Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Мики конктретно прашање прашав дај ми те молам конкретен одговор. Ако неможеш ти, тогаш некој друг нека пише.
Дали во светото писмо пишува дека постот треба да биде како што постиме ние православните? ДА или НЕ?
Толку
Битие 3.11 ? Незнам каде да го најдам, дај пиши ми го
 
t20p18,

еве, ја‘ не знам ништо...Ти, очигледно, уште помалку од „ништо„.

Еве, ќе причекаме некој кој знае да ти даде одговор кој ќе биде согласен со твоите очекувања.
 
t20p18,

еве, ја‘ не знам ништо...Ти, очигледно, уште помалку од „ништо„.

Еве, ќе причекаме некој кој знае да ти даде одговор кој ќе биде согласен со твоите очекувања.
Знам. Еве што знам. Во некој муабет коа бев кај баба на село пред некој ден иако и сите три баби имаат околу 80 год, јасно се секаваат дека порано постот бил секогаш со зејтин.
Трите дена пред велигден биле само со малку вино и пченица т.е последниот ден само со вода.
Е сега црквава кажува кои денови се со зејтин кои се без зејтин итн.
Прашањето ми беше јасно зошто во Светото Писмо не пишува за ваков пост? Од кои причини цркваа го измислиола овој пост?
Јас немам проблем со христијанството иако како православен верник почитувам мн работи, сепак не ми е јасно зошто толку се разликуваме од останатите?
Темава е прашања за христијанството?
 
Да, темава навистина е така насловена и тоа е единственото нешто за кое си во право.

Остатокот од твојот допис е прилично несеризоен (ајде да не кажам некој потежок збор...), затоа што чиниш двојна грешка:
- се повикуваш на тоа што кажале бабите (уште да се повикаш што кажале комшивките, призакната би била уште потрагична) и,
- поставуваш погрешно прашање, со кое бараш запис во Светото Писмо за начинот на постење.

Ајде, отвори го Писмото и најди ми стих кој вели како постеле евреите па може ќе ти текне колку си во криво.

Каков е постот, односно на кој начин се пости, не е запишано во Писмото, туку постот е одреден од самата Црква Христова. Начинот на кој денес се пости во Црквата е наследен и одреден во византискиот период, во кој постот станува посложен, потежок и подолготраен, за разлика од раните времиња од Црквата, која познавала пост во среда и петок, односно пост Великденски и пост Богородичен. Кои се причините за пропишување построг пост, тоа е работа која треба да ја подистражиш, читајќи и истражувајќи низ црковната литература.

Така, наместо да се повикуваш на некои баби, кои тешно дека имаат познавање од катихизисот, повикај се на некој парохиски свештеник па нека ти објасни, барем во пар реченици, како и зашто се држи постот. Црквата има свои авторитети и свои соборни одлуки, така да никакви баби и никакви комшивки не можат и не смеат да одредуваат „што е што„ во самата Црква.
 
Значи сепак стигаме до делот дека постот нема никаква врска и дека црквата си зела за право да си го одредува како сака.
Баба ми како побожна жена постела одкако имала 7-8 год. И порано никогаш во црква не им рекле да постат без зејтин или дека овој ден се пости вака или така. Не е дека јас мешам баби и жаби, туку така си било.
Неможам да барам црковни записи, јас барав да знам како е правилно според Исус и апостолите, а не според црквата.
 
ова кое го бараш само по себе е показател дека не знаеш што бараш.

За да си докажеш на самиот себе (не на мене...) дека навистина не знаеш што бараш, ајде прашај ја баба ти па нека ти каже што кажале Исус и Апостолите за начинот на кој треба да се „држи„ постот и каде е запишано она кое го кажале.

Обиди се, може и ќе ти успее...
 
Протестантска црква
Католичка црква
Англиканска црква
Методистичка црква
Коптска црква
Православна црква
Адвентистичка црква
Баптистичка црква
Келтска црква
Калвинистичка црква
Презбетеријанска црква
Конгрегатионална црква
Пентекостална црква
Евангелистичка црква
Христова црква

има уше али ете и ова е доволно да речеш дека има многу цркви и треба да напоменеш на која мислиш во текстот
Дали може да кажете нешто за секоја од овие цркви. Како на пример што им е заедничко а во што се разликуваат?
 
Дали може да кажете нешто за секоја од овие цркви. Како на пример што им е заедничко а во што се разликуваат?
Сите овие цркви минус православните потекнуваат од римо католичката црква на пр од католицизам се одвојуваат протестантите а од протестантите сите можни христијански секти што ќе ги најдиш денес низ светот сите тврдат дека се вистинската христова црква (иронија овер 9000) и сите имаат различна догма за разлика од православието се отцепува само една од нив римо католичката во 1054 сите цркви што ги наведи ја имаат менувано својата догма за да се "адаптираат"со свето или промените во него (католичката црква е жив пример за тоа ја има сменето својата догма повеќе пати одколку ставовите на нашите политичари) има еден тон разликин што неможат да се опфатат во еден параграф така да ако имаш нешто конкретно прашај

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 
1. Дали адетиве што се за умрени (раздавање храна по гробиштата) ги оправдува христијанството?
2. Дали христијанството ги оправдува празниците мртов петок, мртва сабота, задушница, духовден?
3. Дали треба за покојните да се прават адетите: Следниот ден будење, девет дена, (три недели некаде, шест недели, три месеци, шест месеци, девет месеци, година, три години, некаде и година и пол и две години прават)???
4. Дали Македонија е единствената православна земја со овие адети?
5. Дали католиците ги имаат овие адети?
 
1. Да. Раздавањето, ако е правилно изведено, е во согласност со учењето од Црквата.
2. Да. Тоа се денови кои се посветени некому или за некој чин.
3. Да, треба. Во 40-те денови по упокојувањето, Црквата се грижи за состојбата од душите од упокоените.
4. Не.
5. Се сомневам дека ги имаат...Но можеби ги имаат, во некој нивен обичај.
 
Некои верници велат да не се пере од петоков што измина па се до среда.
Шубе ми е да пуштам машина за перење а да чекам па до среда е премногу.

Што вели православието наше, смееме да чистиме, переме за празници или не!?
:eek:
 
Дали венчавањето во Црква, како црковна тајна, или црковна церемонија, со сите ветувања и завети пред Бога дадени, ако тој брак не бил вдахновен со Светиот Дух, и дошло до распад на бракот, без разлика на причините и иницијаторот за таков потег, може да се поништи? Знам дека се даваат и полагаат тешки зборови и завети, за доживотно живеење, но што со тие кои се разделиле? Дали можат повторно во Црква да се венчаваат? Каков грев е прекршувањето на заклетвата и какво е покајанието за тоа? Ве молам сериозни одговори, благодарам.
 
Црквата дозволува црковен развод, се разбира ако имало даден брачен завет и кај нив и тоа, замисли, дозволуваат до три разводи на брак.

Инаку грев како грев, ако искрено се покаеш пред да умреш, се ќе ти биде простено.
 
Здраво може би прашањето нее за овде но ако има некој се уште што е заинтересиран за темата и знае доста правила ако може да ми пише кој се правилата за проучување и читање на Светото Писмо дали има одредени услови како и на кој начин да се чита оваа Света Книга Поздрав
 
Самостојно ќе проучуваш или си дел од некоја догма, верување , група и сл.?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom