Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,6%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    690
нема сода, не прави пена, разредено со вода, недефиниран вкус = мочка, не за џабе е 30 денари и тоа дури од полска донесено,
Тоа ти е пиво на ниво на пивата во Лидл, впечаток дека пиеш газиран пијалок со мирис на пиво и додаток на алкохол, за да го задоволи бараниот процент на етикетата! Жив отров:mad:
 
Една молба до побратимите во немачка, посебно во регионот на франкфурт. Да споделите некое добро локално пивце по можност да може да се најде на аеродромот јер има 2 саати пауза па да се проба нешто несекојдневно ако е можно.
 
Не знам кои пива, ама знам каде да бараш. Во Рилеј имаш добар избор, а Тегут има најдобар избор. Ова ти е и маркет воедно, така да ако бараш и нешто друго за јадење/пиење. Овие продавници се наоѓаат на терминал 1. Ако си на 2, префрли се со Скајлајнот на 1. 2ката терминал е сиромаштија со маркети.
 
Последно уредено:
нема сода, не прави пена, разредено со вода, недефиниран вкус = мочка, не за џабе е 30 денари и тоа дури од полска донесено,

Ако пивото го извадиш тазе да е од фрижидер ладно ќе биде вкусно и ќе те освежи, но ако стои повеќе саати на дневна температура во некоја соба или пак уште полошо да ти стои во кола повеќе саати на овие високи температури и тоа колата да ти е на сонце паркирана нормално дека ќе има вкус на мочка и ќе ти се згади од него, без разлика од која марка и да е !
 
Една молба до побратимите во немачка, посебно во регионот на франкфурт. Да споделите некое добро локално пивце по можност да може да се најде на аеродромот јер има 2 саати пауза па да се проба нешто несекојдневно ако е можно.
Tegernsee bier e баварско пиво, ама е добро и можно е да го има негде на аеродромот во Франкфурт. Исто убаво пиво мене ми беше Henninger Pils :)
 
Јас имам повеќе нови љубови!
Прегледај го приврзокот 207369
:D
Уствари сакам да ги пофалам маркетите што почнаа и чешки пива да продаваат, незнам дали Крушовице ќе го донесат, пошто Скопското е по негов рецепт, па да немаат некој договор за недуплирање:(
Козел е топ, исто и Ребел. Ако те носи патот во Паб Порта кај автобуската кај Ким, влези, има огромен избор на пива, голем дел се чешки.

Во последно време како локам Holsten леле, треба картичка за верност да ми дадат.
 
Да надополнам, у Woodstock има исто чешки пива. Lobkowicz и Cerna hora ги пробав. Солидни се :))
 
Да надополнам, у Woodstock има исто чешки пива. Lobkowicz и Cerna hora ги пробав. Солидни се :))
Во споредба со крафтот на Темов пивата у woodstock се божји напитоци :)
150 денари е најефтиното пиво и тоа 0.48 :confused::confused:!??!
Прво што е фората со тие 2 милилитра што ќе ги заштедат само тие знаат .
Второ вкусовите толку се одвратни што последниот пат кога бев пред една недела во вкусот на пивото се чуствуваше вкусот на нерастопен пивски квасец :sick:
И 150 денари чаша :гомце:
А за 150 има Erdinger, Paulaner, Holsten..
 
Последно уредено:
Амстел лименка од 0.5. Соодветна замена ми е Туборг. Кога сум во Србија пијам Зајечарско...

Скопско и Даб нејќам да видам...
 
Може по некој ладен Mythos.... :)
 
Последно уредено:
каде има по маркетиве бекс ?
 
Амстел лименка од 0.5. Соодветна замена ми е Туборг. Кога сум во Србија пијам Зајечарско...

Скопско и Даб нејќам да видам...
Koга ќе идеш у Србија пробај Апатинско.
За Скопско и Даб се сложувам. За 20 - 30 денари плус имаш на избор Германски, Чешки ... пива кои се барем 10 пати подобри.
 
Koга ќе идеш у Србија пробај Апатинско.
За Скопско и Даб се сложувам. За 20 - 30 денари плус имаш на избор Германски, Чешки ... пива кои се барем 10 пати подобри.
Иако е ствар на вкус, мислам дека Скопското ни е најдобро* на голем дел од населениево. Зборам по вкус, е сега ако некој му ствара киселини или го дуе, не знам тоа. Германските се убави, ама не се толку над скопското. :D Митос грчкото е убаво, дортмундски ДАБ е супер ама го нема кај нас, и Радебергерот онака. Пауланерот, Eрдингер и Кромбахер се добри, ама не се толкава разлика па уште за тие 20-30 денари. За еднаш да, ама за повеќе пати тешко :)

*под најдобро заклучив као у стил дека го пиеме од мали и сме навикнати на истото. Исто како што бугарите се навикнати на Каменица/Шуменско, грците Митос, баварците на Пауланер или некое нивно локално, што не значи дека е општо најдобро. Има луѓе што пијат или Скопско или Даб. Ретко кој ги пие двете пива со ист мерак.
 
Од Скопска Пивара само Скопско нефилтрирано (тоа у хартиена ќеса што го продаваат) е добро и тоа просек не е нешто посебно.

Не те сфатив со разликата во цени . Сакаш да кажеш дека Чешките и Германските пива се многу повеќе поскапи од Скопско и Даб ?

Јас и Скопско и Даб ги имам препиено и сепак далеку назад се во споредба со некои странски пива. Пред години наназад Скопското беше многу добро ама како пазарот на пива се прошири така како и да изгуби на квалитет а башка и главоболките што почна да ги предизвикува....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom