Јас вообичаено повеќе поштовам оригинални приказни на сметка на биопици, римејци, адаптации и слично, иако и тие знаат да бидат hit or miss, па така имаме доста дебилни оригинални приказни во филмскиот свет.
Во секој случај, малку ми е no sense да дискутираме оригиналност кај режисери кои се прославени по стилот, Тарантино, Ричи, Бартон, Ален се стилистички режисери, и во нивните филмови личниот печат е многу поважен од оригиналноста на приказната, ова ми е исто како да ја оценуваме рибата за тоа колку вешто лета. Малку не е фер, секако секој си има симпатии и апатии кон одредени режисери, и сите причини за тоа се валидни ама не знам дали е од објективни причини океј да викаме дека некој режисер не го бива затоашто нема оригинални идеи. Кјубрик нема ни еден оригинален филм во животот снимено и е сметан за еден од најдобрите на сите времиња. Јас го сакам Тарантино, и особено многу ги сакам Кил Бил, стилски и содржински ми се ептен добри филмови, особено што сум аниме фан, а Кил Бил е лајф екшн аниме и за мене е подобар од многу филмови кои се директни адаптации на анимиња. Нив ги спомнувам зашто знам дека не се многу популарни на форумов, ама сакам да посочам дека имаат appeal за луѓе како мене, кои филмот го гледаат како омаж, нешто што и самиот Тарантино го посочува со аниме секвенцата за ориџинот на Ума Турман.[DOUBLEPOST=1554745493][/DOUBLEPOST]И ете имав уште да пишувам и ми се прати по грешка постот незавршен, ама да не комплицирам нека седи вака. Тоа ми е поентата секако, неам што повеќе да кажам околу ова без да се повторувам.