постапката е следна:
Подигнете ептен малце хаубата и прскајте во моторот.
Дури потоа, кога ќе попрскате 10-на секунди, дигнете ја хаубата цела и целата содржина на апаратот испрскајте ја врз моторот.
Најбрзо што можете вадете клемата од акумулаторот.
Викајте пожарна на 193, бесплатен е повикот и интервенцијата е бесплатна. За секој случај е убаво професионалци да видат :)
Најважно е да ја задржите присебноста. Не е потребна паника. Почетен пожар се гаси со многу малку...разгорен е невозможно да се изгаси.
Најлошо е во овој вид пожари што возачот секогаш последен го приметува пожарот, посебно надвор од град, т.е. на големи брзини.
Ако не сте сами во возилото, сите нека излезат надвор и подалеку од возилото.
На крај на краиштата, човечкиот живот е многу повреден од кое и да било материјално добро.
ПП апарат се активира на следниот начин:
1. Се извлекува осигурачот од под рачката.
2. Се удира со рака рачката надолу за да се активира притисокот од малата боца која се наоѓа во самиот ПП.
3. Со притискање на рачката се ослободува правот кој гаси.
4. Битно е да се реагира брзо, за да се искористи притисокот и да се обезбеди квалитетно гасење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom