Не оправдувам де нарушување на ред и мир, во ред е. Сакав само за полицијата да спомнам, дека ќе дојдат у фул состав за да те спречат од тропање пред зграда, а да земат да убијат некој, ќе ги чекаме да им запали шкодата, или па ќе прашуваат за инструкции како да дојдат.
И кај мене имало галама пред зграда, па не сум фрлал легени вода, нит сум викнал полиција, ни некој од моите. Или кога комшиите имаат прослава и музика ечи до даска, а ја утрото полагам или моите сакаат да спијат пошо се на работа.
Курчењето од типот "Мали знаеш кој сум ја","Чив си ти?", "Aј мрш кај тебе пред зграда на татко ти да му тропаш", носи контраефект.
Сега збориме во Македонија како е. Остај у Германија и добар ден ти викаат рандом минувачи, тука добиваш погледи ко да си им згрешил нешто. Далеку сме ние од Германија.
Треба да се има малце осет и за другите, тоа е точно. Што да прават луѓето кога нема услови за правење галама ( т.е се се дешава пред згради или куќи, нема места за праење шо сакаш у градов).
Иначе ако на се се вика полиција или се прави галама, треба да го прегорам телефонот од ѕвонење на итни служби, ако треба да мислам дека живеам во Германија. Ама знам дека сме во вукојебина и не се бунам, тие се условите.
Ако се поставиш фино према тие што прават проблеми, ќе се тргнат. Ако не се тргнат и покрај молбата, полиција викни и тоа е тоа. А не на секое, полиција. Има многу поголеми проблеми во оваа држава од тоа нарушување јавен ред и мир. Ама најлесно е да се покаже сила кај што не треба.
Луѓе што сакаат мир и тишина ? Некој може треба и во 5 сабајле да стане па не може да трпи идиоти што им текнало во 1 по полноќ да играат серва
Тачно, ама затоа на пример можам да убијам некого, па нема да ми викнат полиција. Стварно кој ми е крив што играм серва, дај ќе наоѓам жртви. Галамата не е нешто ново, ја имало и пред 100 години, ќе има и сега и уште понатаму. Ќе се тргнам, ама нема потреба од полиции на секоја ситница. Ко божем само они треба да станат у 5, и ко божем само они треба да чуваат 13 деца на возраст од 7 недели до 2 месеца? Јас да имам мало дете, сигурно нема да им истурам леген со жешка/ладна вода од тераса за да ги избркам. Ќе се симнам ќе направам муабет, ако не си одат, ќе викнам полиција. Ќе видиме, не знам, мада сигурно не е крај на свет ако направил галама малце повеќе. Не мора да е од серва, може и да е прослава, може и да е кавга, може и да е нешо друго. Муабетот ми беше за селективноста на полицијата, а не за тоа кој каков идиот е.