Нема клима за такво нешто, тоа се покажа пред референдумот кога за едно од најважните прашања т.е промена на името на државата никој не се осуди да излези на протест, а без притоа да биде организиран од некоја од партиите. Второ нешто се финансиите за да се држи во трката со овие две партии, овие две партии се со милионски буџети и во секој момент можат да си дозволат купување на медиуми, рекламирање, перење на мозоци со кампањите и т.н плус страшна поддршка од надворешен фактор кој во принцип и диктира како ќе биде исходот.
Така да идејата дека ќе дојде магично трета партија или Робин Худ што ќе не спаси е само детски сон, реалноста е далеку посурова.