Staufer
Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.177
- Поени од реакции
- 21.298
Holsten knallt am dollsten - Нешто во слободен превод како Холстен најдобро мават ви глава Солидно пиво што веќе подолго време го даваат по големиве маркети по акциони цени од 8-10 Евра на гајба.Козел е топ, исто и Ребел. Ако те носи патот во Паб Порта кај автобуската кај Ким, влези, има огромен избор на пива, голем дел се чешки.
Во последно време како локам Holsten леле, треба картичка за верност да ми дадат.
Иначе околу чешките да не пофтовурам општо познати работи ама Pilsner Urquell дефинитивно е број еден и меѓу топ пива во светот. Ај што е мекушко со 4,4 алк. но почнуваќи од бојата па мирисот па ептем меката вода и вкусот кој ти ги активира сите вкусни нерви во устата...сон. А вкусот го имаш уште долго во уста невероватно пиво. Препорачувам обавезно да ја посетите пиварата во Плзен и тура да направите. Точат тазе пиво од тие огромни дрвени буриња ... феноменално. Исто така во иста пивара се прави Гамбринус тоа скоро секаде во градот се точеше по баровите. Дента ми делуваше подобро од Урквелот ама го пробав пак пред некоје време флаширано, сеуште солидно но далеку од Урквел. Али водата им е од исти сопствен бунар. И исто така Будвајзерот чешки е ептем добро пиво без никаква слабост. Исто врвно и од светски ранг али Урквелот е повозбуден.