Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
У Мерин со Дарио останаа добар дел од ансалид, дотраките и дел од секонд санс што му останаа верни.

Башка мислам дека фактор изненаѓење може да биде војската од Дорн, батките со жутите фустани, да дојдат да се борат против Серси да ги одмазадат Oберин и фамилијата
ќе биди одлично ако не ги мешаат дорн со крајот на серијата.
плот смрти беше то чудо.
 
Не ми остави, поради недостатоците во приказната, во следот на настани кои ни ги пренесоа во текот на епизодата и колку тие соодветствуваат со историјата, личните карактеристики и мотивите на ликовите кои беа дел од нив, а не поради некои недоследности и нелогичности во контекстот во кои настаните се одвиваат. На кратко, ми пречи што дејствието отиде во насока на безнадежен, очајнички, last-ditch effort на одбрана група на херои, кои во последен момент го менуваат исходот на битката и што најт кинг е симплифициран, безумен архетип на злото без очигледна мотивација, а не каде била поставена коњаницата и катапултите, дали тактиката била соодветна и со каква технологија за одбрана од опсади бил опремен Винтерфел.
И да, се согласувам дека тие проблеми со приказната се резултат на импровизација и тука ставовите ни се поклопуваат. Колку повеќе шоуто се одалечуваше и го одминуваше изворниот материјал, толку повеќе продуцентите и хбо добиваа слобода во обликувањето на приказната и слобода да импровизираат. Преведено во јазикот на таа индустрија, да импровизираат имајќи ја во предвид публиката, а не интегритетот на делото.

Не ми беше намерата да ги споредувам битките од LOTR и овие од GoT, особено што, субјективно, имам јасен фаворит. Поентата ми беше дека во скоро секоја битка преставена на екран можеш, во помала или поголема мера, да најдеш нелогичности, меѓутоа тие немаат пресудно влијание врз генералната оцена за квалитетот на целото дело и впечатокот кој гледачот го добива за него. Уствари, има минорно влијание. Затоа, јас не замерувам за нешто што е стандардна практика. Визуелна уметност е, побитна е рекацијата на гледачот на сцената, отколку прецизноста на описот. Вистинските битки биле многу побавни, подолги и пополни со неинтересни секвенци, од тоа што филмот може да ги прикаже. Може која сакаш битка на филм да ја анализираме, скоро секаде ќе ги најдеш тие ситници. Тешко е и да му текне на човек, места каде тие се сведени на минимум. Први што ми доаѓаат на памет се, еден дел од епизода од Rome на HBO, каде единствено се правилно прикажани тактиките и организацијата на римските легии, Saving Private Ryan делот од нападот на omaha beach и битките во Band of Brothers. Последните две се правени по сведоштва на преживеани, што доволно кажува колку е тешко да си целосно доследен.

Меѓу другото и на тоа. Ко што во неколку наврати се нагласуваше, серијава на почеток беше препознатлива по својата реалистичност и суровост, баш каков што е животот, во кој ''хероите'' и оние кои што највеќе ризикуваат обично умираат први. Друго, ја стварно не сакам да сум генерал и не сум и само очекувам да луѓето на кои животите им се доведени у опасност направат се за да не умрат и барам само здрава логика во работите, ништо повеќе. Веќе реков правам споредби во однос на тоа што серијава беше и што е сега и заклучокот е дека ијам чувстvо ко да се работи за две сосема разлилни ствари, а тоа не е добро воопшто. Да ги имав прочитано книгите веројатно ќе правев уште повеќе споредби и впечатоците ќе беа полоши. Веќе неколку пати кажав, ако тргнеме се на страна и ја гледав епизодава без ништо претходно да знаев ќе дадев висока оценка и мене ми се несериозни забелешкиве на фановиве низ интернетов дека единствен проблем било тоа што било доста темно. Серијава беше препознатлива по ориентираноста кон деталите, уствари тоа и беше белегот на оригиналност, за се што ќе се случеше постоеше доста добра причина и милиони објаснувања до степен да беше overthinked.

И ко што кажа и самиот, оваа битка се величаше и ги ''заплашуваше'' луѓето речиси 8 години за да на крај добиеш епилог еднаков на импровизација. Мислам кога ќе ја испоебеш кулминацијата милион објаснувања понатаму не те спасуваат во мои очи. Едноставно мораше да биде совршено, а ја имав чувство ко да добив производ кој ќе биде само доволно добар и ќе помине кај фановите со цел да се приврши се после толку долго време. Исто како кога купуваш некои преценети бренд производи за кои плаќаш x3, x4 и се прашуваш на крај - е добро зошто толку плаќаш и што е стварта толку посебна? - пошто нели си изградил некои очекувања во однос на тоа што треба да го добиеш.

Она што сакам да кажам е дека епизодата беше добра али далеку од тоа дека импресионираше ко финалното делче од слагалицата. Ете си ја спомнал BB, и иако е продуцирана од HBO, BB е се што серијава не е и иако не се баш најсоодветни за споредување за ББ секогаш ќе се сеќавам ко на еден од најдобрите тв производи и по тоа што за само толку кратко време успеа да ме импресионира, додека од серијава секогаш ќе добивам mixed feelings у смисол добра беше но секогаш ќе постои ''но''.
 
