Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Се е тоа точно, но да биде абсурдот поголем, сите други политичари се уште понепопуларни од Заев, што технички го прави него најпопуларен. Од кого ќе изгуби, од Мицкоски?
Што ако по сите овие скандали сите бојкотираат избори бидејки им е огадено се? А на избори излегуваат само клиентелистите? Тогаш ќе имаш резултати како на референдумот каде >90% се за зз. А можеби тоа им е стратегијата да победат?
Мицковски е про форма опозициски лидер, спотер за да помине се што треба а да не биде без опозиција, има стотици начини како по мирен пат може да се стопираат еден куп спорни одлуки, ама ништо од тоа...цела работа е да се задржи тоа што се стекна(арамиса) во времето на rezimod, затоа е устоличен Хидрожмицко, опкружен со ликови кои биле на државни функции а према тоа и е голема веројатноста да се компромитирани.
Еве ги уапсија неколкумина опозициски функционери, кој би застанал во нивна одбрана кога сите знаат шо се дешаваше во нивно време и што се правеа, а и самиот велиш дека му е преку qr се дојдено на сите оние кои не се партиски војници. Кредибилитет нула.

Тука единствено игра улога фактот што голем дел од неутралните т.е оние кои гласаа во 2016 за подобро утре и очекуваа барем делумна реализација на ветувањата на СДСМ, начелна, нема да излезат на гласање од куп добро познати причини, треба да е среќна власта ако не агитираат и/или гласаат против, додека од другата страна, пак се оние кои од патриотски/идеолошки побуди ги поддржуваа ДПМНЕ а не излегоа да гласаат во 2016 поради разочараноста од лоповлукот на Ел Фамилиа, сега поради потезите на оваа власт токму тие масовно ќе излезат да гласаат. Чисто се прави рокада на флуктуирачкото гласачко тело преку прераспределба на незадоволството. Едноставно ќе победи оној кој изгубил помал дел од поддршката која ја имал на претходните изборни циклуси.

Оваа власт неможе ни одблизу да спроведе масовен кронизам по државните институции како претходната, а не може ниту пак истата таа административна војска да ја заузда како што бара т.н неутрално гласачко тело кое ги доведе на власт во најголем дел. Околу користење на субвенции и останати „бесплатни“ пари од буџетска цицка, си ја презедоа шемата, ама пак не до таа мера како претходните, а тоа не е затоа што не сакаат...јбга.

Ова шо се случува сега е полошо од најлошото сценарио кое Груевски и компанија го мантраа пред крајот...калиф место калифот со гратис поразителни договори со Грција, Бугарија и буквално албанизација на земјата.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Нека го праша некој какви срцепарателни изјави даваше пред изборите 2016, значи има еден куп видеа, не се тоа статии или сл, и за промената на името, двојазичноста а не вреди ниту да се коментира за корупцијата. После се што ветуваше предизборно, еве сега после скоро 3г што се случува, не знам што очекува да му се коментира, освен тие што директно имаат ќар од оваа власт друг никој не ги поддржува, напротив.

Инаку ова покажување сила преку формирање владини тела за притисок врз новинари/медиуми, жестоки институционални реакции на безврска кобајаги заканувачки коментари по интернет е само доказ дека се свесни дека секој втор сака да ги плукне вклучително и добар дел од тие кои ги поддржуваа до пред цирка година и пол, уплашени се едноставно и се обидуваат било каков зачеток на револт да го сузбијат. Во секој случај губат на нaредни избори, кога и какви и да се.
Знам друже, знам каков е Заев, и тоа не само јас, туку цела Македонија знае.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Па за почеток да престане да изиграва статиста, филер. Ама таква улога добил од режија, според тоа...
Мене ме интересира што ако на следниве избори излезат помалку од 40%. Дали тоа менува што? Или ќе измислат пар партии, да залажат малку народ и напумпаат легитимитет?
Не знам дали за парламентарните избори цензусот е 40%. И дали воопшто има цензус?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам дали за парламентарните избори цензусот е 40%. И дали воопшто има цензус?
Не, на парламентарни доволно е да излезат самите политичари да гласаат и ќе се признаат изборите. Џабе силење, сите као бојкотираат и после секои избори цааааап на гласање.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.541
Поени од реакции
5.272
Па за почеток да престане да изиграва статиста, филер. Ама таква улога добил од режија, според тоа...
Мене ме интересира што ако на следниве избори излезат помалку од 40%. Дали тоа менува што? Или ќе измислат пар партии, да залажат малку народ и напумпаат легитимитет?
Прашањата повеќе беа од реторичка природа, сарказам со спомнување на пранкерите и идиотското политиканство на Зокито. Во смисла сега Мицкота нека понуди 150.000 евра на оној попот во Цариград па после преку медиуми нека се претставува како поголем патриот од Зокито има поголема понуда!

Мојот став е не само на следните туку сите избори ако нема “понуда“ која би била видно поразлична од ова на сдсс и дпсне, во поглед на името и другите национални прашања, нема потреба од излегување, затоа што ќе се сведе на избор на чија трпеза ќе бидеш оброк - кој волк ќе те јаде!
Значи единствениот разумен одговор е, Бојкот!

