Инвазијата на Северна Африка и операција Факел е отпочната меѓу другото и поради фактот што колонијалните сили стационирани таму кои тогаш поради своите квинслишки влади дома служеле на силите на Оската, биле расположени за промена на страната со исклучок на мал дел офицерски кадар. Самото истоварување во Оран е драматично до последен миг поради фактот што покрај куп договарања (разузнавачки активности) сеуште било неизвесно како ќе се одвиваат работите. Комплетен пресврт има кога е извршен Атентат на Адмирал Дарлан како врховен командант на сите француски сили на територијата на Северна Африка после што се расчинети сите негови поддржувачи итн. Па формирање на силите на Слободните Французи, Де Гол, Леклерк...
Некој спомна претходно дека Черчил го форсира Балканот како следна точка на инвазија со што влегува во директен судир со Ајзенхауер, за што и едниот и другиот имаат пишувано во своите мемоари за ВСВ.
Ајзенхауер настапува од позиција на чиста воена стратегија за пораз на нацистичка Германија во најбрз можен рок за разлика од Черчил кој тогаш уште ги начнува британските империјални интереси на Балканот, особено околу Грција. Тогаш присуството на САД на Балканот а и директните интереси се минорни при што како главни носители на инвазионите сили во целост ја отфрлаат идејата на Черчил, што пак не го спречува нешто подоцна да ја испрати прекалената во борбите во Северна Африка 7ма околопна дивизија т.н Пустински стаорци во амфибиски десант во Грција и ги впушти во директна борба против Демократската Армија на Грција (левицата) затоа шо германската Армиска Група Е е веќе повлечена и не постојат организрани окупациони борбени формации ...и еве до ден денес тие традиционални монархистички сојузништва и нивните империјални интереси траат.