C/C++

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Си пукам сега едно добро програмче во C# такозвани Visual C#.NET и пази, ем е визулен ем пукам многу интересна објектно-ориентирана архитектура. Значи читај, класи, интерфејси, полиморфизам, компоненти и бла бла бла.

Нешто не штима...

Она што ние го знаеме за визуелен програмски јазик е грешка. Сите познати како VC++, VB, VC#, VJ#, Delphi се всушност визуелно потпомогнати јазици. Постојат чисто визуелни јазици кај кои се градат програми без линија код. Башка во .net си постои designer за секоја форма, компонента или user контрола, а designerot е 100% код и пази, објектен.

Така да, да не тролувам, убаво што се интересирате и занимавате, ама секој поим користете го кога ќе стигнете на потребното ниво и кога ќе знаете за што зборувате.

Sto ti e be, toa e moe mislenje, ako ne ti se sviga - tvoj problem, ne mi soli pamet
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107

Оф, не полемизираме на прашање во политика и вести или општи муабети каде што секој може да си има свое мислење. Ова се факти, ова се работи кои се учат и кои се знаат. Не ти солев памет, ами се потрудив да ти укажам на грешките. Ипак целта е нешто да научиме.

Еве сега барам од колегата drle да дефинира што е тоа визуелен програмски јазик а што ОО програмски јазик па да продолжиме со дискусијата.
 
D

drle

Гостин

Епа вака сега ОО јазик е оној јазик кој што го имплементира концептот на ООП додека пак визуелен програмски јазик е примена на ООП за поеднставување на изработката на готовите програми кои што ќе ги користи клиентелата која не мора да се замара со тоа што се случува во позадина додека се извршува програмата туку ги добива само информациите кои што му се потребни и тоа на начин кој што е поприфатлив односно графички, а не преку текст.
П.С.
Доколку има нејаснотии во горенаведеното слободно прашајте.
 
Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28

Ајде доста глупости

http://en.wikipedia.org/wiki/Object-oriented_programming

Само една забелешка ООП му ја олеснува работата на прогамерот , а не тој што ја користи програмата.

Подобро порчити прво .
Прогамирање не се учи од муабети ' ти реков ми рече' туку од книги и гоогле
 
Прочитај го уште еднаш мојот пост погоре посебно делот со задебелени и зголемени букви кој се однесува на твојата забелешка. Иначе за тоа дека не се учи од муабети се согласувам а посебно тоа важи за прогамирањето.
BTW еве една книга за C++ почетници линк.
 
back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Епа вака сега ОО јазик е оној јазик кој што го имплементира концептот на ООП додека пак визуелен програмски јазик е примена на ООП за поеднставување на изработката на готовите програми кои што ќе ги користи клиентелата која не мора да се замара со тоа што се случува во позадина додека се извршува програмата туку ги добива само информациите кои што му се потребни и тоа на начин кој што е поприфатлив односно графички, а не преку текст.
П.С.
Доколку има нејаснотии во горенаведеното слободно прашајте.
НЕ, НЕ, НЕ!

Кратко и јасно:
- Структуриран програмски јазик - извршувањето на програмата почнува од првиот ред и оди надолу. Можни се разгранувања, користење на процедури и податочни структури. Толку.
- Објектно ориентиран програмски јазик - имплентира парадигма на објекти. Објект претставува засебна единка која може да биде на некој начин поврзана со други. Постојат поими како класи (дефиниција за објекти), атрибути, наследување, механизми искористени притоа. ООП го обвиткува структурираното програмирање. Тоа сеуште постои но сега во рамките на секоја класа.
- Визуелно програмирање - е всушност визулено потпомогнато ООП (не сум слушнал за вузелен структуриран јазик). Се додава добар кориснични интерфејс односно целосна работна околина која му помага на ПРОГРАМЕРОТ полесно и побрзо да гради добри решенија. Добиенот визуелен краен резултат НЕ значи дека програмата е изградена во визуелен програмски јазик.
- Чисто визуелно програмиње - е користење на напреден кориснички интерфејс за градење на апликации а притоа не се пишува ниту една линија код. Добар пример овде е InstallShield.

Во сите овие категории, крајниот корисник на изградената аплика не се грижи и додуша не може да се грижи за она што се случува позади. Ова е чиста глупост. Резултатот од програмата е она што е потребно да му се прикаже на корисникот. Дали тоа е во текстуална или графичка форма зависи од самата програма. Овде станува збор само за корисничкиот интерфејс. Ништо друго.

Толку. Ако продолжи некој со вакви дискусии, го викам Vnuce па ќе стане густо. :)
 
Се согласувам со тебе само што јас се обидов со помалку зборови (и тоа помалку стручни зборови) да го објаснам тоа што ти детално го објасни. Додуша мене првичната намера ми беше да го насочам n3L0 како темелно и од почеток да навлези во програмирањето ама целата работа тргна на погрешна страна.:toe:
 
Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Се согласувам со тебе само што јас се обидов со помалку зборови (и тоа помалку стручни зборови) да го објаснам тоа што ти детално го објасни. Додуша мене првичната намера ми беше да го насочам n3L0 како темелно и од почеток да навлези во програмирањето ама целата работа тргна на погрешна страна.:toe:
Програмирање не се обајснува со компресија на речникот :)
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Не сакав да отварам нова тема зошто прашањево е поврзано со C/C++.
Во школо имаме изборна програма Програмирање и работиме со овој програмски јазик, мислам треба да работиме, но немаме никаква литература.Ни професор знае да ни каже каде да најдеме ни па некој друг во школо, затоа ве прашувам вас (вие што знаете) дали од интернет може да се слегне нешто што можеби на некој начин ќе претставува како цела тема, како учебник - или постои во книжара нешто такво?
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
aj edno prosto prasanje
sho e razlikata pomegju
cout << " nemoze da se otvori datotekata " << argv[1] << endl ;
cerr << " nemoze da se otvori datotekata " << argv[1] << endl ;

? za sho se koristi ova cerr ? za rabota so datoteki mi e prasanejvo samo tuka go sretnav sega za sega.
 
D

drle

Гостин
Самото име на командата cerr укажува за што се користи. Доколку има некаква грешка при отворањето на датотеката тоа кажува дека има грешка и испрака на конзола тоа што е впишано во <<.......<< или доколку нема ништо впишано кажува дека датотеката не постои нешто како file not found. Ова е онака набрзина објаснување а за поконкретно побарај некој туториал за C++ каде што се објаснати Handling errors.
 
nelo

Смрта е сигурна, животот не е!
Член од
29 мај 2008
Мислења
109
Поени од реакции
0
Што се подразбира под добар C++ програмер??? Кога реков добар мислам на човек што знае ептен многу
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Што се подразбира под добар C++ програмер??? Кога реков добар мислам на човек што знае ептен многу
Е па кога ќе му дадеш да направи некоја подобра апликација , да знае да ја направи наједноставно тоа ти е порграмер во C++
 
Kajgana Shop

На врв Bottom