- Член од
- 16 април 2014
- Мислења
- 7.364
- Поени од реакции
- 11.824
Требало да стави слика кај што е гушнат со Перо, и статистиката долу.
Не очекувам 50 класа играчи, очекувам еден, кој претходните сезони потврдуваат дека навистина фали. Ако планираш да конкурираш за врвот, а ангажирање на најплатениот тренер во лигата, од страна на најплатениот цео во лигата, кажува дека сакаш да конкурираш, тогаш треба да ги направиш потребните чекори што те ставаат во најдобра положба да конкурираш. Не може се одеднаш, да, ама ако ти се отвораат шанси да скокнеш некое скалило, треба тие шанси да ги искористиш, бидејќи во иднина можеби нема да постојат. Јуве е сега со нов тренер со различен систем, немаа којзнае какво трансфер лето, тимот им старее, сега требаше да се проба квалитативно да се намали разликата со нив. Следната година ќе бидат повоиграни, ќе направат уште некоја сериозна инвестиција во среден ред и напад, и додека да се свртиш они пак отишле чекор напред. Тоа е се под претпоставка дека Јуве ќе вади резултати како минатите сезони, односно и годинава ќе стигнат блиску од 90 бода. Доколку потфрлаат, тогаш Конте и со овој тим може да конкурира, зошто е подобар тренер за домашно првенство од Сари и Анчелоти. Тоа го пишав и претходно.Не може да очекуваш преку ноќ да земеме 50 класа играчи и сместа да станеме Барселона и Манчестер Сити во светот на фудбалот, едноставно невозможно е. Друга ствар е што јас лично повеќе сакам да станеме екипа како Ливерпул, без супер ѕвезди до успеси. Конте мислам дека и те како може да испорача такво нешто, веќе со Јуве и Челзи го направи тоа во услови кога беше аутсајдер во лигите каде што се натпреваруваше.
Сериозен си за Раџа? Гомното што јавно кажа дека за инает ќе предизвикува немир во соблекувална за да си оди од Интер? Гомното што секој втор ден е пијано и се коцка? Очи да не му видам веќе во тимов, никад више да не облече дрес на Интер.
Како тоа Алексис без опција е неповолно за Интер? Свесен си дека едниот дел од платата (40 или 50 проценти, не сум баш сигурен) ќе му ја плаќа Јунајтед? Свесен си дека Алексис е играч кој 2 години нема гол дадено (така иде зборот) и дека е скроз потонат? Колку да му стават опција, 60м и после Марота да биде крив ако Санчез допотоне и кај нас? Таман си е позајмицата не заебавај. За Конте и пласманот подоле ќе пишам.
@loophole Овде ќе го продолжам тоа што почнав да го пишувам погоре. Апсолутно се слагам со напишаново што го цитирав. Мене не ми требаат 10 класа играчи во тим ако секој од нив носи его колку Монт Еверест и нема никаква хемија во соблекувалната. Како што реков погоре Конте првата сезона со Јуве беше тотален андердог, првата сезона со Челзи беше 3 или 4 фаворит за титула, а на крајот убедливо ја освои. Гледам и фановите на Јуве, а и некои наши фанови ме/не цитираат со ова биткава за титула, пошо реков дека Интер ќе се бори за титула годинава. Да појасниме малце, на хартија Интер нема посилен тим од Јувентус, факт, ама дали секогаш хартијата пресудува? Не. Серија А е лига со 12-13 слаби тимови, односно екипи кои ако си доволно дисциплиниран ги добиваш лесно и без многу замаранции. Спалети додека ни беше тренер ние се тресевме и на таквите екипи, со Конте се надевам дека се тоа ќе биде искоренето, впрочем првите два меча се доволен приказ. Е сега во таква ситуација па зошто да не се надеваме на титула? Јувентус последниве 7-8 години еднаш имаше вистински конкурент за титулата, односно битка, пред 2 сезони со Наполи. Све останато освојуваше убедливо, а реално лесно е кога немаш притисок од никого, нема дишење во врат, нема притисок за освојување бодови, знаеш дека си шампион и тоа е тоа. Да бидеме ние екипата што барем малце ќе ги притисне, што ќе им дише во врат ако ништо друго, што да не нели... Пак ќе кажам, да не се сфатиме погрешно, очекувам битка за титулата али и второ место нема да е неуспех туку ќе значи чекор напред за тимов кој 2 сезони по ред во последно коло се пласираше во ЛШ.