До кога?
Па до тогаш додека не стасат нови генерации на политичари кои ќе умеат да ги артикулираат интересите на Македонците!
Веќе е одговорено, цензус има само за претседателски и кметови, ако тоа навистина ти беше прашањето. ++ Хм, сега гледам не си сакал да прашаш за цензусот туку како тоа ќе се рефлектира на управувањето и политички импликации од истото. Во основа постојат два начина за спротивставување едниот е Гандиевски преку протести до промени и другиот е радикален преку протести а ако треба и со некое непопуларно средство до промени... како ќе паѓа процентот на излезност така се повеќе ќе растат можностите да завршат во затвор. Се разбира за излезноста ќе спинуваат со општите трендови насекаде но таму се други причините.

Дали Бојкотот ќе смени нешто?
ДА! Ќе смени се!
Едноставно “девизата“ ЗА СИТЕ НАС МАКЕДОНЦИ ДРЖАВА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА" НЕ ПОСТОИ! е онаа што ги загрозува и ги растура концепциите на западот и нивните инсталации овде, а кога мнозинството во случајот државотворниот елемент дава отпор кон инсталирани власти тоа само дополнително ќе ескалира и на крајот ќе предизвика конфликт. Па тие и до сега имаа свои сателити кои по потреба ги активираа, оние пајтон партии, а богуми и тнр граѓански сектор и “невладини“ организации кои се повторно инструмент на оние кои што ги финансираат.
Дека ќе го залажат народот нема дилеми, не е тоа случај само кај нас, така е низ цел свет дури и многу посурово, таму биороботите се толку добро програмирани што самите влегуваат во машината за програмирање од каде излегуваат со насмевка и задоволни. Па пропагандата маркетингот се токму за тоа и измислени за да го залажуваат народот, да не му дозволат да гледа со свои очи, да ја фокусираат и насочуваат општествената енергија.
Може само легалитет (си носат закон за свои потреби и си легализираат) а за легитимитет ќе се прашаме!
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Нека го праша некој какви срцепарателни изјави даваше пред изборите 2016, значи има еден куп видеа, не се тоа статии или сл, и за промената на името, двојазичноста а не вреди ниту да се коментира за корупцијата. После се што ветуваше предизборно, еве сега после скоро 3г што се случува, не знам што очекува да му се коментира, освен тие што директно имаат ќар од оваа власт друг никој не ги поддржува, напротив.

Инаку ова покажување сила преку формирање владини тела за притисок врз новинари/медиуми, жестоки институционални реакции на безврска кобајаги заканувачки коментари по интернет е само доказ дека се свесни дека секој втор сака да ги плукне вклучително и добар дел од тие кои ги поддржуваа до пред цирка година и пол, уплашени се едноставно и се обидуваат било каков зачеток на револт да го сузбијат. Во секој случај губат на нaредни избори, кога и какви и да се.
На следни избори пак ќе победи сдс. Дпне нема со кој да коалицира. Пак ќе треба со брачата.
Многумина мислат дека на сдс му е последен мандат, но не е. Јас баш мислам дека баш спротивното ќе биде.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.835
Поени од реакции
12.338
Добро, вие многу повеќе се разбирате од политикава. Затоа и прашувам.
Сигурно и на лаик му е јасно дека следите избори вмро ќе тепа како Југославија Заир, но самото вмро има (како што велат и самите) премногу лош багаж и гнило ткиво, во оние кои досега го водеа, опишани на околу 4-5000 страни. Што значи ќе продолжи со истиот криминал и лоши бесполезни и штетни политики.
Што мислите за групата т.н. реформатори
плус уште ликови пример Ѓорчев, Росоклија, Јанев...) доколку би ги презеле работите во свои раце? Барем не се вмешани колку што знам во оние големи криминали, бомби и растурање држава.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456

ДПМНЕ ќе победи т.е. ќе има 2-3 пратеници повеќе од СДСМ, ама не сум сигурен дека ќе направи влада.

И плус ќе има една трета независна група која ќе има помеѓу 5-15 пратеници. Сега засега добар кандидат за ова е Левица, ама има потенцијал за други.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485

Па многу јасно албанскиот фактор во земјава е одлучувачки 10 години наназад.
ВМРО-ДПМНЕ си го наруши угледот во тој поглед и никој не им е крив. Со чукање в гради, пукање национализам не се гради успешна политика.
Заборавивте дека Заев склопи коалиција со ДУИ, БЕСА и Алианса на Албанците. Се што беше албанско собра во Власт. Само ДПА остана во Опозиција.
Албанците може си вадат очи и кашлаат митралези по партиски штабови и бизнис лоби, али кога ќе дојде националниот интерес се има консензус. Уосталом, секоја една партија овде е диригирана од Албанија и Косово. Си ги штитат националните интереси и реализирањето на автономни држави.
Кучињата лаат карванот врви. Ќе дојде и тоа време, без капка крв пролеана ќе се доуништи Македонија
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
649
Поени од реакции
2.107
ДПМНЕ ќе победи т.е. ќе има 2-3 пратеници повеќе од СДСМ, ама не сум сигурен дека ќе направи влада.

И плус ќе има една трета независна група која ќе има помеѓу 5-15 пратеници. Сега засега добар кандидат за ова е Левица, ама има потенцијал за други.
Ќе коалицираат задно со Беса,Алијанса,Нсдп и други. И ќе има повторно цврсто грабање за муда и доделување 7-8 министерски места,а останатите заменички.Како год,само со “командантине” пак да не најдат да садат краставици мене највише ме јаде...
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom