Вакцини (општа дискусија)

D

Deleted member 95595

Гостин
Decki, abe jas prvite 2 i pol godini od zivotot ziveev vo Hrvatska, od 1989 do 1991. Moite mi velat deka site vakcini sum gi primal tamu, a posle vo Makedonija samo si prodolzile doktorite so vakcinite shto trebalo tekovno da si gi zemam. Dali znae nekoj od vas kako mozam da proveram koi vakcini gi imam primeno? Kartoncheto od Hrvatska moite ne znaat kade, mnogu godini se pominati. Tuka vo Makedonija ima evidencija za mene da si proveram? Fala, pozdrav
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Нели во други земји имаа избор hhhhh
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Само во МКД немаат избор. :(

Какви пациенти има во таа групата на фб и не знам како успеаа да се соберат сите во неа. Колку треба да си глуп и прост за одлуката на еден родител да влијае и на твојата?
Нивните деца не биле предмет за играње, а самите си играат со нивното здравје.

Една мамичка пиша дека единствена разлика помеѓу вакцинираните и невакцинираните е тоа што првите се заразни. Ја прашувам дали таа е вакцинирана и не ми одговори. :pos:
Друга ќе го запали школото. :pos:
Трета сама ќе го подучува.

Абе од каде им истекнуваат вакви работи :pos:

Само парична казна и тоа секоја година по 1500 евра. Нека се полни буџетот од вакви.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.793
Поени од реакции
35.157
...на прв поглед изгледа како напуштена стара зграда,

...но таа е со отворена врата каде влегуваат здравствени работници и пациенти

... не ми се веруваше кога прочитав за кого е наменета ова руина и за што е наменета!

...еве прочитајте сами, овде влегуваат деца од предшколска возраст да се вакциираат, се прашувам кој родител ќе го внесе низ ова врата да го вакцинира своето дете? дали воопшто министерот за здравство е запознат како изгледа местото за вакцинација во Здравствен Дом (која е под локална самоуправа) ...во Кичево?
... останав без коментар, мислам ејјјј зошто не се жалат кичевчани?! :(
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820

Срце, а шо битна просторијата каква е, ако веке го примаш срањето вакцина?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.793
Поени од реакции
35.157
Срце, а шо битна просторијата каква е, ако веке го примаш срањето вакцина?
... па како не е важна просторијата каде се дава здравствена услуга? ...Здравствена установа е установа основана и која работи согласно со прописите од областа на здравствената заштита, а не некоја штала таму напуштена!
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
... па како не е важна просторијата каде се дава здравствена услуга? ...Здравствена установа е установа основана и која работи согласно со прописите од областа на здравствената заштита, а не некоја штала таму напуштена!
Де бе срце дај молим те! Оди зирни ги малце болниците. 100 пати се погадни од запуштените штали на село.
Какви прописи какви бакрачи...Туку зборот беше, кога веќе си решила да го примеш срањето наречено вакцина не е битно во каква просторија го примаш!...Упорно и упорно не лажат за вакцините. А никој неке да го согледа факто дека секогаш кога ке излезе некоја вакцина за одредена болест тек тогај таа болест зима замав.
Кај исцезна свинскио грип? Кај исчезна птичјио? Никаде. Не ни постоеја. Им продадоа на сите држави вакцини, направиа си профит и тоуку. А додека беше драмата за свинскио грип, прашај некој запослен во "здравствените" установи дали ја примал? A и пред неколку месеци онаа сликата на министеро како демек вакцинира некое свое бебе, со неизвадено капаче од иглата? Изгледа веке има измислено wi-fi шприцови :pos:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.793
Поени од реакции
35.157
Де бе срце дај молим те! Оди зирни ги малце болниците
...ами не само што ги ѕиркам, туку и ги кадросувам, кадрите се лични мои не ги пулиш?
Упорно и упорно не лажат за вакцините.Им продадоа на сите држави вакцини, направиа си профит и тоуку. :pos:
... не си во право, вакцини МОРА да се примаат и барем ДО СЕГА беа/се со најдобар квалитет од фабрика авионски до Скопје и од Скопје до сите здравствени домови кои се одговорни за редовна имунизација и вакцинација!
.Им продадоа на сите држави вакцини, направиа си профит и тоуку. :pos:
...профит се прави со кладилниците, со алкохолот, со бензино, струјата, ама некако никој за нив не се буни толку, нели?
Какви прописи какви бакрачи.Туку зборот беше, кога веќе си решила да го примеш срањето наречено вакцина не е битно во каква просторија го примаш!.
... ееееее сега што се случува ТАМУ , не знам... порано имаше строга контрола и регулатива околу здравствените домови (всушност и самата фотка укажува на несоодвентно место за давање здравствена услуга) а за медицинска сестра сега навистина не знам ни кој работа ни како работа, тоа све преку ноќ може да постане медицинско лице, а совест богами нема како порано, а најмалку казни...не видов некој да одговара за некој пропуст, све партиско заштитено, како порано така и сега ! :(
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
...ами не само што ги ѕиркам, туку и ги кадросувам, кадрите се лични мои не ги пулиш?
Мислам за градските болници таканаречени здравстветни установи да зирнеш и ванеш по некој кадар.[DOUBLEPOST=1559148905][/DOUBLEPOST]
... не си во право, вакцини МОРА да се примаат и барем ДО СЕГА беа/се со најдобар квалитет од фабрика авионски до Скопје и од Скопје до сите здравствени домови кои се одговорни за редовна имунизација и вакцинација!
У тука си слепа. Вакцините се просто неприродни. Тоа значи дека се раѓаме со фабричка грешка,
па ај сега ке ги исправаме пропустите на Господ и природата.[DOUBLEPOST=1559149083][/DOUBLEPOST]
...профит се прави со кладилниците, со алкохолот, со бензино, струјата, ама некако никој за нив не се буни толку, нели?
Не се споредуваат тие ствари. Тоа е за забава и потреба. Тука се работе за здравје и за човечки животи!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.793
Поени од реакции
35.157
Не се споредуваат тие ствари. Тоа е за забава и потреба. Тука се работе за здравје и за човечки животи!
па добро, тогаш пример за здравје, зашто да прават профит со вакцини? тука зборуваме за износи да речеме 10, 20 ај 30 евра максимум за една зависи за што, така? ами зашто да се „мачат на ситно“ профитерите, кога можат со еден онколошки лек што за само една доза за еден човек цената може да достигне до 5000 евра?
Мислам за градските болници таканаречени здравстветни установи да зирнеш и ванеш по некој кадар
...здравствени домови се здравствени установи во примарно здравство кои се одговорни за вакцинација, поточно кога зборуваме за редовна имунизација со вакцини со што ја запазувам темата за вакцини тука! ....инаку не можам да постирам информации со фотки од општи болници, клинички болници, клиники или поликилиники („градски болници“нема таква терминологија) кои не се одговорни за вакцинација, оти не е тема ТУКА, ако ургираш кај модераторот на подфорум Здравје да ме одбанира од темата „Мкд со најлошо здравство во ЕУ ...итн“ таму ќе ги постирам фотките со коментар, ама тешка работа кај него „да ме ослободи“ инаџија е :D

