Поради големиве трансфери што се случија последниве години во ПЛ се случува хиперинфлација. Ќе биде како во Југославија што беше кога еден леб вредеше милијарда. Така и тука ако продолжат вака за 2-3 сезони играч ќе вреди милијарда.
Јунајтед плаќа 90мил на Лестер, Лестер 45мил на Брајтон, Брајтон 25мил на Бристол, Бристол ќе фрлат 10мил на некој третолигаш. Другата година истата процудура со скоро дупли цени.
Па фала богу бе луѓе, тоа и беше целта со новите договори за ТВ правата пред 3-4 години, да не може секој лесно да си зема играч од понеатрактивните тимови и воедно освен Реал, Барса, Баерн, ПСЖ итн ретко кој да може да земе играч од лигата. Не знам зошто на секое мора да се појаснува сето ова. Нека ги земаат парите од ТВ правата Сити, Ливерпул, Јунајтед, Челзи и Арсенал ќе видиш дали ќе се исфрлаат вакви цени.
Јас првично го ставив твитот зошто ми падна смешно што и другите клубови на Лестер им ја шиткаат нивната станца околу Мегваер, затоа можеби е попаметно прво да купиш отколку да продадеш, што знам, мое мислење.