немав намера повеќе да коментирам, што вика еден од форумскиве колеги да не правам негативно влијание, ама само замисли ова болдираново да му кажеш на некој австралијанци, не нас што сме растеле пред кооперација со шишињата во раце или на вас што кревавте револуција против забраната за продажба на алкохол после 19.00, туку ова да им го кажеш на австралијанци дека треба да палат бродојте и одат во Нов Зеланд по пиво, ти да мислиш дека одат на круз а тие по пиво
.
Еве уште нешто да не бидам толку негативен, еве и јас ко тебе ќе кажам, сепак Шведска е одлична земја за живот, посебно за бадијалџии кој немаат намера да работат, со таква социјала за таквите е супер, посебно ако сакаат да се вклопат во системот, значи не дали можат, туку дали сакаат, зш како што спомна
@Milanisimus на пример тој не сака, не дека не може, што јас на пример потполно го разбирам.
Инаку кога сме кај социјалата не сум сигурен дека така и ќе остане во иднина, јас колку што знам а многу џаболебари во Шведска не знаат, мината година една екипа од шведска од ресорот за социјала беше во посета на Австралија ( што би рекле да разменат искуства) да видат какое е регулирана социјалата во АУС, што според мене, изгледа размислуваат за одредени кратења, а ако го следат австралискиот модел, далеку ќе се од тие 80% од плата што сега ги земаат во Шведска.
ЗА крај, секој си има избор што сака и што му одговара, ете овде се кажаа и позитивните страни и понекоја не баш позитивна страна за животот во Шведска, секој треба да си одбере што му одговара, јас на пример лично од изнесеново на темава, не би ја менувал Австралија за шведска ни по грешка, не ради скапите станови,и ваму е скапо, не ни ради јазикот, јас сум бистар можам да го научам, не ради социјалниот живот, и ваму немам многу време за тоа, али пред све ради пивото пред кооперација што ваму го пиеме
.