Парондо, без грам двоумење!
Пишував пред неколку месеци на оваа тема, секогаш ќе го сакам и почитувам Раул за она што го направи, но Парондо го направи истото со многу помалце ресурси на располагање. Да победуваш екипи ко Барса, Веспрем и Келце со среден бек кој нема ни 1.80, со еден десен бек и со лев бек чија што природна позиција е централната е навистина за почитување. Џинот, Игор и Столе ко препородени почнаа да играат под негово водство, ги изиграа најдобрите клупски сезони во своите кариери. Комбинираше многу повеќе и не се плашеше да експериментира кога не одеше, Раул беше далеку поконзервативен во тој поглед. Тука би го спомнал и давањето шанса на играчи како Кизиќ, Кукуловски, Атанасовски и др. Јасно ми е дека и во огромна мера го послужи среќата кога е во прашање прошлата сезона, но и тој самиот имаше голема улога како и да гледаме на стварите. Мислам дека нема потреба да ги споменувам неизвесноста и кризата кои владееја во клубот прошлата сезона.
За Писонеро сеуште не можам да изградам мислење бидејќи немам видено премалку.