Одамна беше кога полагав јас за Б, а и жена ми и не знам каков е односот на инструкторите кон почетниците, оние кои никогаш немаат седнато пред волан.
Ме интересира дали имаат трпение и пак не е исто некој што веќе има возено и некој што прв пат седи пред волан, прв пат се учи како да ја ја запали и тргне колата, да менува брзини, нема осет колку да пушти кумплуг, колку да нагази на кочница итн.
Постои голем страв и не можат да се опуштат од прв или втор ден.
Го слушнав муабетот на жена ми со некоја другарка која полага и е почетник, а инструкторот не ја оставал сама да вози и постојано и коментирал однапред што да направи. Абе кажуваш одиме десно, па прво, па на кружен толку. Ако нешто пропушти ќе и кажеш каде и што.
А не сега вклучи жмигавец, прикочи, смени брзина, абе остави ја сама да осети кога треба да се прикочи, да даде гас, да тргне под рачна, да намали гас, да даде десен/лев жмигавец итн. Каде да пропушти возило, каде има предност. И пак имала теоретска настава и веќе знае правило и знаци.
Па и се заканувал дека комисијата ќе ја падне 7 пати и ќе и испадне исто пари како и часовите. Има снимено видео како вежба да вози со друга кола и девојчето како за почеток знае да застане, да тргне, да смени брзина кога треба, жмигавец итн.
Прво палење на кола и веднаш да ја вози во рикверц. Абе неговото дете нека го седне во кола и нека ја запали и право во рикверц без да му кажеш како да контролира и да гледа на огледала, да држи растојание и колку и каде да врти на волан.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk