Фан клуб - РК Вардар

Да не му се случи нешто на кучето што го чуваше,па ова да е како некоја посвета на тоа?
Знам Гац му се вика кучето стално го ставаше на Инстаграм,сега одамна не сум видел.
Или па чисто онака му е тетоважата од љубов спрема кучето?
Умре зимоска
 
Атман е сеоски Циндрич.

Рано е уште да праиме математики и калкулации, мислам дека имаме пак јак состав, 1/4 финале не би требало да е проблем а за повторно на ф4 треба да се наредат многу коцки, да нема сериозни повреди, Писонеро да испадне нешто блиску до Раул и Парондо.

Според мене оваа сезона дури и да не се пласираме на ф4 е сосема океј, пред 3 месеци сите бевме помирени со тоа дека нема да постои тимот, имаше масовно заминување на најдобрите поединци, ќе треба време додека да најдеме асална замена за Дејан и Игор па и Фереира.

Јас се молам Игор само да има пропаст сезона у Полска и воопшто да не е задоволен па да удриме all-in на негов камбек, страшно фали во тимов иако сезонава не е ни почната и сериозно е многу чудно да го глеаме Вардар без него.

За Циндра мислам дека неаме апсолутно никаква шанса у блиска иднина да го видиме назад, за жал.
Abe ako vi teknuva I predhodnata sezona pocnaa cudno na pocetokot na sezonata pa se uigraa taka I sega mislam deka ke bide okey

Sent from my BBB100-2 using Tapatalk
 
Abe ako vi teknuva I predhodnata sezona pocnaa cudno na pocetokot na sezonata pa se uigraa taka I sega mislam deka ke bide okey

Sent from my BBB100-2 using Tapatalk
Лани почнавме со 4 од 4 во ЛШ. Победи против Монпеље и Веспрем во гости и РНЛ и Кристијанштад дома.

Во подготовките го тепавме Берлин и игравме нерешено со ПСЖ во натпревар кој ги водевме цело време, на крај ни изедначија. Во тој натпревар Лука Карабатиќ му ја скрши раката на Стоилов. Но мислам дека изгубивме од Нант и од некој екипа од бундес, подолу рангирана. Додуше, мислам дека изгубиве од 2 буднес екипи на турнир во Германија.

Немаат везе овие натпревари. Нас, Металург не стави во шише цело полувреме, победи на пенали, па ги тепавме Барса и Веспрем после 10 дена. Не е репер ова.

Јас сепак мислам дека треба да се донесе уште еден бек и да видиме постепено до кај сме со голманиве. Како и на кое ниво ќе играат Атман и Скубе. А и со Горбок што ќе биде. Ќе се смета на него оваа сезона во некој капацитет или ќе биде СЕХА играч.

Во вторник отвараме СЕХА со Пекинг дома, ако не се лажам. Тие се ѓубре, ќе ги прегазиме.
 
Несомнено има капацитет за уште една успешна сезона. Коа ќе кажам успешна мислам првично на пласман во четвртфинале ( ако се знае како се засилени одредени клубови и колку е голема нивната мотивација да не скинат конечно), па здравје боже зашто не и пласман на Ф4 ама за тоа ќе мора да се поклопат доста ствари. Значи као што спомнав и претходно со голманите ќе мора да се работи и тоа многу. Сепак мислам дека како ќе одминува времето Периќ ќе успее да го дотера Кугис на ниво на Милосављев ( мое лично мислење). За Гебдане 5-10 мин. на натпревар да го замени првиот голман се ок, иако ја лично више би го форсирал Кизиќ за втор голман. Од тоа што го видов на Супер Глоуб, кај Атман е видлив стравот од потенцијална повреда. Ги нема оние неголи експлозивни влезови по кои беше препознатлив. Се надевам дека ќе работат да му ја вратат самодовербата и таа желба која веќе на натпреварот за трето место беше многу повеќе видлива. Да секако ќе биде потребно време, ама ако успее да се врати бар на 70-80% од тоа што беше некад ќе биде злато вреден за нас. Натпрерот за трето место покажа дека има уште ракомет во Атман. Не знам што се дешава со Горок. Јасно е дека е тешко се движи и покрива во одбрана, бар таков е мојот впечаток, а во напад и не беше баш употребуван. Штета, пошо еден офанзивно бомбардерски расположен Горбок итекако добро би ни дошол. Секако за него е потребно да се прават посебни акции пошо е таков тип на играч, треба да укрстиш да отвориш простор и свиркај си да ја закуца у гол. Иако ќе биде доста тешко бидејќи се глеа дека годините го газат и доста е спор. Пикерската позиција релативно доста добро е покриена. Столе командант, потпомогнат од Сикошек Пелко и Горпишин. Три различни типови на пикери кои може да ротираат во зависнот од противник. Овој Сикошек Пелко со добра работа може да биде нов Фереира. Бар се надевам, од тоа што го покажа на Супер Глоуб. Крилата стандардно ни се топ покриени, иако Тимур и Чупиќ се ракометари за големи натпревари и секогаш на почеток на сезона се лабави. За нив нема сомнежи. Десен бек исто така одлино покриена, ама повредава на Толедо квари малце впечаток. Се надевам дека ќе се врати посилен од се, а до неговото враќање ќе покрие Крис као увек:). Ќе биде одлично доколку може да се ангажира уше еден централен бек ( некоја комбинација од разигрувач и стрелец), во тој случај и секако да се одржи здрав ростер без додатни повреди, комотно можеме да се обидеме да го нападнеме Ф4 и четвртта година по ред ( у јеботe како добро звучи:) ) . Како и да е, не очекува уште една максимално возбудлива сезона, во која многу противници не гледаат како кошмар и се желни да ни го земат скалпот. Ама па во такви ситуации сме најјаки и одговараме жестоко. Напред Вардаре!!
 
Што ракометар е овој Давид Гашоски? Не сум го прател, некој нешо поише може да каже? Има рукомет у момакот или само овака на изглед ѕверски изглеа:)?
 
Што ракометар е овој Давид Гашоски? Не сум го прател, некој нешо поише може да каже? Има рукомет у момакот или само овака на изглед ѕверски изглеа:)?
Мислам дека играше со Брест лани во гости, ОК беше. Но, ја не знаев дека овој има 23 години. Ја си мислев некое дете е, 18 или слично. Чим со тие години не е во првата екипа, неверувам дека сметаат на него многу. Пелко и Горпишин се помлади од него.
 
4217 sezonski prodadeni do sega

 
4217 sezonski prodadeni do sega

Не знам дали ова е точно. Неверувам.

Проблемот е што овие се ориентираат од страната ticketsplus.mk.Таму сега ако направиш математика, вика дека има некои 2280 карти во продажба. Но, тие не ги имаат сите билети ставени таму. Како се продаваат карти и се трошат, постепено се појавуваат нови блокови и редови. Колку што сум заприметил. Некој таков алгоритам имаат. Лани, овие спортмедиа се обрукаа, се ориентираа по оваа страна и картите продадени, пишаа дека ќе биде полна салата со Металург, а беше празна.

Така што, не знам колку е веродостојно ова. Дај боже.
 
Што ракометар е овој Давид Гашоски? Не сум го прател, некој нешо поише може да каже? Има рукомет у момакот или само овака на изглед ѕверски изглеа:)?
Го познавам лично,почна ракомет да тренира негде 20-21 година.
Во Пролет малце беше лани дојде во Вардар Јуниор,сега гледам го земаат и за прв тим.
Иначе цел живот кошарка тренираше,беше едно време во Работнички на влез во прв тим ама се откажа после од одредени причини и прејде на ракомет.

Сум го гледал како игра знае да се загради има сила само многу е спор,незнам како би успевал да се врати во одбрана.
Не верувам дека ќе биде нешто од него,иако е голем работник по цел ден тренира дома,се билда.:)
Да почнел ракомет од мал сигурен сум дека до сега ќе беше машина.
 
Може некој да каже тие од Кина кај ќе ги играат своите домашни утакмици ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom