Чекај чекај... Вака според калкулаторот, доаѓа дека возило што е старо 15+ години (мојот Форд од 92) кој што вреди околу 3.000 евра, фул каско доаѓа 178,50 евра. Или околу 10.000 денари. Прашањето ми е, ако ја осигураш каско колата при регистрација, стандардното осигурување се плаќа додатно? Или не? Ако не се плаќа исплатливо е и тоа како, упола веќе го плаќаш во стандардното... Регистрација + фул каско доаѓа 15.000 денари.
Ако се плаќа... 10.000 ми е регистрацијата годишно, уште 10 некако многу ми идат.
И ај подобјаснете што е ова франшиза 100 евра??? Не ми е јасно.
мислам дека стандардното можеш да го избегнеш, ама не сум сигурен :S
франшиза од 100 евра значи дека ако направиш штета до 100 евра, сам си плаќаш, ако е над 100 евра, осигурањето ти покрива.
истото е и за франшиза од 250, 500...
едит-џипмкд вика дека неможе да се избегне, т.е. задолжително е =)) грешка сум бил јас.
едит2-сега ми текна, има едно ново мини каско (џебно каско). незнам точно, ама мислам ека оди со "обратна" франшиза. франшизата е 1000 евра(да речеме), со тоа што за направена штета до 1000 евра ти покриваат од каско, а над 1000 евра, сам си плаќаш/поправаш =)))