Па горе доле се согласуваме со се бе брат, само веројатно јас се помирив дека не донесоа некој класа везњак што го спомињаш затоа што немаше кој. Преговараа за СМС ама не успеаа. Ако нешто ми се допаѓа кај Марота тоа е што не оди со глава кроз ѕид и по секоја цена да зема играчи. Ставено им е на дознаење на сите дека никој не е незаменлив и дека за секого има алтернатива. Денес искочи инфо дека ќе пробаат да го договорат Ериксен на фри трансфер следното лето затоа што му истекува договорт, па можеби затоа и не запнаа летово да фукнат 80 до 100м за некој ко СМС на пример и да го преплатат.Не очекувам 50 класа играчи, очекувам еден, кој претходните сезони потврдуваат дека навистина фали. Ако планираш да конкурираш за врвот, а ангажирање на најплатениот тренер во лигата, од страна на најплатениот цео во лигата, кажува дека сакаш да конкурираш, тогаш треба да ги направиш потребните чекори што те ставаат во најдобра положба да конкурираш. Не може се одеднаш, да, ама ако ти се отвораат шанси да скокнеш некое скалило, треба тие шанси да ги искористиш, бидејќи во иднина можеби нема да постојат. Јуве е сега со нов тренер со различен систем, немаа којзнае какво трансфер лето, тимот им старее, сега требаше да се проба квалитативно да се намали разликата со нив. Следната година ќе бидат повоиграни, ќе направат уште некоја сериозна инвестиција во среден ред и напад, и додека да се свртиш они пак отишле чекор напред. Тоа е се под претпоставка дека Јуве ќе вади резултати како минатите сезони, односно и годинава ќе стигнат блиску од 90 бода. Доколку потфрлаат, тогаш Конте и со овој тим може да конкурира, зошто е подобар тренер за домашно првенство од Сари и Анчелоти. Тоа го пишав и претходно.
Јас не се сомневам дека Конте ќе вади резултати, само ќе требаат многу позитивни околности да се поклопат, за тие резултати да донесат титула. А тој еден играч од средина на терен, кој гарантира квалитет, не само потенцијален квалитет, ќе го намалеше значењето на тие околности за сезоната на Интер. Тогаш Интер самиот ќе беше во состојба да си ја решава судбината. Можеби Сенси ќе го направи тој чекор и ќе стане тој играч, можеби Барела. Меѓутоа, во овој момент, кога носиме оцени, збориме само за потенцијален исчекор во квалитет. Играчи ко Ракитич, СМС, па дури и Видал (тие што се споменуваа) знаеме кој квалитет го носат со себе.
Јас се слагам дека е подобро да имаш добар воигран колектив, од збир на играчи со индивидуален квалитет. Ама, уште подобро е да имаш воигран колектив со индивидуално квалитени играчи. Еве Ливерпул го зема ко пример, тргни го еден од играчите во тројката напред Мане-Фирмино-Салах напред и замени го цела сезона со Шаќири, Окслејд или кој и да е, и да видиме дали ќе ги имаат истите резултати. Конте кога ги вадеше тие резлутати со Јуве и Челзи, имаше играчи ко Пирло, Видал, Тевез во тимот, не правеше колектив од scrubs. Во Челзи го имаше Диего Коста во форма, Канте, Матич и вонсериски талент како Азар.
Поентата ми е дека не е магионичар. Треба да му го дадеш материјалот и да го оставиш да дава резултати. А ова траснфер лето, можеа уште малку подобар материјал да му дадат. Се надевам дека нема да се почне со пцуење и по него, кога Весино ќе биде Весино, а Гаљардини ќе биде Гаљардини.
