Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ми пукна сајлата за бирање брзини на VW Polo 97'. Се јавив во официјален сервис на VW бараат 5000 денари за нова :uvo:. Има некое чаре да се најде некаде поефтино?
 
Ми пукна сајлата за бирање брзини на VW Polo 97'. Се јавив во официјален сервис на VW бараат 5000 денари за нова :uvo:. Има некое чаре да се најде некаде поефтино?
Да, во Тетово, од некое растурено. Патем, како можеле да го направат системот за менување на брзини со сајла?
 
Да прашам овде најпрво па да барам чаре...Поседувам шкода флеиција 96год. па сакам да си земам оригинал ауспух...колку од прилика би ме коштел целиот и каде го има по скопјето...пошто имам лошо искуство со сервис на стариот... ми ставија нов среден дел па колата не е тоа што беше пред тоа...
 
Да, во Тетово, од некое растурено. Патем, како можеле да го направат системот за менување на брзини со сајла?
Таков е менувачот има 2 сајли едната е за рикверц, другата за бирање брзини Пред 2 години ми пукна и таа за рикверц:uvo:
 
Да, во Тетово, од некое растурено. Патем, како можеле да го направат системот за менување на брзини со сајла?
Пробај во тахо сервисот да ти направат нова сајла,по мерка која ти ќе им ја дадеш.порано беа во Кисела Вода,сега се некаде накај Драчево.ма сите таксисти го знаат тој сервис.Мене ми правеа сајли за рачна пред 5 години.Уште работат перфектно.топла препорака.

Да прашам овде најпрво па да барам чаре...Поседувам шкода флеиција 96год. па сакам да си земам оригинал ауспух...колку од прилика би ме коштел целиот и каде го има по скопјето...пошто имам лошо искуство со сервис на стариот... ми ставија нов среден дел па колата не е тоа што беше пред тоа...
Оди купи си на старо лонец од росфрај.И јас ги менував на две години порано.само излези на автопат,збркај ја малку колата:toe:изгоре ауспухот.Ќе те чини некаде околу 700 ден ,а ќе трае 700 години(така иде зборот нормално)ма многу траат овие од росфрај,барај некој сличен на твојот а некој лимар ќе ти го намести на колата.
 
Таков е менувачот има 2 сајли едната е за рикверц, другата за бирање брзини Пред 2 години ми пукна и таа за рикверц:uvo:
Нешто не ми е јасно, сајлата може да влече ама како ќе бута?
Што сакав погоре да кажам?
Кога ја бираш првата брзина го буткаш менувачот напред а долниот дел оди назад и ја влече сајлата ама не ми е јасно како со сајлата ќе се избере запчаникот? :uvo:
Затоа мануелните менувачи се прават со лост, со самиот правец што го даваш вилушката внатре во менувачот го бира запчаникот и синхроните се спојуваат и останува во таа брзина!
Некој да го објасни тој начин со сајла?

Да, во Тетово, од некое растурено. Патем, како можеле да го направат системот за менување на брзини со сајла?
Еве го менувачот на Полото, гледаш ли некаде сајла да се закачува?
Оној лост што е врзан со зелената жица е бирачот на брзини, тој се спојува преку друг лост со менувачот!

09042009058-40145.jpg
 
Еве ја шемата на менувачот (само делот што се наоѓа кај кабината) и делот кој ми треба

 
e vaka sea za toa pumpata za gorivo gledav denes i izleze deka e ustvari pod rezervoarot nadvor :). i koga raboti ja slusam kako prai zvuk pretpostavuvam toa necini?
 
Здраво народе :salut: Има некои обозаватели на 4x4 тука? Има некој предлог за некое Џипче,ама евтино,и не мора да е надворешно добро средено... а и не мора некоја позната марка
 
Здраво народе :salut: Има некои обозаватели на 4x4 тука? Има некој предлог за некое Џипче,ама евтино,и не мора да е надворешно добро средено... а и не мора некоја позната марка

Tојота Урбан Крузер - 15 к јурос.


Иначе сакам да прашам за една појава што наидов деновиве, погледнете
Бројка во крајниот дел од таблицата??
 

Attachments

  • Slika-0814.jpg
    Slika-0814.jpg
    138 KB · Прегледи: 6
Tојота Урбан Крузер - 15 к јурос.


Иначе сакам да прашам за една појава што наидов деновиве, погледнете
Бројка во крајниот дел од таблицата??

и јас имам видено ваква кола тука во битола а беше на скопски таблици а мислам дека исто завршуваше и таа C9
 
Tојота Урбан Крузер - 15 к јурос.


Иначе сакам да прашам за една појава што наидов деновиве, погледнете
Бројка во крајниот дел од таблицата??

Тие автомобили ги возат мислам луге што се во Македонија а немаат македонско државјанство или пак автомобили од донации од странски фирми кои не се обврзани да плаќаат данок.
 
Тие автомобили ги возат мислам луге што се во Македонија а немаат македонско државјанство или пак автомобили од донации од странски фирми кои не се обврзани да плаќаат данок.
Или со други зборови,ја вози човек на име на МК фирма,а нема МК државјанство...:smir:
Има и SK XXX A9 таблици,како и црно-бели дипломатски таблици,кои не плаќаат патарина,не ги задева полиција,немаат никакви давачки према државата...Милина:wink:
 
Сеа се напнав да глеам по таблиците денес две C9 видов :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom