Што е уште посмешно (сеа заглеав во емаилот) вика дека како извинување ќе ми дале 5 евра кредит за следен пат кога ќе патувам
Али коа сме веќе на тема Визаир да ги пофалам - пред месец дена летав за Холандија и на летот назад имав 3,5 саати каснење. Коа се прибрав вечерта им пишав емаил (оти на страна од тоа што ни дадоа ваучер да си купам храна на аеродромот за време на чекање, по ЕУ закони за каснење над 2 саати должни се да исплатат и 250 евра оштета) и дури на мое изненадување - веќе утре дента сабајле ми одговорија и ме прашаа наместо исплата на парите, дали би прифатил 300 евра ваучер на мојот акаунт (со неограничен рок на важење). Со оглед на тоа што редовно летам со нив, реков може, и уште истиот ден ми ги уплатија, па сеа со тие 300 евра (односно 305 со овие 5 што дополнително ќе ги добијам хахаха) едно 5-10 патувања ми се покриени
А само за споредба, во Мај летав за Берлин со EasyJet и од Х причини го откажаа летот назад (па ме преместија да летам следниот ден сабајле), и коа ги контактирав за таа 250 евра оштета се правдаа дека бил откажан поради лоши временски услови, а надвор сончево 25 степени беше и немаше еден друг откажан или одложен лет на аеродромот, значи со сила те праат будала (оти ако е до временски услови каснењето тогаш не се обврзани да ти исплатат оштета оти не е нивна кривица). И сеа 3 месеца со нив тегнам процедура преку страна/посредник за вакви случаи, циганска работа како се инатат за да се спасат од плаќање оштета и како лажат дека било до времето коа абер им нема аргументов. А ВизАир дури ме изненади колку експресно одговорија и колку коректни испаднаа за случајов, оти во принцип баш за нив сите се жалат дека при откажани/задоцнети летови ништо ни исплаќаат ни одговараат на емиали.