Имам пишано веќе еднаш во оваа тема за слобода на говор и јавно изразување, дека како и светските социјал-демократи, така и нашиве, доколку имаш различно мислење од нивното ти немаш право тоа да го искажеш. Нивната слобода на говор значи мислења кои се во границите на дозволеното, т.е тоа што нив им одговара да го слушнат. Доколку слушнат нешто различно, а тоа да е вистината која ги боли, они одма се повикуваат на hate speech, расисти, шовинисти, националисти и друго...веднаш им пука тоа балонче од сапуница во кое што си живеат и таму светот им е розев, и кога ќе им ја кажеш вистината ти си најголемото зло на светот. Не за џабе секаде се познати како снегулки.
Второ, за денешната ситуација кај саем, каде што таксист бутна жена.
Ми се повраќаше денес од ФБ постови на social justice warriors желни за внимание и лајкови како ги бранат правата на жените. Од клипот од 40 секунди веднаш се дојде до заклучок и така беше претставен клипот како таксистот е насилник а кутрата жена е жртва, иако во првите 5 секунди се гледа како лупа по колата и сака да ја искрши.
Јас како што разбрав од другар џандар, таа се возела во таксито и му го украла телефонот и новчаникот, па после било што било. Не викам дека е во ред тоа што се тепале на сред раскрсница, ама мора да се намали со синдромов на глумење жртва, без да се согледа реалноста. Ми е гајле дали е машко или женско, ако си заслужиш ќе си го добиеш по уста и крај !