За Наинголан. Нема совршена соблекувална. Јас напишав и претходно, Икарди да не паузираше сред сезона, јас ќе бев и за негово останување. Работата е што, кога не се купува класа играч на неговата позиција, кој го заменува, нема причина зошто да не се задржи барем како опција од клупа, наместо да му плаќаш дел од платата и да го бркаш на позајмица во Каљари. Интер би имал поголема корист од неговите 20 минути по натпревар, отколку од 90 минути на Весино.
За Алексис, мислам дека не ме разбираш зошто викам дека дилот не е доволно добар. Ако не одигра ништо и продолжи како во Јунајтед, Интер не добива ништо. Освен фрлени пари за плата. Доколку одигра многу добро, како што се надеваме, тоа ќе му ја зголеми вредноста на пазарот. Од тоа зголемување на вредност ќар ќе има Јунајтед не Интер, бидејќи Интер нема опција за откуп како левериџ. Замисли ситуација Алексис игра сезона со 10+ гола и 10+ асистенции и Јунајтед на крај на сезона бара 35 милиони евра за негов трансфер. И на таква сезона, дојде пример Јувентус или ПСЖ и си го собере од полица, додека Интер останува со зината уста бидејќи е прескап. Би се согласил тогаш, дека можеби требаше да стават клаузула за опција за откуп, дури и по цена да земат поголем дел од неговата плата?
Јас не викам дека тимот не е засилен или дека немаат никава шанса за титула. Ама јас лично очекував нешто повеќе. И ако направат некој таков неочекуван успех, тогаш заслугите јас многу повеќе ќе му ги препишам на Конте, отколку на Марота и Аусило.
Како надополнување на твојава статистика првите 2-3 години Кавани повеќе играл лево и десно крило а последните три стриктно CFЧисто рандом пошто сакам статистика, да постирам што е статистиката на Кавани во ПСЖ сезона по сезона во Француската лига, па споредувајте на крај на сезона со Икарди
2013/14: 30 меча 16 гола
2014/15: 35 меча 18 гола
2015/16: 32 мечаа 19 гола
2016/17: 36 меча 35 гола
2017/18: 32 меча 28 гола
2018/19: 21 меча 18 гола
И чисто онака:
Неговата последна сезона во Наполи (2012/13)
34 меча 29 гола
Значи, во првата сезона во ПСЖ и не бил толку успешен како што е последните сезони.
Исто така и Кавани имаше 26 години кога направи трансфер од Наполи во ПСЖ.
Не само што имаше 26 туку е пресличен играч со Икарди..буквално исти стил на игра имаат и плус Ибрахимович тогаш беше во истите години (односно година помладЧисто рандом пошто сакам статистика, да постирам што е статистиката на Кавани во ПСЖ сезона по сезона во Француската лига, па споредувајте на крај на сезона со Икарди
Исто така и Кавани имаше 26 години кога направи трансфер од Наполи во ПСЖ.
Како ти се исти играчи кога Кавани игра и десно и лево крило, стави го Икарди на крилна позиција и нема да го видиш... Види што играл Кавани додека беше Ибра таму, 3 сезони крило беше.Не само што имаше 26 туку е пресличен играч со Икарди..буквално исти стил на игра имаат и плус Ибрахимович тогаш беше во истите години (односно година помлад) како што е Кавани сега во истиот клуб
Дај боже да се разигра Икарди и да му тргни во ПСЖ..не сакам со тоа да му докажува нешто на Интер туку онака за него лично сакам да успее бидејќи фудбалски е добар играч.
То е то секој по својот пат и се надевам дека често ќе го посетува Интер кога ќе игра домашни натпревари(кога ќе биди во можност нормално)...и според мене доколку се погоди да игра против Интер мислам дека заслужува мала доза на почит од навивачите и аплауз за 6-7 сезони полни со голови што ги изигра за Интер, иако го понижи клубот со постапките(врз основа на тоа што е пласирано во медиумите)
Со Лече, ја отворија сезоната со кореографија посветена на ултрасот на Лацио кој загина во мафијашка пресметка за дрога.Или ко шо ги вика Син, амеби![]()
До сеа не сум имал некое мислење, ама ова...
Го заборавив тоаСо Лече, ја отворија сезоната со кореографија посветена на ултрасот на Лацио кој загина во мафијашка пресметка за дрога.