StarScr3am
Ѓавол
Превалец - Питу Гули 0-1
Каква победа на Крушевчани и каков пресврт во лигата. Само неколку кола претходно се чинеше дека Превалец сигурно ја добива лигата, по двата порази на Питу Гули по ред (Напредок Крушеани на гости со 4-0 и дома од Росоман). Превалец имаше +4 и дуел со Питу Гули дома. Ама загубија кај Росоман и сега губат дома во директен дуел, по што Питу Гули има 43 поени, додека Превалец останува на 41 бод.
Лигата ќе биде супер интересна до крајот, со оглед на тоа што и двете екипи имаат тешки натпревари и се е можно да се случи. Питу Гули гостува кај Црнилиште и Бабуна, две многу тешки гостувања, особено кај овие првите.
Имало инцидент на првиот натпревар во Крушево и шкониве им се наапани на Питу Гули.
До крај:
Питу Гули - Братство
Напредок Крушеани - Превалец
Ново Црнилиште - Питу Гули
Превалец - Младост Кривогаштани
Питу Гули - Тополчани
Големо Коњари - Превалец
Превалец - Марена
Бабуна - Питу Гули
Превалец со многу полесен распоред, но со 2 поени помалку од Питу Гули и полош меѓусебен дуел.
Дерби и на југоистокот.
Дојранско Езеро ја победи Тиверија со 2-1 и со тоа си го визираше настапот во втора лига.
После долги години, убаво е да се види Дојранската екипа во втора лига.
На западот Дрита го совладала Љуботен со 3-1, а Вардар Форино тепал 2-0 со Трабзонспор.
Наредното коло Вардар гостува кај Напредок и можно е да киксне. Најавени се две навивачки групи на натпреварот.
Последно инфо што го имам е дека натпреварот Росоман - Превалец што заврши 1:0 треба да биде регистриран 0:3 за гостите поради неподмирени финансиски обврски кон Трета лига Центар