па добро, тогаш пример за здравје, зашто да прават профит со вакцини? тука зборуваме за износи да речеме 10, 20 ај 30 евра максимум за една зависи за што, така? ами зашто да се „мачат на ситно“ профитерите, кога можат со еден онколошки лек што за само една доза за еден човек цената може да достигне до 5000 евра?
...здравствени домови се здравствени установи во примарно здравство кои се одговорни за вакцинација, поточно кога зборуваме за редовна имунизација со вакцини со што ја запазувам темата за вакцини тука! ....инаку не можам да постирам информации со фотки од општи болници, клинички болници, клиники или поликилиники („градски болници“нема таква терминологија) кои не се одговорни за вакцинација, оти не е тема ТУКА, ако ургираш кај модераторот на подфорум Здравје да ме одбанира од темата „Мкд со најлошо здравство во ЕУ ...итн“ таму ќе ги постирам фотките со коментар, ама тешка работа кај него „да ме ослободи“ инаџија е
.загрижувачки 34% на невкацинирани во 2017, наместо напред се враќаме назад во 1970 год, демократијата и слободниот избор често погрешно се толкува, посебно кога се работи за здравјето на човекот!
...така ли? велиш слепа сум? велиш исправаме пропусти на Господ и природа? еве ќе ти одговорам во тој стил, вакцините и серумите се исто од природата од самите себе како анитела - хумана или од животните (имаме коњски , свински , телешки серуми), вируси кои се дел од природата или се творба на Господ, значи се компатибилни за примена!
...зашто си против да си создадеш имунитет против опасен вирус кога си здрав и веднаш телото ќе си создаде доживотна антитела, а си поборник да кога телото ќе биде нападнат од истиот вирус и изнемоштен од темепература да се бори со разни други компликации што ќе го создаде истиот вирус ама на нездраво тело, а периодот на создавање на антитела, оти телото ја нема во моментот, ќе биде многу долг па прашање дали воопшто ќе создаде телото антитела во такви услови ако има други компликации и ќе биде со фатален исход како што имаме денес не знам колку примери како кај најмладите така и кај повозрасните пациенти?зошто таков ризик? ќе речеме дека природата така сакала или Господ така сакал и не создал со фабричка грешка? ами заш Господ ни го даде паметот и можноста за размислување, а со тоа и лечење и продолжување на животниот век?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне змија? нели е таа природна создадена како човекот од Господ, бори се природно, зошто ќе трчаш по серум анитвиперинум ?
или
зошто ќе трчаш во болница ако те касне куче, голема работа ќе те касне, како го создаде Господ човеко така го создаде кучето, природна работа, нели? ќе помине де, што ти треба серум и вакцина против можното беснило, антирабиес?
или
зошто трчаш во болница ако ти влезе стара шајка во нога? ќе ја извадиш и никому ништо ќе помине де, и да има таму зафатени бактери во таа рѓа нели од природа е ќе помине, а не да трчаш да примаш ем серум ем вакцина против тетанус? бори се без нив де!
е сега што ќе кажеш? за нив важи ќе примиш вакцина? а за другово не важи не ќе примаш вакцина? ами ќе речеш - деца, ами детето нема имунитет тоа лесно ќе биде совладано од тоа вирусот, зашто кога е здраво и право и силно не му се створи антитела за цел живот со редовна имунизација?
ако со ова не се сложуваш, тогаш замисли кога ќе добиеш некоја бактериска инфекција, ти со температура влегваш во лекарска ординација за помош, а матичнио ти доаѓа со послужавник, а на него стар исушен мувлосан леб и ќе ти рече....еве Говинда ќе јадеш од лебо на секој 6ч !