После утакмицава неколку работи се јасни
Ханда е вистински капитен на екипава, не спаси од тежок ремет, цел свет ќе ни се смееше, луѓе од земји за кои не сме знаеле дека постојат, ќе ни се смееа, ќе требаше да се избришеме од нетот, и да се соберевме некаде ко амиши да живееме после јурумлери у некоја пустелија ко абориџините у австралија, без интернет без ништо, без пристап на други луѓе надвор од новоформираното интерашко племе. Само марио ќе се осеќаше ко дома да е зашто моменталните негови домашни услови воопшто немаше да се разликуваат од тие, т.е. боље ќе му беше ама тоа е друг муабет веќе.
Икарди најверојатно ќе си оди, верувале или не, последен пат од игра дал гол во Ноември, а не е дека не играше и во вториот дел од сезоната, ама кога играш без срце, мотив, желба, бројките се поразителни колку и да е квалитетен, и одби да игра за Интер у Австрија, а и кога играше, беше тотално бескорисен во 90% од времето поминато на терен. Додади на ова фактот што CN го отпишаа, што сеуште не става потпис на нов договор, и сите шпекулации периодов, стварно не глеам како овој ќе остане тука и следна сезона после све ова, давам 5% шанси дека ќе го глеаме и следната у Интер. Од достапните играчи во моментов, моја желба е лука јович, па белоти, на крај лукаку.
Конте ако доаѓа, ќе треба повеќе од пола буџет да троши на бекови, еден лев, двајца десни офанзивни, МИНИМУМ тројца бекови за неговиот систем се потребни. Лево само асамоа чисто за замена, aли и тоа е дискутабилно.
Далберт еј хахаха, абе ја да иам сеа мозочен удар, и десната нога да ми ја ампутираат, и тоа не зборам мозочен удар да сум доживеал и после 2 дена да играм не не, него влагам у игра и викам чеј, иам изглеа мозочен удар, и у меѓувреме без анестезија некој ми ја сече десната нога ( деснак сум ), и таков да ме стркалаат на терен да се тетеравам, пак боље ќе изиграв од овој.
Абе гарант од клупа му се дереа каде треба да се напаѓа, мислам дека и тоа не му беше јасно на типов, тотално изгубен во просторот и времето, ко да праеле некоја наградна игра ко у америка, тој што седи на тоа и тоа седиште ќе добие шанса да игра у второ, и он бил среќниот добитник ... овој на све делуваше денес само не на професионален фудбалер.
Цело лето ќе треба да се работи и на физичката спремност кај оние што ќе останат тука, зашто веќе 2 години истиот проблем го имаме, имаат кондиција за максимум саат време ко тим, во второ не постојат на физички план, гледам погоре се бунат како емполи ги притиснале и создавале вишок играчи ... како да не создаваат, после 80та минута прекинаа да постојат пола играчи кондиционо, што не беше случај кај Емполи а и што не е случај кај другите екипи. Прилично сум сигурен дека овој проблем нема да го имаме со Конте во случај да се реализираат најавите и потише неделава.
Све на све, одбраната со годин е средена, потребни се 3 јаки бекови, 2ца стартери и една квалитетна замена бидејќи овие позиции се клучни во системот на конте, двајца играчи од средина кои ќе бидат first team материјал ( валеро, марио и весино ќе си идат најверојатно ), и два до три квалитетни играчи од нападот, едно јако крило сигурно, и напаѓач у случај да си иде икарди. Дел од играчите ќе се користат за носење нови ( карамо? политано ? ), дел едноставно ќе се шитнат и ќе се инкасираат сигурно над 50м евра, или над 100, ако у пакет со нив и икарди си иде, така да ќе има пари све ова да се реализира.
Идењето во ЛШ ми е мех, ама начинот на кој напраивме зип зап и тоа не на било кој, туку на милан е
, од нигде никаде бонанца од емоции доживеавме.
Тоа на што ја се сладам се муабетите за МОЈОТ ЧОВЕК КОНТЕ, ајде бабан доаѓај, те чекам више 4-5 години тука, последен пат кога од челзи ни дојде набркан тренер историја испишавме бемлиим100 мајки и на нив.