Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Ако си правел се исправно, до денес треба да си влезен во кетоза. Внимавај на внесот на протеини, преголем внес на протеини ќе те извади од оваа состојба. Првите 2-3 денови си омалаксан и без енергија, дури е познато како кето грип, кога ќе влезеш во оваа состојба треба да имаш константна енергија, редуциран глад, малку зезнато е со здивот (непријатна миризба има здивот поради кетоните), метален вкус во устата и тоа е тоа. Еден од начините да провериш дали си во оваа состојба се кето лентите (ketogenic strips), не знам дали има во мкд и колку пари се, на алиекспрес одат околу 2-3 долари за 100 лентички. Е сега ако си дехидриран знаат да погрешат, исто и испил многу течности, наменети се за мерење на кетони во урината. Има и за здив електронски уреди, не сум користел таков, демек и тие не се секогаш точни, најточно е преку крв ама е и поскапо и непрактично.Почнав со кето од понеделникот, да видиме што ќе направам за 4-5 месеци како за почеток. Се информирав доволно за се што ме интересираше, водам дневник на макроата во MyFitnessPal (каква апликација, алал вера, некој будала внесувал паковање бадеми од на Тинекс марката хахах)
Дали некој бил на кето од темава или сеуште е? Ми треба совет од искуство...
Еден од тие будалите што внесувале храна со име на фирма, калории и сите тие работи на мајфитнес пал сум ти и јас, јас ги внесувам за себе, ама може да ги гледаат и другите, така ми попрактично за мерење на калориите, купуваш паковање од 50 грама и си работиш со дропки, изедов 4тина пример 0.25хцелото паковање