Чекај, ти всушност игнорираш една работа. Кој дозволи Ерера да влезе во последната година од договорот, за тој да ги држи сите карти.
Кој не успеа да се договори со него 2 сезони наназад? Затоа што е фан на клубот, треба да прифати плата ко Смолинг? Зашто го амнестирате клубот во ситуацијава, и ти, еден куп други членови, и му се префрла на Ерера зошто нашол подобро платено место, и на крај, колку да се пластични, клуб со поголеми шанси за успех во моментов од Јунајтед?
За разлика од сите други што не се удираат во гради, добар дел од нив не ни покажуваат дека ги боли кога ке им изгуби клубов. Ке имав проблем да отидеше за исти пари кои му ги нудел Јунајтед, ама за 300к, што е дупло повеќе неделно, со среќа братле.
Ти како да си заборавил што направи Руни во еден од најтешките периоди за клубов.
За тоа дадов коментар пред месец дена. Недозволиво е вакви случаи да се остават вака, поготово не со Андер, во ситуација кога Џонс, Смолинг и Јанг добиваат солидни договори.
Го врзав Андер и во релација со ДДГ како пријател кој сигурно има одредено влијание во неговите саги изминатите лета да остани во Јунајтед, а сега нема да ме чуди да му се отвара главата на ДДГ за трансфер ова лето.
Значи сите сме согласни дека управата не знае кај тера. Сега ако на Рашфорд му пукнат 200к+ неделно ќе биде најдобар доказ за тоа.
Е сега од друга страна немаме информација дека Ерера немал договор на маса уште минатата година на пр. Плус имаше позитивна клима до пред некој месец и даваше изјави од типот не е време за мојот договор, битни се резултатите. Парафразирам...
Нашата вина е тука и никој не ја негира, но ме нервира фактот што некој прави слика дека е јунајтед бој, дава причина да биде третиран како локален тип и мислиш дека Јунајтед многу му значи. Убедителен беше Ерера и затоа сакав и капитен да биди. Можеби е и тука причината што управата била во заблуда со неговата приказна и се осетила комотна од аспект на тоа дека ќе потпиши договор. Солидна сума му била понудена значи.
Јас имав мислење дека Ерера без проблем ќе потпиши нов догвор и да му е понуден во последен ден и дека за ништо не би го напуштил Јунајтед. Поубеден бев и од периодот кога баш Руни се ценкаше за пени плус. Значи братот таков впечаток ни направи, како ако има можност ќе остани што повеќе и ми направи филм дека за пари плус не би преминал ете во ПСЖ. Сега испаѓа дека некој ќе го правда ако Сити му понудеше 400к и ја прифатеше.
Да бидеме објективни, понудата на маса од 200 до 220к не е мала и сум против неа, а не пак 300к кои ете ПСЖ ќе му ги обезбеди.
Се надевам дека диловите со Смолинг и Џонс ќе значат причина да се заработи на нив летово. Со носење на нов стопер и враќање на Туанзебе посакувам најмалку двајца од Рохо, Смолинг и Џонс да ги шитниме.
На тоа ако се додади и Санчез мислам дека ќе се среди некако балансот со платите.
Значи сум соглсен дека управата нема сенс ни во кој период да продолжува договори, ни во самите износи.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk