Дечки има многу да се работи, променивме формација, донесовме нови играчи и сите пријателски ги игравме со мешан состав. Плус сега е период на припреми и имаат истоштувачки фитнес тренинзи за да се вратат во форма, затоа и делува дека се фатени во нозете и се влечат по терен. Плус не влегуваат во опасни дуели за да не дојде до несакана повреда две недели пред старт на сезоната.
Секако, слабости во екипата има и се јасни како ден. Јас не сум толку загрижен од средниот ред, туку од квалитетот на крилата лево и десно. Тие ќе ни бидат најслабата карика годинава.
Од припремите позитивно сум изненаден од Сенси, кој сериозно сметав дека е земен за ротација а веќе се наметнува како првотимец, добар е со топка и помага во таа последна фаза од нападот. По заминувањето на Наинголан таа дупка мора да ја пополни некој, мора повеќе голови да постигнуваат играчите од средниот ред сега кога веќе немаме класичен таргет мен како Икарди. Мислам дека оваа сезона ќе бидеме понепредвидливи и потешко ќе ни ја читаат играта противниците. Ми делува дека помалку голови ќе постигнуваат Лаутаро и Лукаку од Икарди но дека како екипа ќе имаме повеќе постигнати голови по натпревар од предходни сезони.
Моја желба до крај на преодниот рок е да се донесе уште еден поуниверзален напаѓач кој што ќе може да покрива неколку позиции напред и еден играч бочно по десната страна. Лево сме слаби, ама помеѓу Далберт, Асамоа и можеби Димарко (?) ќе изгураме до полусезона па ако треба може и таму да се пазари. Додека лево го имаме Кандрева кој не верувам дека ќе ја врати формата, иако имаше неколку добри потези во припремните натпревари, плус Лазаро кој се повреди и не дознавме за каков играч се работи.
Во средината Брозович, Сенси, Барела, Гаљардини, Весино и Валеро е доволно. Добро ќе беше да се испазари и плејмејкер, можеби Дибала ќе успеат да го договорат до крај. Валеро нема поента да се продава поради што не е голем терет врз буџетот на клубот и на него неможе да се заработи а може да помогне во случај на несреќна серија на повреди или за ротација. Валеро иако не е физички силен играч знае како да ја скрие топката и може да се користи во утакмици каде иамем комотно водство и сакаме да ја пимпламе топката на средина. Жоао Марио треба да си оди пошто е вишок а сеуште држи некоја вредност на пазарот, што не е случај со Валеро.
Одбраната е добра со Шкриниар, Де Фрај, Годин, Дамбросио, Ранокија. Ако се задржат и Димарко и Бастони мислам дека имаме предоволно играчи за задната тројка. Оставаме премногу дупки назад за евтини голови, треба да се работи на тоа и да се добие помош од средниот ред (задача на Брозович и Барела) и ќе треба време да се уиграат но барем на задната линија не недостасува талент.
Задоволен сум од напредокот на клубов на секое поле од кога го превзедоа од Тохир но да не се лажеме ќе требаат едно 2 до 3 трансфер лета да се испегла составот и да се доближи до оној на Јувентус и Наполи. Овој преоден рок изгубивме тројца квалитетни играчи во Икарди, Наиголан и Перишич кои што поради его, што поради недостиг на мотивација не го дадоа својот максимум а воедно и делуваа на влошената состојба во соблекувалната. Како нивното отсуство ќе се одрази врз сезоната што следи останува да се види.
Дај нека почне сезоната, не се издржува веќе. Се убивме во есеи пишување летово.