Здраво дечки,
Имам Opel Astra H 1.7 CDTI 74kw 2005 и планирам да ставам mp5 player (веќе го порачав од интернет).
Најдов исто така кабел Opel Astra H Standard Cable to ISO кој ќе овозможи да не сечам жици за поврзување.
Е сега кога ќе го отстранам фабричкото радио ќе ги немам веќе копчињата за влегување во борд компјутерот (BC).
Па би сакал да ве прашам дали имате искуство или знаете дали ќе можам тоа да го правам преку воланот (Командите од левата страна), бидејќи знам дека најверојатно командите што се од десна страна за глас и менување на песна нема да функционираат.
Фала ви на одговорот,
Поздрав!