Има уште многу работа. Денес прв тренинг меч. Има и позитивни и негативни страни. Се гледа дека треба уште тренинг да се довклопат како тимски, тактички, но и физички.
Гринвуд ќе биде страшен играч. Многу ме потсеќа на РВП и во движење на терен и во стил на игра на мал простор. Имаше 3 одлични прилики од кои една шутираше лошо, една статива и една крај стативата. Треба да добива подобра шанса сезонава и од клупа и како стартер во некои натпревари. Чонг е голем талент исто, но мислам дека за него ќе биде подобро да оди во Чемпионшип на позајмица да се доискали. Гарнер иако не се изнаигра, добро ја чита играта што даде како производ одличен удар за погодокот. Мислам дека треба да се размисли и тој да биде пуштен на позајмица. Иста е ситуацијата и со Гомес. Има фудбалски квалитети, но исто мислам дека треба на позајмица да добива повеќе минутажа. Околу засилувањата Џејмс одигра на многу високо ниво, неговите спринтови ќе значат многу. На десна страна имаше неколку ситуации кога имаше одличен простор пред него, но штета што не беше проигран. Таквите дупки со него на страна и со добар пас кон него би значеле освојување на квалитетен простор во создавање гол шанса. Ван Бисака колку лагано си добива дуели што ми дава голема надеж дека првенствено дефанизно ќе се среди десната страна, а исто така имаше неколку пробиви во кој ја изрази брзината. Исто и Скот и Переира имаа солиднa партиja.