„Дешавката„ во Куманово беше (посредно) најавена и тоа јавно, колку се сеќавам, од Ген. Стојанче, при еден негов митингашки говор пред објектот од МРТВ, така да секако дека „некои„ (мислам на тајните служби) веќе требало да знаат што ќе се случи. Службите, се чини, не изреагираа, како што не изреагираа на „планинарите„ од Косова па ни се случи војна во 2001-вата.
Тоа што „Диво насеље„ се случи токму во времето од владеењето од ве-ме-ре-то, ни случајно не е случајно, туку намерно, особено откако Грујо почна да „врти„ кон Руската Федерација па центрите на моќ на кои не им „пасуе„ насоченоста од Скопје кон Москва, му наместија на Грујо теростистички настан. Чисто „онака„, за опомена...
Она кое мене лично не занима е следното; не кои биле терористите, оти тоа е лесно за осознавање, туку кој ќе одговара за она неверојатно лесно убивање/гинење на мадеконските полицајци...