Фан клуб - РК Вардар

Јебига.. не може да се очекува дека ние секаде и секого ќе газиме. Пред нас е уште една возбудлива и мотивирачка сезона во која повторно ќе мора да правиме чуда ако сакаме големи резултати. Реално почетоков на сезонава го играме и доста ослабени, без најголемиот мотиватор у ракометниот свет и пошироко, иконата и локалниот фраер Столе Стоилов, како и без најголемото засилување за оваа сезона Толедо. Ако се знае дека денес игравме и без Скубе тоа е стварно голем хендикеп кој во овој момент не сме во состојба да го покриеме како екипа и е доста видлив на терен. Мене повеќе ме загрижува одбраната. Ми ја нема таа жестокост, противниците доста лесно се шетаат, не пробиваат. Нема лесни голови од контра кои доаѓаат по добра одбрана. Би сакал да се работи на тоа пред се, па понатака се ќе си дое..
 
Последно уредено:
Ниту еден тренер на Вардар досега не одел со сите сили на сите натпревари, не заебавајте, впрочем тешко дека во професионалниов спорт било која тимска екипа во сезоната оди нонстоп на победа.

Оваа сезона СЕХА ќе биде тест околина а ЛШ ќе биде лајв околина, тие што се програмери ќе сфатат :D

јас несум ама сфатив [emoji23]


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ова беше очекуван пораз.

И Chronysync и ја пишавме пред натпреварот дека очекуваме да ја изгубиме оваа. Реално, Дибиров промаши празен гол на минута до крај, а Чупиќ пенал за нерешено. Така што, можеше лесно и да ја добиеме, иако губевме цел натпревар. Немавме среќа, не бевме толку сериозни, а, и слабо игравме.

Да потсетам, лани изгубивме од Загреб во гости, а и од Брест дома, во најсилен состав. Овие работи се дешаваат и не се толку сериозни.

Она што мене не ми се допаѓа е несериозноста во клубот. Со исклучок на Супер Глоуб и тој еден натпревар со Кил, немавме никакви јаки подготвителни средби. Се беа со некои екипи далеку под нивото на Вардар. Ова реално беше така ради Супер Глоуб и поради изборот на местото за подготовките, но можеше да се реагира. Почна сезоната, втора година по ред нема помошник тренер. Ростерот дали е затворен, уште не знаеме, најверојатно не. И лани така, почнаа подготовки, па носевме играчи. На Гедбан не му се извадила виза за Украина, подолга била процедурата за алжирец. Тоа требало да се истражи, што ако беше ЛШ натпревар, ќе ни фалеше играч зошто не се истражиле процедури? Плус други работи. Дали се нема пари, па се крпиме за полно ствари, па ради тоа вака се одвиваат работите, не знам.

Секој случај, Кугис ми делува мене ок, мислам дека он добро ќе се снајде. Горбок, најверојатно готов е. Многу е спор. Дисингер, и од него може треба да се откажеме. Овој човек има 3 повреди во помалку од една година. Си го повреди колкот против Монпеље, лактот против Загреб и сега зглобот против Мотор. За сите повреди горе-доле он си носи дел од вината. Нема контрола баш над своето тело. Јако тргнува, скока со многу инерција, не може да се исконтролира со движењето, да се сопре на време. Реално може да се очекуваат уште повреди од него. Атман полека влегува во форма, јас верувам во него, ама па и со него не се знае дали ќе остане здрав. Ако е се како што треба јас очекувам да биде подобар од Скубе сезонава, зошто според мене е подобар играч.

Ќе ја видиме вистинската слика другата недела. Се надевам дека вистина се тие шпекулациите на шеф дека ќе се носи уште некој играч. Ни треба бек.

Инаку за тренери и кој како ги почнувал натпреварите. Раул секогаш почнуваше со најјаката постава. Кој гледал наша лига знае, Кањелас и Циндрич стартуваа и против Пролет и против Охрид. Па, и Штербик бранеше на многу средби од наша лига. Што некако беше безвезе. Он, не ни пушташе млади играчи многу-многу.
 
Не прајте споредба Вардар на Раул,Вардар на Парондо и Вардар на Писонеро немаат никаква додирна точка и секој си има своја приказна.Моментално изгледаме хаотично,дали оти е почеток на сезона па имаме нови играчи,некој од нив прв пат играт толку квалитетен ракомет па се губат незнам.Најзагрижувачки е позиција лев бек..Во целата несреќа малку и среќа шо се тоа покажува сеа а не во клучните делови од сезоната.Очекувам во најскоро време да се донесе лев бек.
 
