За ваков дајв да свирнат пенал при ВАР на располагање значи само едно: ВАР е за мачкање очи. Ќе си се тера старата песна.
Нема ништо лошо во самиот ВАР, тоа е одлично средство за решавање на сите недоразбирања. Проблемот е во човековата природа, пристрасност и корумпираност. ВАР се користи селективно, се повикува по потреба а се игнорира во критични моменти.
Ако има останато барем малку здраво ткиво во таа шугава федерација, треба веднаш под итно да го суспендираат судијата на година дена, на сите во ВАР собата да им се забрани доживотно да учествуваат во таа активност и оној миџетот да се казни со највисоката предвидена казна за анти фер-плеј. Ова со цел во старт да се обесхрабри вакво однесување и да се игра колку толку нормално првенство.