Последно уредено од модератор:
The Long Night is lowest ranked Game Of Thrones episode since Season 5 and second lowest of all time

bcf692704e6e5ab6b8245de3bcb90360.jpg
 
@Zedd Во која смисла "lowest ranked since Season 5 and second lowest of all time"?
Затоа што ова е ТВ рејтингот: https://tvbythenumbers.zap2it.com/daily-ratings/sunday-cable-ratings-april-28-2019/ 5.3 рејтинг во 18-49 демографија (втората епизода беше 4.4) и втора најгледана епизода во ГоТ зад финалето на седмата сезона.
 
@Zedd Во која смисла "lowest ranked since Season 5 and second lowest of all time"?
Затоа што ова е ТВ рејтингот: https://tvbythenumbers.zap2it.com/daily-ratings/sunday-cable-ratings-april-28-2019/ 5.3 рејтинг во 18-49 демографија (втората епизода беше 4.4) и втора најгледана епизода во ГоТ зад финалето на седмата сезона.
Rotten Tomatoes

Сите оние што имаат забелешки за тоа дека епизодата е премногу темна нека го гледаат видеото https://youtu.be/_3M0Xt97aFI
 
Rotten Tomatoes

Сите оние што имаат забелешки за тоа дека епизодата е премногу темна нека го гледаат видеото https://youtu.be/_3M0Xt97aFI
Јасно е зошто е темно, така и треба да биде. 11 недели снимана епизодата во САМО ноќно време, али 12% од луѓето на IMDB кликнале оценка 1-5/10.:pos: И да е мех сценариото, само ради кинематографијата заслужува бар 7/10. Секако, под знак прашалник е релевантноста на сајтови како IMDB или Rotten Tomatoes затоа што секогаше ќе постојат хејтери кои серат на се' што е меинстрим (а ГоТ е меинстрим серија, тоа е факт). Пак ќе повторам, скоро сите имаме пристап до Интернет во денешно време. :D

Колку за споредба: На Ротен Томатос епизодава има 75% Tomatometer, додека Black Panther има 97%. :icon_lol::icon_lol::pos:
 
Во сцената кога ајс драгонот го брани влезот кон Годсвуд,и Џон неможе да помине,во еден момент Џон ја гледа Ариа која не е во кадар,и прави диверзија за она да помине.Тоа е делот кога он се исправа пред драгонот и се дере на цел глас Gooooooo go.Во наредна сцена Ариа веќе внатре во Годсвуд и повторно надвор од кадар поминува со голема брзина покрај Вајт Вокерот кога на него му се подигнува косата и се врти со главата да види што е.Потоа скока на Најт Кинг и јасно е понатаму.
Се е во ситните детали и претходните епизоди,дел од тренингот со Jaqen H'ghar во Braavos.Во суштина целиот нејзин storyarc се движеше кон моментот да го убие Најт Кинг.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Во сцената кога ајс драгонот го брани влезот кон Годсвуд,и Џон неможе да помине,во еден момент Џон ја гледа Ариа која не е во кадар,и прави диверзија за она да помине.Тоа е делот кога он се исправа пред драгонот и се дере на цел глас Gooooooo go.Во наредна сцена Ариа веќе внатре во Годсвуд и повторно надвор од кадар поминува со голема брзина покрај Вајт Вокерот кога на него му се подигнува косата и се врти со главата да види што е.Потоа скока на Најт Кинг и јасно е понатаму.
Се е во ситните детали и претходните епизоди,дел од тренингот со Jaqen H'ghar во Braavos.Во суштина целиот нејзин storyarc се движеше кон моментот да го убие Најт Кинг.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Хм, интересно, милион пати ги изгледав тие неколку минути, тек сега приметувам дека можеби кажува „Goooo, Go“, претходно мислев само се дере неартикулисано во немоќ. Баш ќе видиме дали ќе спомнат за тоа во нивен разговор следна епизода. Затоа што него не му се менува многу изразот на лицето додека се крие од змејот (во смисла дека ја видел Арја како трча према Годсвуд).
 
Ептен задоволен од 3-те епизоди од оваа сезона и послебно задоволен од 3-тата епизода, само едина замерка имам шо ама ич не очекував дека толку брзо ке заврше војната. А очекував повеке главни ликови да загинат.
Туку шо ли ке се дешава у наредните епизоди баш ме занима! Очекував дека завршетоко на војната со мртвата армија ке заврше серијата, ама очигледна не, шо ја праве серијата тоа шо е: The Best Series EVER. :)
 
Баш беше топ епизодава.
Или јас имам скромни побарувања
 
Не на форумов Берик. Општо зборевме за гледачите денес, на ИМДБ партали летаа, масакрирани беа и филмот и режисерот.

Сакам да верувам дека сум нормален. :гик:
Аман, знам дека не на форумов. Сакав да доловам околу тоа какви профили може тие критичари да бидат.

За задњото - многу си сакал.
 
А можно ли беше некако Арја да се претвори во еден од гавраните што летаа претходно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom