@mkgunner
Добро јас разбирам вие фановите на Арсенал да сте попалени зашто конечно ќе дадете 80 мил. за еден играч ама уште сега да го правите подобар од Гнабри е смешно. Може ќе испадне нов Мане, не знам, може и фејл да испадне па да ви се смеат сите како и секогаш за се. За тоа ќе видиме во иднина што како.
Инаку Гнабри кога ги напушти Арсенал и се пресели во Вердер веднаш беше еден од главните и најдобрите во Вердер за да после го купи Баерн и го позајми во Хофенхајм и за да минатата сезона,негова прва сезона во Баерн исто прикажува добри игри со тоа што и дефанзивно многу се подобри и се враќа и назад да помага многу. Дисциплинирано, се вклопи меѓу играчите, а и не е себичен. Кај него се забележуваше напредок постепено од сезона во сезона и еве го стана првотимец во репрезентацијата на Германија.
Прегледај го приврзокот 213466
Мислам во ред е да речеш дека си го гледал Пепе секоја сабота вечер и против Анжер и Стад Реим и да си приметил нешто во него дека ќе стане нов Мане во ПЛ и дека ќе биде подобар во иднина од Гнабри. Во ред е такво мислење (кое го немаш нити го кажа) ама да кажеш дека уште сега е подобар од Гнабри ми звучи смешно и остава впечаток на детско радување на трансферот. Како шок ти дојде таа вест (башка и жешкото време си го прави своето) дека Арсенал ќе платат конечно толку многу пари за еден играч па ти допринесе да бладаш деке е подобар а не одиграл ниту еден натпревар за новиот му тим.