Општо, сезонава не сме толку лоши. Мене ме изненадува бројката во Маџари, особено што реално немаме никаков императив по откажувањето од трката за титула. Во Македонија публиката се пали кога тимот има некаков предизвик. На Вардар предизвик му беше титулата, но не отпишаа одамна и за очекување беше да се загуби секаков интерес за натпреварите. Сепак, се одржува некое ниво и има солидно навивање, барем во дуелите со посилните екипи.
Сепак, далеку сме од старите времиња (дури и од оние од 2011/12/13/14 година).
Групата има многу млади членови, тоа е за поздравување. Дојдов до моментот кога пола трибина е двојно помлада од мене
Бројот на оние кои се редовни барем во последниве 7-8 години (за повеќе да не правиме муабет), барем на домашните натпревари, не е поголем од 20-тина души (дури и оваа бројка е дискутабилна). Жалосно е што цели подгрупи се преселени во странство, а уште пожалосно е што на 80% меракот им поминува за 1-2 сезони.