еве едно гледиште кое ја отсликува демократијата во целиот свој раскош,
Народот нема што да јаде, нема работа, нама држава, нема иднина ... граѓаните размислуваат овој месец дали да ги платам сметките, или да купам лекови, или пак да гладувам овој месец ... но ЗАТОА ИМАТЕ „ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА“! Имате право да бидете ЛГБТ, имате човечко право да имате ЛГБТ брак ... имате право да протестирате во ветер, имате право да го кажете своето мислење САМО ШТО НЕМА НИКОЈ ТОА ДА ГО ОБЈАВИ ВО МЕДИУМИТЕ ... Но затоа вие како човек НЕМАТЕ човечки права на лекови, храна, стан, образование, реална цена на режии ... и на место леб можете да јадете демократија, а кога ви треба преглед во болница имате право да платите приватен лекар или да ве прегледа демократијата по 8 месеци, имате право да ПЛАТИТЕ доаѓање на БРЗА ПОМОШ бидејќи сте преживеале ... а тоа е доказ дека доаѓањето на брзата помош не било потребно ... кога ви треба лек имате право на најевтиниот, секако неефикасен ... или имате право да го платите оној што вам ви треба... Имате право на тоа дека БОЛНИЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА РАБОТАТ СО МИНУС, но затоа вашата ДЕМОКРАТСКА влада може да купува нови автомобили и смартфони иако буџетот им е во минус... и секако можете да летувате покрај телевизорот, значи на ваш трошок, знаете тоа сепак е демократија, а вие имате демократско право да добиете отказ додека сте на породилно, имате демократско право да добиете отказ додека сте на боледување, имате демократско право да работите прекувремено а неплатено се разбира, имате демократско право по законот да работите 12 часа дневно цели 6 месеци и кога ќе треба наредните 6 месеци да работите по 4 часа тогаш демократскиот сопственик демократски банкротира и демократски не одговара со својата сопственост за работењето на фирмата ... се „демократски, слободно и според човековите права“ и по закон.
малку е пообемно ама е поучно