Два напада со 30 жртви и над 40 повредени. И се тоа за помалку од 24 часа. Логично е сега да има изјави како е потребно оружје на секој човек, да може да се одбрани и не знам што. Плус на дело се гледа радикализацијата на белците кои си ја бранат државата (која е целосно создадена од доселеници) од доселеници. Неверојатна логика, алал да им е... Ама добро, може да се продолжи со изигрување светски полицаец, а не да се почне со чистење на својот двор.
Радикализација на белците! Гледај ја само реториката на Недемократите. Секоја критика на Трамп е расизам! Личи како да сакаат да создадат некаков вид современ апархејд каде не може никој да упати критика кон било кој црн мајор, гувернер, сенатор, конгресмен, претседател или било која функција да ја врши, а притоа и да се упати истата по некаков автоматизам се поврзува со расизмот (т.е. негово деградирање без аргументи). Не е ни чудо што загубија на последните претседателски избори, а огромна е веројатноста и да ги загубат и следните. А што е дополнителен проблем за нив, околу клучните прашања што се водат на дебатите (наметнати од Трамп) постои и огромен раздор во самата партија, што повторно Трамп го става на пиедесталот.
И не гледам причина зошто народот би го предал своето оружје. Милиони вооружени граѓани во животот не направиле престап, поврзан со носењето и поседувањето оружје. Треба системска реформа, каде на секоја будала не би и се давало оружје. Секако постојат и други начини таа индивидуа да дојде до тоа оружје (да го украде или да го купи нелегално), но барем системот тука ќе биде чист. Криминалот не може да се искорени целосно и застапниците за Уставното право ќе бидат ослободени од секој бран протести и напади после секој ваков немил настан.
За ова прашање имаме дебатирано. Прашање е колку би издржал поединецот против системот, при случај на конфликт и прашање е до која категорија на оружје би можел некој да купи и носи. И да, оние кои го додале тој амандман знаеле за автоматското оружје, кое секако тогаш не било развиено и достапно како денес.