Незнам зашто некој неочекувал пораз на Вардар ако ме прашате мене и добро поминаа со оглед на тоа каков фонд на играчи имаа за овој натпревар Мотор е опасен тим и колку напалени беа а и играат на секоја утакмица така дури и на пријателскиве шо им ги гледав летово а читам таму тренерот им бил лош :icon_lol: незнам кој го напишал тоа али нема да го коментирам пошто е тежок блам.
Проблем од она шо можам да го приметам е лабаво се понашаат во одбрана до сеа и на Супер глоуб беше исто (денес неможев да гледам али пак примаат над 30 ) со толку многу примени голови неможе да очекуваат некој резултати исто ако останат со овој фонд на играчи ке им биде тешко особено на среден/лев бек Атман е кршлив(и ете психички во лоша состојба) Дисингер и Горбок исто а Скубе е посебна прича затоа и го изјурија од Сегед он колку шо може да направи може и да усере во ист момент со таков неконзистентен бек на средина тешко ке е. Голманите ко ке се среди одбранава ке се подобрат и тие иако мораше и требаше да земат нов голман и да се ослободт од Гебдан Ивич им беше на тацна е сеа ако имале некој конткт ОК и да не се дговориле ама ако воопшто не пробале тоа е огромна грешка.
 
Незнам зашто некој неочекувал пораз на Вардар ако ме прашате мене и добро поминаа со оглед на тоа каков фонд на играчи имаа за овој натпревар Мотор е опасен тим и колку напалени беа а и играат на секоја утакмица така дури и на пријателскиве шо им ги гледав летово а читам таму тренерот им бил лош :icon_lol: незнам кој го напишал тоа али нема да го коментирам пошто е тежок блам.
Проблем од она шо можам да го приметам е лабаво се понашаат во одбрана до сеа и на Супер глоуб беше исто (денес неможев да гледам али пак примаат над 30 ) со толку многу примени голови неможе да очекуваат некој резултати исто ако останат со овој фонд на играчи ке им биде тешко особено на среден/лев бек Атман е кршлив(и ете психички во лоша состојба) Дисингер и Горбок исто а Скубе е посебна прича затоа и го изјурија од Сегед он колку шо може да направи може и да усере во ист момент со таков неконзистентен бек на средина тешко ке е. Голманите ко ке се среди одбранава ке се подобрат и тие иако мораше и требаше да земат нов голман и да се ослободт од Гебдан Ивич им беше на тацна е сеа ако имале некој конткт ОК и да не се дговориле ама ако воопшто не пробале тоа е огромна грешка.
Не се они толку силни,колку што ние бевме слаби.Ако на тоа ја додадеме нивната груба игра,и некој судиски одлуки,тоа е резултатот.Па скоро и цела утакмица,играа соло,без некоја особена шема.Очекувам,и се надевам,дека ќе кренеме ниво на игра.
 
Европски Шампиони со курвинска управа!!!
Честит ден на Републиката... во пламен, ороспии мазохистички!
 
Па скоро и цела утакмица,играа соло,
Мене ова ми пречи. Рано е уште за да бараме некакви игри и воигрувања, тимот не е комплетен, башка и повреди... ама до сеа сите утакмици претежно ги играме без никакви акции туку соло акции, и тук таму некое проигрување за пикер.
 
Горбок ужас, Атман и Чупиќ исто ужасни во прво полувреме, во второ се поправија малку.
Светла точка Горпишин и Пелко.
 
Да креваш паника за пораз од Мотор у второ коло СЕХА е смешно.

Нормално дека сите очекуваат да победуваме на секој меч ама толку многу повреди, играчи шо касно се приклучија има у тимот шо сосема прифатливо е доколку имаме слаб почеток во СЕХА и ЛШ.

Како ќе одминува време и ќе влегуваат сите во тренажен процес очекувам и нашава форма да се зголемува и повторно да бидеме проблематичен тим за сите.
 
на калараш му праќале пораки играчиве од Мотор, -ете ти го Вардар ))))
Нека им пише дека има прекини во врската, не ги слуша од тронот на Европа ке им треба повисока фрекфенција за да го добијат.
Баш против нив кога ке доаѓаат во Јане ке треба да се напуни за да им се објаснат некои ствари на дечките
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom