Лига на шампиони - Сезона 2018/19

Член од
12 март 2009
Мислења
19.817
Поени од реакции
15.743
јас дадов предлог како да се помогне на играчите, а имаше и порано, Стоилов и Раул снимија реклама...
ем ќе има ефект ем нема да биде милостина...
б.т.в., гледам има доста реклами со Меси ( или некој што личи на Меси )
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.675
Трета година по ред Ѓер освојува,повторно со 1 разлика.
Кога веќе ги нема Вардарки реално и се очекуваше дека Ѓер ќе биде шампион,убедливо најдобри се,плус домашна публика,на секоја позиција по 2 екстра квалитетни играчи.
Вчера во полуфиналето се прошетаа воопшто без да се изморат или да се запотат.
Денеска имаа 5-6 разлика цел натпревар,после судијќите малце помогнаа да се врати Ростов,ама џабе,2 црвени за Ѓер и тоа Грот и Аморим може и најдобрите нивни ракометарки,плус некое пробивање и слично во напад,Ростов се доближи ама си покажаа дека не се зрели за титула со грешна измена на 2 минути пред крај.
Ѓер искусно на крај си тепаше и тоа е тоа.

Наредна година ЦСМ Букурешт ќе бидат добри,годинава не беа воиграни доста киксови,не стигнаа ни до Финал 4.
Следна сезона доаѓа Морк што ќе биде итекако засилување,исто и Пинтеа од Ѓер,меѓутоа има и доста што заминуваат:Радичевич,Куртович,Мехмедович итн.
Мое мислење е дека ќе стигнаат до Финал 4,ама тешко дека ќе освојат покрај ваков Ѓер.

Општо за ситуацијата во женскиов ракомет е лоша,2-3 екипи само функционираат на високо ниво,останатото форсираат млади ракометарки од своите школи,или без никакви амбиции се задоволуваат со самото учество во ЛШ.
Веќе Вардар ги нема,Будучност е далеку од тоа што беше пред неколку години,Виборг и Ларвик скоро да ги нема од мапата...
Единствено Ростов,Ференцварош и Цсм пробуваат да направат нешто ама слабо им оди.
За разлика од машкиот светлосни години се назад жениве во ракометот.
Кај мажите барем има по некое изненадување,неможеш да предвидиш кој ќе освои,кој ќе биде на Финал 4,кај мажите има сигурно 20 екипи наспроти 2-3 кај жените што имаат сериозни амбиции.

Наредниве години Ростов и ЦСМ ќе се обидат да го срушат Ѓер,ќе видиме што ќе испадне.

Покрај сите други спортови кои се играат ги пратеше некој жениве,барем на Финал 4,ваши впечатоци?
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.917
Поени од реакции
9.526
Оваа сезона очекуван расплет освен пласманот на Кристијансанд на Ф4
Немаше ниту еден тим ни блиску до квалитетот на Ѓер и очекувно беше да земат титула едино шо мислев дека може да им се спротистави беше Мец кој има некој респектабилен тим знае да одигра и одбрана солидна во дадени моменти али коа испаднаа од Ростов веке беше јасен победникот барем за мене.
Ростов нема доволнно ротација во ростерот плус базиран на домашни ракометарки мислам дека и успех е самото тоа што играа финале тука најсилен адут во наредни години им е тренеров Амброс али некако неактивни на трансфер пазар имаат само две засилувања Бенке и Никитина до сеа договорено сепак ликов е по мене најдобар тренер кај женскиов ракомет моментално

Мец потфрли очекував поке од нив на Ф4 после едно лошо полувреме сезонава и ги загубија сите шанси за финале вчера успеаа да се вратат до негде али беше преголема разликата на полувреме па не успеаа очекувам наредна сезона борба нивна до сам крај за Ф4 бидејки имаат доста квалитетен состав иако проблем ке е тоа шо ја губат Едвиж(ил како се читат) сепак имаат доста квалитет

Кристијансанд тотално изненадување бронзава им дојде ко шлаг на оваа сезона и за следна не ги очекувам овде оваа сезона им се поклопија доста коцки,лесни групи,противници вон форма,со многу повреди ги зачекаа и тешко да повторат ваков успех

ЦСМ Букурешт е смешка од екипа тим со 15милки буџет да не успее да се пласира на Ф4 е срамота али го очекував тоа настрана шо ги изгубија Неагу и Куртович во клучен период овие немаат успех од причина шо немаа одреден стил на игра освен тоа они ја пуштија Гулден играч кој беше мотор во екипава и се се вртеше околу неа,смена на тренери ко чорапи во последниве две години капак Џукич коа го кладоја е тек тогаш промашија ептен.
Настрана шо он е квалитетен тренер али немаше никакво искуство со водење женски тим и глеам сеуште е .

Будуќност да видиме како ке се понашаат следна сезона ги збраа Лазович,Мехмедович и Радичевич али ги губат Булатович,Грбич и Ласло така да они ке се тука негде со одредена доза на срека може да направат нешто плус

За следна сезона ги глеам пак Ѓер како најсилен тим со Булатович,Едвиж,Минко,Куртович како засилувања со Лејно и Гримсбо на гол тешко дека некој ке ги симне од тронот едино шо ке изгубат е Грот и она Мо(е)рк али не ни заигра од ко дојде од Ларвик како шо треба .
Другите ке водат мртва трка али би требало Мец,ЦСМ,Ростов да го заокружат тој круг од 4 тима со тоа шо Будучност и Ференц би направиле одредени проблеми тука би додал и еден Дански тим кој може да се вмеша Оденсе али многу работи ке зависат од ждребот на групите и вкрстувања друг тим негледам како ке се вмеша во овие
 
Последно уредено:

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855

Малце каснам али сега чепкав нешто по пц-то па налетав на скриншотов.
2 играчи исклучени а 6 се во поле. Не ми е јасно кај гледаа судиите и записничката маса ? И дали некој ќе ги казни за ваков пропуст ?!
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615

Малце каснам али сега чепкав нешто по пц-то па налетав на скриншотов.
2 играчи исклучени а 6 се во поле. Не ми е јасно кај гледаа судиите и записничката маса ? И дали некој ќе ги казни за ваков пропуст ?!
Цело време имаа проблем со графиката,немаше исклучени играчи.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Цело време имаа проблем со графиката,немаше исклучени играчи.
Тоа ќе да е, гледам на официјалната статистика немало исклучен играч претходно.Така да моја грешка :D
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Тоа ќе да е, гледам на официјалната статистика немало исклучен играч претходно.Така да моја грешка :D
Ја гледав на арена утакмицата и претходно имаше две ситуации каде графиката даваше исклучени играчи на ПСЖ а реално немаше врска и коментаторот се нервираше поради тоа...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
https://www.gol.mk/rakomet/kil-e-osvojuvach-na-ehf-kupot-nadigran-germanskiot-rival-fukse-berlin

Можеби е спам постот, но со оглед дека нема отворено посебна тема за ЕХФ Купот би требало да е соодветен.
Сосема заслужено, издоминира Кил сезонава во Купот на ЕХФ, се прошетаа до титулата, како на тренинг.
Реално, конкуренцијата не им беше достојна, сепак екипи како Фуксе, Гепинген и останатите не можат да се носат со Кил.
Екипа како Кил трагедија е да не игра во ЛШ, институција во ракометот, единствена екипа што може да се носи со гигантите надвор од Германија кои го запоседнаа светот на ракометот.
Позитивна работа е што конечно се враќаат во ЛШ, а конечно нема да ги гледаме РНЛ како се глупираат...
Млада екипа, со неколку искусни играчи, го поминаа процесот на воигрување, а резултатите треба да дојдат многу брзо.
Се прилагодија Зарабец, Лукас Нилсон, Билик на германскиот стил на ракомет, наредна сезона засилени со Сагосен, + Кркмата ( Дувњак ) полека ја враќа старата форма, страшна бековска линија. :shook:
Се зависи од Јиха, квалитетот кој го има на лагер е неспорен, главното прашање е како ќе успее да се справи со притисокот, сепак огромна разлика е да си помошник и главен тренер на екипа како Кил..

Пријатно изненадување за мене е Порто, навистина доста напреднаа, многу интересен тим, лесно стигнаа до полуфинале, а таму немаа одговор на тактиката на Фуксе, целосно им го забавија темпото на игра.

Фуксе од друга страна, го достигнаа максимумот со пласманот во финале, со тие играчи толку е силата.

Наредна сезона повторно Швабите се главни фаворити, Магдебург, РНЛ и најверојатно повторно Фуксе.

Интересен податок во Купот на ЕХФ, од последните 20 изданија дури 18 пати трофејот го освоиле бундеслигаши, единствено Барса и Пик Сегед пред некоја година успеаа да ја прекинат таа доминација на германските екипи, што е уште еден показател дека нема екипи кои може да има парираат.
Француските екипи сеуште не се дораснати да се носат со Германците, посебно не со екипи како Ст. Рафаел, кои успеаа лани да стигнат до финале.
Наредна сезона можеби и ќе дадат отпор Французите, со оглед на тоа што или Монпеље или Нант ќе игра во Куп на ЕХФ....

Шпанците со просечни екипи како Ла Риоха, Адемар и Бидасоа ( како нови учесници во ЕХФ Купот )нема што да бараат во ваква конкуренција, едноставно не се дораснати за ова натпреварување.

Многу е опаднат квалитетот на ракометот, драстична разлика во квалитет има помеѓу А и Б групите во ЛШ и елитата на екипи кои се борат за трофеј во Куп на ЕХФ. ( освен некои залутани екипи како Кристианстад на пример )...:icon_mrgr:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.058
Поени од реакции
5.560
Посетеност на домашни натпревари во ракометната 2018/2019 лига на шампиони.
Одиграни вкупно 176 мечеви во сите четири групи (А, Б, Ц и Д); 568,922 вкупно гледачи со просек од 3,233 по меч. Ова е намалување од речиси 10 проценти во споредба со претходната сезона каде што мечевите привлекле вкупно 662,327 со просек од 3,379 по меч. Во прилог статистиката од посетеноста на сите 28 тимови кои учествуваа оваа година. Вкупен број на посетители, просек по меч и број на одиграни натпревари.

ase.PNG

Извор: https://www.handball-world.news/o.red.r/news-1-1-3-115498.html?fbclid=IwAR3q_hdrs4H-JDmwQyyz7RlDgELYlbOuGUxpisbxoW0HlP-0X_PZFREIkV4
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Ова е пад од некои 200.000 гледачи во споредба со претходни сезони. Знам по 850.000 беше некаде нормата. Или ова е без Ф4? Што би додало во најдобар случај 80.000.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.817
Поени од реакции
15.743
ТВ преноси пак иста шема, само на ехвТВ со Хола ??
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.675
Дечки ај пуштете линк од ЕХФ,за Веспрем-Киелце.
Незнам зашто не ми отвара...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Kakov golman e Sterbik znaci neam reci

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom