A не. Ова е официјално мојот последен пост на оваа тема. Ви посакувам и понатаму да го убивате Ѕаев со сарказам и длабокоумни досетки. Тој секое утро отвара кајгана и се тресе од тоа кој што ќе му напише овде.
Се сеќавам на едно место во една книга од Достоевски, кој опишуваше како еден доктор кој живеел многу сиромашно, практично мизерувал со жената и неколкуте деца, еднаш направил успешна досетка, и бил многу задоволен од таа досетка. И понатаму мизерувал, ама бил задоволен. Не знам зошто, ама повеќето писанија на оваа тема многу ме потсеќаат на тој докторот.
Поздрав и секое добро...
Не си помислил дека токму тое е целта, по се изгледа не си посветил доволно внимание.
Политичката технологија на напредниот запад е прилично софистицирана а во наши услови е сведена на:
-Земаш еден куп дебили со кои никој не сака да има работа и не би можеле да преживеат ако не ги ангажираш, ...
-Потоа ги обвинуваш оние што не ги сакаат дебилите и ги украсуваш со етикети: комунисти, диктатори, примитивци, небањати, ултрадесничари (ако снема идеи си отвориш анкета каде собираш дополнителни идеи) и што уште не.
-Понатаму им плаќаш на дебилните момци да направат некаков циркус (да речеме шарен идиотлук) кој ако си суверена држава е невозможно да не се санкционира со тоа постигнуваш проектирана цел дебилите да ги прикажеш како херои кои се потиснати-маргинализирани.
-На овој начин, добиваш тема што може да се експлоатира со денови низ сите медиумски инсталации.
-Интересна е ситуацијата ако случајно некој од тие дебилите се обидеш да го превоспиташ со некоја воспитна, ќе добиеш урликања и викотници кои допираат до небото.
Кога сето горе сте го направиле, испраќате екипа на mk-kajgana.forum за деноноќно малтретирање чесни граѓани.
---------
Инаку има едно прашање на кое подолго време барам одговор
-Зошто развиениот и демократски запад секогаш има дава поддршка на корумпирани, извалкани и аболицирани лица? Дали е тоа затоа што “западот“ е многу напреден и со високи демократски стандарди кои ние не можеме да ги препознаеме или пак таквите лица се најдоброто што го имаме?!