После месец тегаење, глупирање, петлачење пред неа јас како јас со сета сила успеав да ги истерам зборовите од уста. Со страв во гласот, треперење, уште малце без глас ги реков зборовите "сега да те прашам уште нешто: што велиш јас и ти да излезиме во градот онака да се запознаеме подобро". Колку аматерски звучи самата реченица без моето патетично изговарање. Али тоа е,изгорен,долго време сам. За толку сум способен,за сега. Таа погледна настрана на 2сек ме погледна во лице и ми рече " интересна понуда но јас сум мажена". Мажена го изговори со насмевка, не голема половична насмевка. Како "да видам дали ќе се излажи/одкачи вака лесно. Можеби јас си правам песимистички филмови во главата, Господ знае дека нема да ми биде првпат. Јас малу изненаден израз на лицето имав " Да, извини не знаев" уште полошо додадов "не забележав ". Леле почнав да се подсмевам на себеси сега како го пишувам ова.Таа продолжи со "Али можи да останеме пријатели" сега со полна насмевка и во движење понастрана од мене. Го изговорив тоа и втор пат, а таа ми рече "па не ми пишува некаде" со насмевка на лицето. Јас го реков моето "Така е" се свртив и си заминав, мислејќи бар се пробав тоа ме насмеа малку. Дали ме излажа, дали го изгуби интересот,можно е. Го прифатив тоа што го кажа,си реков и да ме лажи сега не ми мменува, можеби полесно и е така, така и нека биде. 100% сум убеден дека имаше нешто, фатив некоја фреквенција од незе што ми кажа дека има интерес од другата страна. Сам си сум виновен, го имав еланот, дел од него, мал %, но не го направив чекорот. Убаво ми беше чувството некоја да биде заинтересирана за мене, ме насмеа тоа и на тоа остана. Од идејата да се проба да се биде во врска (во истиот ден на запознавање) поминаа 3-4 дена, дојде петок јас завршувам со работа за седмицата, таа следната седмица 3та смена нема да имам шанса да ја натерам да излеземе. Со ова помисла седев со здрвени нозе и гледав како последните минути до 14 часот поминува така и мојата можност си оди. Здрвени нозе затоа што искуството ме научи нема шанса после 1 седмица да продолжи истиот однос. Седмицата помина, јас цврсто убеден дека пропадната е работата со неа. Понеделник, се враќам од пауза и автоматски погледнувам (цврсто убеден дека нема да биди, но со надеж) во насока на нејзиното работно место , додека шарам насмеана ме фаќа кајшто барам со поглед. А јас потполно изненаден и во неверување, што сега! Во ситуацијава не сум бил до сега. Поминува седмицата со малку контакт, чувствував како губи интерес ден за ден но јас се уште не знам што. Како кај неа се губеше интересот кај мене полека растеше идеата да пресечам и да ја викнам да излеземе. Петок 16ч, крај на смена преку глава ми дојде да бидем во искушение, тоа ни лево ни десно ме убиваше од внатрешнатре силно. Си реков понеделник и велам. Денот дојде, таа е прва смена, јас мислам како да го направам тоа а да не изгледа очајно. Со изговор дека имам работа тука појдов кај неа, се поздравивне онака другарски а јас одма и велам "Морам да кажам, е фризурава денеска ти е перфектна, сега треба да го земам апаратот и да те сликам" (сликањето е да повлечам хумор од предходна случка, ова успешно го изведив...едно нешто). Таа оди на пауза, јас одложувам планот. Еланот,засилот да речам ми замина толку. Си викам како ќе правам сега позитивната енергија што едвај ја собрав ми замина, кизнај што ќе биде.
2 круг со изговорот имам работа појдов и веќе пишав што се случи.
Зошто го пишувам ова на форумов не знам, можеби за да помогнам на друг. Да учи од грешките на другите, не the hard way. Што треба да се изцлечи од ова?
Верувај во себеси и дејствувај брзо.