3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Тури и пепел на таква управа ако успеала да го доведе Маџари Солидарност до општинска лига, па сеа ќе купува место дирекно во втора лига. Баш ме интересира која е историјата зад оваа приказна, не сум упатен, ама звучи нон сенс од 4 у 2ра. Стварно не знам кои се придобивките.
Освен шо управата на Кадино ќе фати некој кеш.
ФФМ ќе фати кеш.
Маџари ќе претураат од шупливо во празно.
Кој е финансиер на таа екипа?
Друже, без навреда ама изгледа сега си почнал да следиш Мак фудбал и мислиш дека клубовиве овде функционираат како во Англија :pos:
Абе тука не се знае кој јаде, кој пие, утре може да освои титула тимот, наредна година да игра во четврта лига, па да си купи место во прва лига и во Европа да излезе на крајот.
Не знам што не ти е јасно, оние што даваат пари сакаат брз успех на екипата. Нема да гради екипа со години, ќе фрли пара, ќе ги намести некои натпревари, ќе ги купи едни исти играчи кои играат во сите екипи што аспирираат за прва лига и кога ќе влезат во прва лига ќе ги шутнат сите и ќе формираат тим со странски засилувања.
Маџари не отпадна од трета лига, туку не се пријави да игра во истата. Се скарале нешто меѓусебе и некој решил да го пушти клубот да игра во четврта лига. Место да се влечат две сезони за да дојдат во втора лига, вака ќе остварат пласман во трета лига, Кадино ќе влезе во втора и само ќе си ги сменат местата како што досега се случило илјада пати. Нормално, ова зборуваме хипотетички, ако има вистина во шпекулациите. Сакам да кажам дека ова не треба да те изненадува, бидејќи се случува секоја сезона.
 
Да бидам попрецизен:
Имало ли до сега фузија (или како и да се вика тоа спојувањето) на екипа од општинска лига со екипа од втора лига?
Од сите овие двојки шо ми ги наброја погоре, мислам дека никои не биле разделени 2 лиги, како четврта и втора.
Инаку треба со примери да набројуваш вака, пошо овие се скандалозни работи :) Јас знам дека Милано играа европа, па се распаднаа, Металург, Башкими Куманово, итн. Али стварно не знам кој е интересот за таков систем на работа. Ако имаш претпоставки кажи
 
cesto razlikata bese edna liga bidejki voobicno klubovi koi se pogore sakaat da ostanat na levelot (kako primer slucajot vardar miravci), a normalno i klubot koj go dava mestoto voobicno ne saka da padne ispod levelot kade sto bil.

skandalozno ne bi rekol, prilicno normalno e i vo drugi drzavi. ne gledam golema razlika vo toa dali nekoj kupuva klub i mu stava novo ime ili trampa mesto. fudbalot odamna e biznis i toa se normalni biznis aktivnosti.
 
Да бидам попрецизен:
Имало ли до сега фузија (или како и да се вика тоа спојувањето) на екипа од општинска лига со екипа од втора лига?
Од сите овие двојки шо ми ги наброја погоре, мислам дека никои не биле разделени 2 лиги, како четврта и втора.
Инаку треба со примери да набројуваш вака, пошо овие се скандалозни работи :) Јас знам дека Милано играа европа, па се распаднаа, Металург, Башкими Куманово, итн. Али стварно не знам кој е интересот за таков систем на работа. Ако имаш претпоставки кажи
Ама, Кадино во моментов не е екипа од втора лига, а Маџари идна сезона нема да биде екипа од општинска лига.
Маџари ќе влезе во трета, Кадино во втора и потоа ќе си ги сменат местата (хипотетички).
Имало секакви фузии досега, многу често се купувало местото на едната екипа, а другата се распаѓала целосно.

Се е бизнис. Јас имам клуб кој го носам од трета во втора лига, но немам пари за понатамошно функционирање во повисока лига. Ти ми даваш пари за твојот клуб директно место да влезе во трета лига, да го прескокне тој ранг на натпреварување и директно од оопштинска да оди во втора лига.
Јас сум во ќар затоа што си кратам трошоци, потребни за во втора лига и си земам пари од тебе, ти си во ќар дека нема потребна една година да се рваш со екипите од трета лига, туку на полесен начин доаѓаш чекор поблиску до целта. Целта е различна, но најчесто се работи за „бизнисмени“ кои пари прават од местење натпревари. Во трета лига те нема во кладилница ;)
 
Ривалитетот на ФК Осогово и ФК Овче Поле е за :cuc:
 
Росоман за момент ја замрси состојбата во Трета лига Центар. Ги победија Превалец со 1-0 и овозможија Питу Гули да ја намали предноста на Велешани на еден бод.
Наредната недела во Велес, Превалец ќе го дочека Питу Гули и веројатно тука ќе се решава сезоната.
Превалец и покрај денешниот пораз е во подобра позиција.

На север, Кадино ја растури Фортуна со 4-1 и ја отпиша од борбата за втора лига.
ССК ја доби Локомотива со 0-1 во Карпош и ја одржа разликата од 6 бода зад лидерот Кадино.
Веројатно Кадино ќе заврши прв, но да не ги отпишуваме Драчевци.
ССК има гостувања кај Беса, Фортуна и РИнија, така што дури и да го добие меѓусебниот дуел со Кадино во Драчево, веројатно тешко да дојде до првата позиција.

Се менува и лидерот на западот. Вардар Форино одигра 0-0 кај Речица, а Дрита го совлада Камењане па сега имаат исто бодови на врвот, а Дрита има и меч помалку.
Со оглед на тоа што меѓусебниот дуел се игра во Боговиње, очекувам Дрита да заврши прва.
 
Дечки едно прашање. У случај 2 екипи од ВТОРА ЗАПАД да влезат у прва лига, а ниедна од прва лига од западниов регион не испадне. Тогаш тие 2 места како ќе се пополнат. Ќе играат бараж 2ро пласираниве од трета лига?
 
Да, тој е принципот.
Минатата година имаше таков случај на истокот. Во бараж требаше да играат Вардар Неготино, Кежовица и мислам дека Василево беше третата екипа како второпласирана од југоисток. Ама Кежовица и Василево немаа амбиции, па Вардар влезе директно.
 
Од кај се информирате за резултатите од трети лиги? Пошо глеам macedonianfootball каснат нешо да објават
 
Од кај се информирате за резултатите од трети лиги? Пошо глеам macedonianfootball каснат нешо да објават
Голем дел од клубовите имаат ФБ страни на кои ги објавуваат резултатите. Од таму можеш да се информираш.
 
Цементара има нешто вакво или јок?
Нема :D

Инаку, мал апдејт за општинска лига Кисела Вода.
Викендов Цементарница ја доби Славија со 2-0. Така што, во моментов и двете екипи имаат по 2 порази (и останатото победи). Исто и Аеродром има два порази, како главен кандидат за прво место.
 
Превалец - Питу Гули 0-1

Каква победа на Крушевчани и каков пресврт во лигата. Само неколку кола претходно се чинеше дека Превалец сигурно ја добива лигата, по двата порази на Питу Гули по ред (Напредок Крушеани на гости со 4-0 и дома од Росоман). Превалец имаше +4 и дуел со Питу Гули дома. Ама загубија кај Росоман и сега губат дома во директен дуел, по што Питу Гули има 43 поени, додека Превалец останува на 41 бод.

Лигата ќе биде супер интересна до крајот, со оглед на тоа што и двете екипи имаат тешки натпревари и се е можно да се случи. Питу Гули гостува кај Црнилиште и Бабуна, две многу тешки гостувања, особено кај овие првите.
Имало инцидент на првиот натпревар во Крушево и шкониве им се наапани на Питу Гули.
До крај:
Питу Гули - Братство
Напредок Крушеани - Превалец

Ново Црнилиште - Питу Гули
Превалец - Младост Кривогаштани

Питу Гули - Тополчани
Големо Коњари - Превалец

Превалец - Марена
Бабуна - Питу Гули

Превалец со многу полесен распоред, но со 2 поени помалку од Питу Гули и полош меѓусебен дуел.

Дерби и на југоистокот.
Дојранско Езеро ја победи Тиверија со 2-1 и со тоа си го визираше настапот во втора лига.
После долги години, убаво е да се види Дојранската екипа во втора лига.

На западот Дрита го совладала Љуботен со 3-1, а Вардар Форино тепал 2-0 со Трабзонспор.
Наредното коло Вардар гостува кај Напредок и можно е да киксне. Најавени се две навивачки групи на натпреварот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom