Тоа што тебе ти е непозната и неразбирлива равенката на состојките во вакцината, не значи дека е штетна.
Најголемиот несакан ефект од вакцините е долг живот без полио, пертусис, хепатит б и куп други болести кои скоро и да се ерадицирани (или беа ерадицирани пред „упатените експерти“ со 3 саата гугл истражување да добијат пристап до интернет и да почнат да си шират секакви идеи низ космосот). Исказов дека нема доказ дека вакцините го штитат организмот не знам дали да почнам да го коментирам, ама мислам дека ќе останам само на ова:
Патем, пред релативно скоро време имаше случај на дете кое не било вакцинирано од тетанус, растено со хипици родители, си играло во двор и му влегла шајка во стапалото. Родителите прво го „третирале“ со тревки и нежни песнички, кога виделе дека не поминува (ОH MY GOD какво изненадување?!) го однеле во болница. За влакно успеале да го спасат детето да не умре. Знаеш колку коштало лечењето? 900 000 долари. Деветстотини илјади долари (во случај нулите да се многу па да предизвикаат состојба на збунетост и несигурност кај читателот). Тоа е скоро милион долари. Знаеш колку кошта вакцината против тетанус? Помалце од 100 долари. Oh-Wow колку заработува фармацевтската индустрија од вакцините
Поливалентна вакцина против дифтерија, полио, пертусис, тетанус и хемофилус тип б кошта точно 56.24 евра и тоа во малопродажба, за здравствените институции што ги купуваат директно од производителот сигурно е значително помалце. Знаеш колку кошта лечење на било која од тие болести? И тоа лечење е знак прашалник зашто повеќето можат да бидат смртоносни.
И кажи пак бе пријателче, колку заработува фармацевтската индустрија од вакцините? Колку што заработува Слаџана Велков од „магнетните кондури“ и „алкалната вода“ и колку што заработува Маја Платнар од „сировата храна што лечи све, од рак до хемороиди“. Ете толку заработува.
Знаеш зашто е тоа така? Зашто кога си бил мал си растел во време на лошиот комунизам кога за невакцинирање на дете имало сериозни казни. Лапкај си сега лук, на вакцинирано, и тврди дека од тоа си коска здрав и гром не те бие.