.загрижувачки 34% на невкацинирани во 2017, наместо напред се враќаме назад во 1970 год, демократијата и слободниот избор често погрешно се толкува, посебно кога се работи за здравјето на човекот!
У тука си слепа. Вакцините се просто неприродни. Тоа значи дека се раѓаме со фабричка грешка, па ај сега ке ги исправаме пропустите на Господ и природата
...така ли? велиш слепа сум? велиш исправаме пропусти на Господ и природа? еве ќе ти одговорам во тој стил, вакцините и серумите се исто од природата од самите себе како анитела - хумана или од животните (имаме коњски , свински , телешки серуми), вируси кои се дел од природата или се творба на Господ, значи се компатибилни за примена!
...зашто си против да си создадеш имунитет против опасен вирус кога си здрав и веднаш телото ќе си создаде доживотна антитела, а си поборник да кога телото ќе биде нападнат од истиот вирус и изнемоштен од темепература да се бори со разни други компликации што ќе го создаде истиот вирус ама на нездраво тело, а периодот на создавање на антитела, оти телото ја нема во моментот, ќе биде многу долг па прашање дали воопшто ќе создаде телото антитела во такви услови ако има други компликации и ќе биде со фатален исход како што имаме денес не знам колку примери како кај најмладите така и кај повозрасните пациенти?
зошто таков ризик? ќе речеме дека природата така сакала или Господ така сакал и не создал со фабричка грешка? ами заш Господ ни го даде паметот и можноста за размислување, а со тоа и лечење и продолжување на животниот век?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне змија? нели е таа природна создадена како човекот од Господ, бори се природно, зошто ќе трчаш по серум анитвиперинум ?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне куче, голема работа ќе те касне, како го создаде Господ човеко така го создаде кучето, природна работа, нели? ќе помине де, што ти треба серум и вакцина против можното беснило, антирабиес?
или
зошто трчаш во болница ако ти влезе стара шајка во нога? ќе ја извадиш и никому ништо ќе помине де, и да има таму зафатени бактери во таа рѓа нели од природа е ќе помине, а не да трчаш да примаш ем серум ем вакцина против тетанус? бори се без нив де!
е сега што ќе кажеш? за нив важи ќе примиш вакцина? а за другово не важи не ќе примаш вакцина? ами ќе речеш - деца, ами детето нема имунитет тоа лесно ќе биде совладано од тоа вирусот, зашто кога е здраво и право и силно не му се створи антитела за цел живот со редовна имунизација?

ако со ова не се сложуваш, тогаш замисли кога ќе добиеш некоја бактериска инфекција, ти со температура влегваш во лекарска ординација за помош, а матичнио ти доаѓа со послужавник, а на него стар исушен мувлосан леб и ќе ти рече....еве Говинда ќе јадеш од лебо на секој 6ч ! :D
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
па добро, тогаш пример за здравје, зашто да прават профит со вакцини? тука зборуваме за износи да речеме 10, 20 ај 30 евра максимум за една зависи за што, така? ами зашто да се „мачат на ситно“ профитерите, кога можат со еден онколошки лек што за само една доза за еден човек цената може да достигне до 5000 евра?

...здравствени домови се здравствени установи во примарно здравство кои се одговорни за вакцинација, поточно кога зборуваме за редовна имунизација со вакцини со што ја запазувам темата за вакцини тука! ....инаку не можам да постирам информации со фотки од општи болници, клинички болници, клиники или поликилиники („градски болници“нема таква терминологија) кои не се одговорни за вакцинација, оти не е тема ТУКА, ако ургираш кај модераторот на подфорум Здравје да ме одбанира од темата „Мкд со најлошо здравство во ЕУ ...итн“ таму ќе ги постирам фотките со коментар, ама тешка работа кај него „да ме ослободи“ инаџија е :D

.загрижувачки 34% на невкацинирани во 2017, наместо напред се враќаме назад во 1970 год, демократијата и слободниот избор често погрешно се толкува, посебно кога се работи за здравјето на човекот!

...така ли? велиш слепа сум? велиш исправаме пропусти на Господ и природа? еве ќе ти одговорам во тој стил, вакцините и серумите се исто од природата од самите себе како анитела - хумана или од животните (имаме коњски , свински , телешки серуми), вируси кои се дел од природата или се творба на Господ, значи се компатибилни за примена!
...зашто си против да си создадеш имунитет против опасен вирус кога си здрав и веднаш телото ќе си создаде доживотна антитела, а си поборник да кога телото ќе биде нападнат од истиот вирус и изнемоштен од темепература да се бори со разни други компликации што ќе го создаде истиот вирус ама на нездраво тело, а периодот на создавање на антитела, оти телото ја нема во моментот, ќе биде многу долг па прашање дали воопшто ќе создаде телото антитела во такви услови ако има други компликации и ќе биде со фатален исход како што имаме денес не знам колку примери како кај најмладите така и кај повозрасните пациенти?зошто таков ризик? ќе речеме дека природата така сакала или Господ така сакал и не создал со фабричка грешка? ами заш Господ ни го даде паметот и можноста за размислување, а со тоа и лечење и продолжување на животниот век?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне змија? нели е таа природна создадена како човекот од Господ, бори се природно, зошто ќе трчаш по серум анитвиперинум ?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне куче, голема работа ќе те касне, како го создаде Господ човеко така го создаде кучето, природна работа, нели? ќе помине де, што ти треба серум и вакцина против можното беснило, антирабиес?
или
зошто трчаш во болница ако ти влезе стара шајка во нога? ќе ја извадиш и никому ништо ќе помине де, и да има таму зафатени бактери во таа рѓа нели од природа е ќе помине, а не да трчаш да примаш ем серум ем вакцина против тетанус? бори се без нив де!
е сега што ќе кажеш? за нив важи ќе примиш вакцина? а за другово не важи не ќе примаш вакцина? ами ќе речеш - деца, ами детето нема имунитет тоа лесно ќе биде совладано од тоа вирусот, зашто кога е здраво и право и силно не му се створи антитела за цел живот со редовна имунизација?

ако со ова не се сложуваш, тогаш замисли кога ќе добиеш некоја бактериска инфекција, ти со температура влегваш во лекарска ординација за помош, а матичнио ти доаѓа со послужавник, а на него стар исушен мувлосан леб и ќе ти рече....еве Говинда ќе јадеш од лебо на секој 6ч ! :D
Е срце, овие споредби у вези Господ и природата ама баш ти немаат веза. Мешаш баби и жаби.
Организмот си има свој имунитет и ние треба само да го подржаваме со здрав начин на живот.
И дај молим те вакцините биле природни! Тоа е како да кажеме дека и компјутерите се природни. Материјалите од кои се изработени се извадени од природата, само се малце доработени у фабрика. Give me a break. А доказ дека вакцините стварно го штитат организмот, нема. Се се тоа претпоставки и верувања , а нас не убедуваат дека е така. Ај да кажеме дека можеби за ситни ствари, ситни грипови тие првичните вакцини коа почнале да ги произведуваат вршеле работа. Сега ги прават се пософистицирани да делуваат неприродно. Не ми одговори ништо за кај исчезна птичјио и свинскио грип, знаејки дека барем две третини од популацијата одби да ги прими? Посебно тука кај нас на прсти можат да се избројат кои ги примиле. па требаше сите да испомреме тогај....Исто не искоментира за сликата на министерот како го вакцинира бебето со wifi-шприц? Сигурна ја имаш видено сликата пошто ги пратеш новостите. Паметна си и мораш да ја истражеш малце и негативната страна околу вакцинизацијата.
И да, попрво би јадел мувлосан леб, него ли да дадам да ми шибнат шприц со голема непозната равенка наречена вакцина.[DOUBLEPOST=1559155282][/DOUBLEPOST]
па добро, тогаш пример за здравје, зашто да прават профит со вакцини? тука зборуваме за износи да речеме 10, 20 ај 30 евра максимум за една зависи за што, така? ами зашто да се „мачат на ситно“ профитерите, кога можат со еден онколошки лек што за само една доза за еден човек цената може да достигне до 5000 евра?
Охохоооо, коа сме веќе тука фармацеутската индустрија каков профит има на светско ниво, а ти така наивно ми го поставуваш прашањето.....незнам кој израз да го употребам шо е појак од слепа?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.866
Поени од реакции
3.349
Некој дали знае дали во Македонија се вакцинира за Хепатитис Б? Колку што разбрав, е една од ретките земји во Европа каде немаат вакцина за Хеп. Б. Или можеби грешам??

Decki, abe jas prvite 2 i pol godini od zivotot ziveev vo Hrvatska, od 1989 do 1991. Moite mi velat deka site vakcini sum gi primal tamu, a posle vo Makedonija samo si prodolzile doktorite so vakcinite shto trebalo tekovno da si gi zemam. Dali znae nekoj od vas kako mozam da proveram koi vakcini gi imam primeno? Kartoncheto od Hrvatska moite ne znaat kade, mnogu godini se pominati. Tuka vo Makedonija ima evidencija za mene da si proveram? Fala, pozdrav
Не знам дали го има тоа тестирање преку крв во Македонија. Во Канада можат да ти проверат за доста работи преку крв дали имаш доволно анти-тела и дали ти треба некоја вакцина плус. Booster shots се секогаш добредојдени во одредени временски интервали. Тетанус секои 10 години на пример.
Прашај доктор или во некоја лабораторија дали преку крв тестираат од што и како имаш имунитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom