Ники ајде назад во прво одделение. Идеме вака: Ти си купил фудбал за 1000 денари, после 2 години користење го продаваш за 6000 денари. Дали ти Ники си остварил профит од тој фудбал?
У пичку материну да цртам на хамер ли треба за некои едноставни работи... Тоа што Интер можеше да извади повеќе од сега што може е друг муабет.[DOUBLEPOST=1561673303][/DOUBLEPOST]
Ќе може ова да го појасниш?
Пошо сеа на фб разглабаме со Џонтра, нели нема логика ако имаш сега пари да платиш 70, зошто би барал позајмица? Или пак, ако немаш пари сега, бараш позајмица, и после 2 години кога ќе треба да се доисплатат останатите 60м ти влегуваат во фискалната 2019/2020, зошто пак би барал позајмица? Ако можеш да поедноставиш.
Кога клубовите прават трансфер на играч, тие уствари прават трансфер на правото на регистрација на играчот, односно добиваат intangible asset за цената што е договорена. Поради тоа, во годината кога трансакцијата за трансферот е склучена, почнува да се амортизира износот на трансфер цената што е договорена, согласно должината на договорот на играчот. Така, ако Интер го купи Лукаку за 70 милиони евра на 4-годишен договор, секоја година треба да пријавува 17.5 милиони евра како расход, се додека не го продаде или не го продолжи договорот со него. Од друга страна, секоја година книговодствената вредност на Лукаку се намалува за 17.5 милиони евра, се додека не дојде на 0 во последната година. Парите што клубот што продава ги добива од трансферот ги евидентира како приход или расход, во зависност од тоа колкава е кај него книговодствената вредност на играчот што се продава. Лукаку (ако не сум грешка) купен е за 85 милиони евра од Јунајтед, на 5-годишен договор во 2017 година. Што значи неговата книговодствена вредност за Јунајтед во моментов е 51 милион. Значи дека Јунајтед ќе има капитална добивка од 19 милиони (груба проценка) од овој трансфер и тие ќе ги прикаже како приход во годината кога е направен овој трансфер.
Сметководствено се ова се прави во годината кога е склучена трансакцијата за трансфер, без разлика кога е плаќањето и какво е плаќањето. Без разлика дали Интер ќе ги плати парите во јули, дали ќе ги плати на две рати, три рати, или ќе плати 10 милиона за позајмица со задолжителен откуп за 2 години, кога ќе доплати 60 милиони. Трансферот е направен оваа година и Јунајтед оваа година добива 70 милиони евра.
Е сега, до пред некоја година имало дупка во правилата за ФФП па позјамицата со задолжителен или опционен откуп, клубовите ја користеа за да маневрираат со тој 3-годишен период на проверка на ФФП. Тоа е зошто фактичкиот трансфер го делеа на две одделни трансакции, една за позајмица, кога се амортизира loan fee-то ако го има, и втора кога се прави финалниот трансфер и почнува да се амортизира трансфер цената. Така се случуваа трансфери како оној на Мбапе, без ПСЖ да биде надвор од ФФП. Сега, правилата се сменети и позајмацата со задолжителен откуп се евидентира како откуп во годината кога е направена трансакцијата за позајмица.
На кратко, исто е дали понудата е 70 за трансфер и плаќање одма, 70 милиони на две рати, или 10 милиони позајмица и 60 милионои задолжителен откуп. Јунајтед го добива истиот приход годинава во секој од случаевите, единствена разлика е во моментот на плаќањето на парите. Треба да се прави разлика помеѓу приходи/расходи и кешфлоу. Тоа е причината претпоставувам зошто Интер би предлагал таков трансфер, за да немора плаќањето да биде веднаш и да има поголем простор за маневар со продажбите ова трансфер лето. Технички тој проблем ќе си одложат за две години. За ФФП не би им правело никаква разлила. На Јунајтед претпоставувам дека не би му одговорало, зошто сакаат да го имаат кешот одма за купување замена. Али во секој случај преговорите за деталите на начинот на плаќање е дел од секој можен трансфер. Тоа не значи дека Интер се циганчи, му го троши времето или го понижува Јунајтед. Туку, значи дека сериозна понуда му има ставено на маса на Јунајтед, што веројатно нема да ја добијат од друг. Ова се под претпоставка дека вистина станува збор за позајмица со задолжителен откуп, а не со опција за откуп. Тогаш математиката е друга.
Малце е подолго објаснувањето и не знам колку е поедноставување
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, али да бидат некои работи појасни и за во иднина. Во ова време на ФФП, breakeven и слични ствари со кои се бават фудбалски фанови.
Јас се надевам дека за Лукаку нема во никој случај повеќе од 75 милиони да идат. И вака се прилично дарежливи.