- Член од
- 27 јануари 2018
- Мислења
- 375
- Поени од реакции
- 1.231
Ти благодарам за опширниот одговор и на тебе.Не очекувај ништо за возврат од никого, тоа што ти ќе го направиш за некој, гледај да биде нешто што и тебе би ти одговарало. "Жртвување" во врска не функционира... Дури и да направиш во иднина нешто за некој, не очекувај дека и он ќе направи нешто за тебе. Најубаво е пред да направиш нешто за некој, да размислиш дали тебе тоа стварно ти одговара. Не знам точно што си направила за него, ама ако не си стигнала до зимање кредити и давање пари, се друго што е од емоционална природа, ќе помине со текот на времето, сета таа болка врз достоинството што ти ја нанел ќе помине, без гајле. По неколку години и да го видиш на улица, нема да ти биде гајле за него. Добра поука за во иднина, да не наидуваш на такви како него. Можеби си го одбрала и "несакајќи" зошто те потсетувал потсвесно на твојата релација со родителите, целиот тој однос во кој ти си подредена ти бил веќе познат и близок, но потруди се во иднина, наместо да одбереш нешто што е комфорно и познато, да одбереш нешто ново, некој што ќе се грижи вистински за тебе. И за делот дали му се допаѓаш ти или не, не се грижи за тоа. Ќе има милион луѓе што и на тебе нема да ти се допаѓаат, па ако размислуваш доволно трезвено, велиш дека ни овој не ти се допаѓа како личност. Па нормално и ти нема да им се допаѓаш на куп луѓе. Исто како во пријателствата, некои успеваат, некои не.
А зошто па би се трудела да му се допаднеш на некој што не ти се допаѓа тебе? Нема потреба.
Пробај да му се допаднеш на некој што стварно ти се допаѓа како личност на тебе. Иако во тој случај, најверојатно веќе ќе му се допаѓаш на некој таков. Многу е битно и да е тип со карактер, што знае што сака...
Sent from my SM-J330F using Tapatalk
Сега би сакала да ти одговорам на некои работи кои ги имаш кажано.
Се жртвував уште од самиот старт бидејќи мислев дека личноста вреди, пред да започнев врска со него сакав да бидам сигурна кој е и што е па се распрашав убаво за него и сите ми рекоа дека е дечкото на место, стабилен и добра личност.
Мислев дека врската оди на добар пат кога тој почна да ме запознава со сите, индиректно покажуваше со некои работи дека сака иднина со мене, јас се препуштив на чувствата и го прифатив таков каков што е.
Но.. сето тоа ми се тресна од глава кога започна да се лути за ситници, секогаш велев ај да не се карам, ај да бараме компромис, ај ова ај она.. имав разбирање за некои работи кои искрено не секоја девојка би имала, почит, љубов и највеќе имаше внимане од мене, дури кога одев кај него на гости на викенд бидејќи беше од друг град го молев да излезе со другарите кога го викаа на фудбал и кафе, не бев од тој тип на девојки - сега сум кај тебе мене ќе ми посветиш внимание, остави ги нив туку сакав да има другари, да не ги запоставува поради мене бидејќи искрено се дружеше со мал број на луѓе и беше затворен па сакав да се вмешува меѓу народ. Животот му се сведеше од куча посо куча.
Настрана проблемот, помина тоа, веке три месеци не сме заедно, тој ми ја префрлуваше вината кај мои пријателки, а што е најлошо му успеа да направи да се чувствувам виновна.
Искрено мислев дека времето ќе го натера да сфати дека мене ме загубил а не да скока од врска во врска без никаков респект кон мене да разговараме.
Не му бранам да има друга девојка бидејќи тој мене ме оставил во минатото но криво ми е понекогаш што добив таков третман од него, што не се потруди околу мене, како што јас се трудев но очигледно е дека си во право бидејки никој денес не ти ја цени жртвата туку гледа да му биде убаво нему а другиот што сака нека прави.
Од него очекував, од 31 годишен маж да се однесува зрело, да не бега од проблеми и да се однесува како што доликува на негови години а не да ги лекува комплексите врз мене кои ги имал од минатото.
Најлошо е што мислам дека се уште имам чувства кон него, не знам дали е љубов или нешто друго. Тој го знае тоа, но залудно е, се што ќе направев за да дојдам до контакт беше залудно, на крајот кренав раце и решив да го пуштам да си го тера животот како наумил.
Ќе оставам на времето, не знам што ќе ми донесе ама се надевам дека ќе биде нешто добро.