Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки, long time no see :)
Гледам дека погоре станало збор за пракса, па сакав да ве прашам неколку прашања околу тоа.

1. Што е тоа што вие го очекувате од праксата?

2. Дали би сакале праксата да е само работа на реален проект, или пак комбинација на учење (преку предавања/материјали) и работа на реален проект?
Ова прашање е во смисла, дали очекувате дека од првиот ден ќе бидете доделени на реален проект и ќе работите реални таскови (без разлика колку тие би биле лесни и едноставни) или пак сакате поминете одреден дел од праксата во обука?

3. Колку ви значат парите што ќе ги добиете за праксата и дали тие влијаат на вашата одлука при бирање на компанија за пракса?

4. Како ја бирате фирмата за пракса ?

Го прашувам ова бидејќи сакам да знам колку нештата се промениле од времето кога јас одев на пракса :)
 
Парите не се воопшто битни. Има време за правење пари. Не очекував да добијам одма реални проблеми и тоа и се случи. Првите неколку дена добив материјали како вовед, па потоа почнав со таскови.

Ако имаш време, дај сподели и ти како било на пракса на времето.
 
Дали во BizzBee Solutions праксата се признава на ФИНКИ? Компанијава не стои во листата на пријатели на страната на факултетот, се занимава со marketing research па ме интересира дали има некој искуство со оваа фирма?
 
Дечки имам неколку прашања. Дали при пријавување на iKnow системот , кај делот оценки дали треба се пишат сите оценки и од (Екстерно тестирање)?
Кога напраивте акаунт на ден на уписите (29-ти и 30-ти август) или може и порано?
 
Дали има некаква придобивка од англиското СИИС? (Завршив средно во билингвална и не ми направи некоја разлика, пошто професорите немаа врска со јазикот.)
 
Дали има некаква придобивка од англиското СИИС? (Завршив средно во билингвална и не ми направи некоја разлика, пошто професорите немаа врска со јазикот.)
Да ти кажам исто мислење имам и за нашиве професори (некои зборуваат многу течно, некои послабо). Како ќе поминуваат годините, кога ќе запишуваш изборни што немаат голем број на студенти, предавањето ќе се одвива секако на македонски, а презентациите што ќе треба да ги учиш од дома ќе се на англиски.
И ние што следиме настава на македонски, по многу предмети (50% од сите предмети би рекол) имаме материјали на англиски.
 
Дали има некаква придобивка од англиското СИИС? (Завршив средно во билингвална и не ми направи некоја разлика, пошто професорите немаа врска со јазикот.)
Бенефитот е доста голем од аспект што ќе сте макс 50 студенти и нема да се гужвате и ќе разбирате повеќе. Ја кога би го вратил времето би се запишал на тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom