Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Или ако не го посисаат, командант Форина ќе си биде вршител на функцијата Претседател на Република Северна Македонија.

Во меѓувреме до следни избори, рајата омекнува и отрпнува што Албанец ќе ја врши функцијата, плус Талат веќе го осимпатишаа пошто им рекол „седите море љуѓе“ на пратеници дур се караат.

Следниот консензуален кандидат е некој „чист“ Албанец од нивната интелектуална сфера, ала Беса Арифи, Фатиме (додуша нема гоидни она уште), Имер Селмани итн...
А ако сме реални, освен сатисфакцијата што во моментов не е албанец претседател, туку македонец, која е другата разлика?
 
Па за 6 месеци од сега ќе мора нови претседателски, а после вечерашниов дебакл, не сум сигурен дека ДУИ ќе сака уште долго да се дружи со СДСМ.
Ke propadne i Dui... Besa zema zamav
 
Она гомно од човек што избега у Будимпешта,никад аир да не види у животот што не доведе у состојба да избереме крадец на патлиџани,арамија,син на крадец на струја да управува со државава
 
А што е со Охрид? На локални води Сдсм, на претсадателски Вмро. Ни луѓево не знаат што сакаат.
 
Нема клима за такво нешто, тоа се покажа пред референдумот кога за едно од најважните прашања т.е промена на името на државата никој не се осуди да излези на протест, а без притоа да биде организиран од некоја од партиите. Второ нешто се финансиите за да се држи во трката со овие две партии, овие две партии се со милионски буџети и во секој момент можат да си дозволат купување на медиуми, рекламирање, перење на мозоци со кампањите и т.н плус страшна поддршка од надворешен фактор кој во принцип и диктира како ќе биде исходот.
Така да идејата дека ќе дојде магично трета партија или Робин Худ што ќе не спаси е само детски сон, реалноста е далеку посурова.

Без лидер џабе е, а и да има протести не може да бидат спонтани, мора некој да ги организира, мора од негде да се води.

Затоа и реков, гласачи кои што можат да преминат од една на друга страна сега има повеќе отколку било кога, штета што во сопствената држава дојдовме на дереџе "ај барем против албанциве да бидиме"
 
Јас гласав за ВМРО денес ќе гласам и за две недели. Дај Боже да победат и да има предвремени избори и на тие да темата и да формираат влада. Додуше не е би се кладел на ова, ама за ова и Барса да стане европски шампион навивам. Исто мислам дека ќе рипне Швајцарскиот Франк и акцијата на Охридска банка.
Ako nema cenzus 2 krug ke krahira li denarot? Da kupuvam evra so vreme? Vekje nekolku godini denarot vestacki drzi 61.3 za evro..
 
Доволно е само да се види дека на претходните избори во првиот круг Стево освоил повеќе гласови отколку на овие избори, за да се сфати каков колапс им се случува моментално на СДСМ...

Не се целосни резултатите, но моментално Стево има 321.998, а тогаш освоил 326.164.
 
Можеби ДПНЕ и ќе добиеше посолиден резултат со саглам кандидат...

Иначе невероватно е каква база СДС има покрај најголемите понижувања и поразни политики во последните години сеуште се спремни во најнебитни избори (прв круг на претседателски избори) сепак во солидна бројка да излезат за утепан кандидат како Стево, ваљда и диња да предложе СДС ќе беше гласан од тие истите. Невероватно.
 
Има 1.808.131 гласачи(100%). Гласале само 741.349(42.03%)

Не излегле 100-42,03= 57,97% ..... Тоа е 1.066.782 луѓе .....Ако додадеме и 32,295(4,36%) неважечки ливчиња на неизлезените,одиме на 62,33 % .....

62,33% негласано = 1.100.000 луѓе бојкотираат .....Ова е дебакл за сите партии.... Кажано членството само излезе... 62,3 посто е доказ дека треба нови луѓе.....
 
А ако сме реални, освен сатисфакцијата што во моментов не е албанец претседател, туку македонец, која е другата разлика?

За разлика од тебе и мене, просечен Албанец во Мк никад нема да си постави вакво прашање на себеси.

Тоа е разликата.

Инаку само го пишав потенцијалното сцнеарио, кое е доста веројатно да се деси, доколку не им ги исполнат условите на ДУИ.
 
За разлика од тебе и мене, просечен Албанец во Мк никад нема да си постави вакво прашање на себеси.

Тоа е разликата.

Инаку само го пишав потенцијалното сцнеарио, кое е доста веројатно да се деси, доколку не им ги исполнат условите на ДУИ.

Нормално брат, како што на извесен Џон Трајковски нема да му биде сеедно доколку Сем Марковски стане претседател на Нов Зеланд.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom