Фан Клуб: Интер

Za galjardini izleze informacija deka ostanuval saat vreme posle zavrsuvanjeto na treninzite, da raboti na svojata igra i forma, da potsetam deka tipot ne bese ni staven na listata igraci za LS i LE ...
Ocigleno ima super karakter koga e vo prasanje profesionalnosta i zalaganjeto, a ova sto e spomnato niz mediumive se gleda i u negovite posledni izdanija, fakt e deka site ne impresionirase koga potpisa za klubot, pa imase stagnacija pa i digresija u svojata igra so koja site ne iritirase, ama vakov kakov sto e sea ( plus ako ja popravi drasticno pas igrata ) realno i ke dobieme odlicna opcija za sredinata na terenot vo idnina. 24 godini e sepak, doprva vleguva u najdobrite godini za eden fudbaler kade postoi prostor duplo da napredne od ona sto e sega.
 
Една ќе одигра, на десет други го нема. Имаше период од неколку месеци како не може рамките на голот да ги погоди. Не знам колку тоа има врска со екипата во која игра. На ова ниво успеваат само тие што играат добро во континуитет.
Има врска и тоа како. Ако гледаш ти околу тебе играчи што им чуе к***ц како ќе заврши мечот, ако гледаш како лордот Кандрева ја игра секоја текма и подобро да игра рагби наместо фудбал пошо секоја топка му оди 20 метра над гол, ако гледаш како Брозович си игра онака лежерно без никаква мотивација, ако гледаш како целиот тим не штима почнувајќи од тренерот како ќе изгледаш ондак ти? Една птица јато не прави. Човекот не е Меси или Роналдо па да може на идивидуален квалитет да ја носи екипата на некои натпревари. Јас од она што го гледав додека играше во Аталанта беше одличен, со играчи околу себе кој немаат толкав индивидуален квалитет ама укомпонирана екипа. Сега да дојде Гаљардини во Јувентус јас ти гарантирам дека ќе игра за 360 степени различно од она што го прикажува во Интер. Тука е и психа во прашање, ете стратегов ваш не го ни ставил на листа за ЛШ а му игра лордот кој незнае кај тера, проблемот ви е во тренерот и никаде на друго место, многу од вас коментираат како не била кривицата само во него било и до играчите, нека дојде еве Конте а мислам оти ќе дојде поради Марота па тогаш ќе правиме муабет. Неможе бе другар во екипа да ги имаш овие играчи да се носиш рамо уз рамо со Тотенхем (рамноправни бевте и на двата меча) и на крај да испаднеш дома од ПСВ а другиве да играат четвртфинале со Сити. Спалети = Дел Нери тоа е тоа.
 
Тежок распоред имаме до крајот.

Фросиноне, Емполи и Киево се како полесни утакмици.

Освен овие, ке мора да се добие и Удинезе и едно дерби.

Најтешки ги сметам Аталанта и Наполи, па и со Јувентус.

upload_2019-4-5_16-43-28.png
 
Фросиноне,Киево,Удине и Емполи треба да ги победиме без да се испотиме
 
Фросиноне,Киево,Удине и Емполи треба да ги победиме без да се испотиме
Кај мене е 2019та на календаров што ми е при рука,кај тебе 2010та да не покажува?:D
 
Да не остане неспомнато, Јосип Иличич што го ругавте летово коа беше поврзан со Интер во шпекулација сезонава игра фудбал каков што нашиве везњаци може да сањаат (нарочито Перишич). Типот сумарно има скоро иста статистика ко сите наши крила заедно.
 
Ако за тебе тренери за ранг на екипа ко Интер се Гасперини, Мацари, Страмачиони и компанија ондак нема што повеќе муабет да се прави. После Мурињо саглам тренер сте немале. Не велам јас дека Интер е мега јак или којзнае што ама ајде погледни какви играчи имаше Јувентус 2012 година? Естигарибија ли бил класа, Џакерини? Стар Пирло, недокажан Видал, Мирко кој во Рома беше солиден ама тотално несериозен играч. Матри? Барзаљи со фамозните 300 000 евра трансфер, Симоне Пепе. Да многу повеќе можеше и мораше интер со играчиве што ги има, Сасуоло ви игра викторија пред голот и ти ми викаш екипата не чинела, сигурно чинеле ''експерите'' на клупа што ги имавте од 2010 па наваму. Значи за да почне тимот да оди напред мора да имаш некое проверено име на клупата, ете јас гарантирам да дојде Конте тренер со оваа екипа што ја имате, Интер ќе е многу блиску до Јувентус, можеби нема да освои титула ама разликата ќе е небо земја.
Тоа што пробувам да го кажам е дека, играчите, ростерот на тимот не е за ранг на екипа како Интер. Барем историскиот ранг на Интер, не моменталниот. Тоа прави разлика помеѓу борба за титула и 6 или 7 место на крај, не квалитетот на тренерот. Тренерот може да те кошта титула кога конкурираш за врвот, или пролаз во елиминациски натпревари. Не може само тренерот да биде разлика помеѓу 2 и 7 место, ни може само тренерот да биде разлика помеѓу плус/минус 25 бода во една сезона. Особено што, Интер имаше revolving door политика во однос на тренерите, последните 7 сезони. Спалети е првиот тренер по Мурињо што останал 2 сезони, како тренер. Ако елиминираш можни причини за проблемот, подобро од 11 тренери за 8 сезони не ни можеш да побараш. За тие години, најдобар пласман на Интер беше 4то место со Манчини.
Плус, можеби Интер немаше тренери од самиот крем на фудбалот, меѓутоа и не беа сите аналфабети станати од столица додека играат фудбал менаџер. Еве Гасперини очигледно игра Барселона фудбал. Мацари завршуваше втор со Наполи пред да дојде во Интер, плус сега има сосема солидна сезона со Торино. Пиоли имаше добри сезони со Лацио и сега не е воопшто лош со Фиорентина. Дури и Манчини, колку и да не го почитувам, има титули со Интер и со Сити во домашни првенства. Спалети пред да дојде во Интер, имаше рекордна сезона со Рома, каде освои 86 бода. Сите овие, комплетно заборавија како да си ја вршат професијата во моментот кога стапнаа во соблекувалната на Интер? Или решија да си ја саботираат кариерата или скриените потенцијали на играчите на Интер?

Во 2012 Јувентус освои лига со 84 бода. Тоа се четри победи плус од бодовите кои лани Интер ги освои. За споредба лани Наполи заврши со 91 бод, а пак беше на второ место. Огромен успех, меѓутоа и добри околности. Милан беше тргнат во фаза на реконструкција и подготовка за продажба, Интер беше во фаза на продажба, а останати конкуренти скоро и да немаше. Со ова не сакам да го намалам успехот на тимот, туку да кажам дека Конте го извади максимумот од тој тим, а тој максимум не беше голем. Со тие бодови сега би биле едвај трети, без разлика што Конте би направил. И со овој тим на Интер Конте би бил трети, па ако сака и на глава нека застане. Затоа што тоа е максимумот на овој моментален тим.
А тој стар Пирло и недокажан Видал е подобра средина за две класи од се што средината на Интер понудила во последните 6-7 години, од периодот кога играа Камбијасо, Мота и Снајдер.
Не викам дека Конте не е добар тренер, еден од најдобрите светски тренери е. Подобар од Спалети, тука и двајцата ќе се согласиме. Викам дека не е магионичар и дека најголем дел од играчите ќе изгледаат исто и под него. Некои би играле подобро од сега, други би играле полошо од сега, генерално квалитетот на тимот би бил ист. Единствена разлика би биле плус неколку бодови од сега, кои на свои вештини би ги извлекол од тимот. Ама тие плус бодови, не би биле доволно за да се конкурира на Јувентус, или да се мрдне од 3то место.
Исто како што тој тим на Јувентус под Конте не беше доволно добар да направи нешто во ЛШ, ни Италија беше доволно добра да игра за титула на Европско, што, оправдано, никој не му го зема за зло во кариерата на Конте.

Јас и претходно имам спомнато, би сакал да имаше некоја можност да го видам Конте или друг наместо Спалети, со овој тим, во оваа сезона, само за да добиеме конечен одговор на ова прашање и да завршиме со кооперациски “абе не знае овој да ги игра“ муабети. Или, да го потврдиме дека стварно не знае да ги игра.:)
Јас мислам дека и Конте, к*р ќе скршеше со овој тим. Гаљардини ќе си беше пак Гаљардини, Весино ќе беше Весино, а ние ќе баравме отказ и за него.
 
Abe brat ama ne ja preteruvaj i ti sega, mozda Konte nemase titula da osvoi ama garantiram deka nemase da gledame izdanija kako ona so Lazio ili Frankfurt kade ne mozevme topka da dopreme i sansa da imame. Trener ne znaci samo formacija da namestis i da izberes prvi 11, za trener treba mnogu povekje od toa, motivacija, govori u soblekuvalna, avtoritet sto mozebi e i najbitno a Spaleti go nema itn itn. Ako saka neka zavrsi Konte ili nekoj drug 8mo mesto so timov samo da gi gledam kako srceto go ostavaat na teren, togas ke priznaam deka kvalitetot e toj i nema beganje, ama vaka so smrdezov Spaleti zvani edna dobra utakmica pa tri losi turi mu kur. Daleku e ovoj trener od vadenjeto maksimum na site igraci, sve smrdeno da mu ebam. Abe trener sto pravi izmena vo 92 minuta a brka rezultat za mene NE POSTOI, ili sto go igra Kandreva vo klucen mec za prolaz vo nokaut faza a tipot cela polusezona nemase vo igra vlezeno. Mrs od Inter oci da ne mu gledam.
 
Тежок распоред имаме до крајот.

Фросиноне, Емполи и Киево се како полесни утакмици.

Освен овие, ке мора да се добие и Удинезе и едно дерби.

Најтешки ги сметам Аталанта и Наполи, па и со Јувентус.

Прегледај го приврзокот 207293
Околу 70 бода ни требаат за пласман во ЛШ. Така да 3-4 победи и некоја нерешена ќе биде доволно.
 
Тоа што пробувам да го кажам е дека, играчите, ростерот на тимот не е за ранг на екипа како Интер. Барем историскиот ранг на Интер, не моменталниот. Тоа прави разлика помеѓу борба за титула и 6 или 7 место на крај, не квалитетот на тренерот. Тренерот може да те кошта титула кога конкурираш за врвот, или пролаз во елиминациски натпревари. Не може само тренерот да биде разлика помеѓу 2 и 7 место, ни може само тренерот да биде разлика помеѓу плус/минус 25 бода во една сезона. Особено што, Интер имаше revolving door политика во однос на тренерите, последните 7 сезони. Спалети е првиот тренер по Мурињо што останал 2 сезони, како тренер. Ако елиминираш можни причини за проблемот, подобро од 11 тренери за 8 сезони не ни можеш да побараш. За тие години, најдобар пласман на Интер беше 4то место со Манчини.
Плус, можеби Интер немаше тренери од самиот крем на фудбалот, меѓутоа и не беа сите аналфабети станати од столица додека играат фудбал менаџер. Еве Гасперини очигледно игра Барселона фудбал. Мацари завршуваше втор со Наполи пред да дојде во Интер, плус сега има сосема солидна сезона со Торино. Пиоли имаше добри сезони со Лацио и сега не е воопшто лош со Фиорентина. Дури и Манчини, колку и да не го почитувам, има титули со Интер и со Сити во домашни првенства. Спалети пред да дојде во Интер, имаше рекордна сезона со Рома, каде освои 86 бода. Сите овие, комплетно заборавија како да си ја вршат професијата во моментот кога стапнаа во соблекувалната на Интер? Или решија да си ја саботираат кариерата или скриените потенцијали на играчите на Интер?

Во 2012 Јувентус освои лига со 84 бода. Тоа се четри победи плус од бодовите кои лани Интер ги освои. За споредба лани Наполи заврши со 91 бод, а пак беше на второ место. Огромен успех, меѓутоа и добри околности. Милан беше тргнат во фаза на реконструкција и подготовка за продажба, Интер беше во фаза на продажба, а останати конкуренти скоро и да немаше. Со ова не сакам да го намалам успехот на тимот, туку да кажам дека Конте го извади максимумот од тој тим, а тој максимум не беше голем. Со тие бодови сега би биле едвај трети, без разлика што Конте би направил. И со овој тим на Интер Конте би бил трети, па ако сака и на глава нека застане. Затоа што тоа е максимумот на овој моментален тим.
А тој стар Пирло и недокажан Видал е подобра средина за две класи од се што средината на Интер понудила во последните 6-7 години, од периодот кога играа Камбијасо, Мота и Снајдер.
Не викам дека Конте не е добар тренер, еден од најдобрите светски тренери е. Подобар од Спалети, тука и двајцата ќе се согласиме. Викам дека не е магионичар и дека најголем дел од играчите ќе изгледаат исто и под него. Некои би играле подобро од сега, други би играле полошо од сега, генерално квалитетот на тимот би бил ист. Единствена разлика би биле плус неколку бодови од сега, кои на свои вештини би ги извлекол од тимот. Ама тие плус бодови, не би биле доволно за да се конкурира на Јувентус, или да се мрдне од 3то место.
Исто како што тој тим на Јувентус под Конте не беше доволно добар да направи нешто во ЛШ, ни Италија беше доволно добра да игра за титула на Европско, што, оправдано, никој не му го зема за зло во кариерата на Конте.

Јас и претходно имам спомнато, би сакал да имаше некоја можност да го видам Конте или друг наместо Спалети, со овој тим, во оваа сезона, само за да добиеме конечен одговор на ова прашање и да завршиме со кооперациски “абе не знае овој да ги игра“ муабети. Или, да го потврдиме дека стварно не знае да ги игра.:)
Јас мислам дека и Конте, к*р ќе скршеше со овој тим. Гаљардини ќе си беше пак Гаљардини, Весино ќе беше Весино, а ние ќе баравме отказ и за него.
Како Милан бил во фаза на реконструкција кога таа сезона го имаа Тиаго Силва и Ибрахимович значи имаа многу многу појак тим за разлика од Јувентус, па на Конте Џакерини му беше стартер на почеток. Моментално лигава е ваква зашо Јувентус само градеше и градеше изминативе години а другиве влегуваа од грешки во грешки и затоа нема конкуренција ама убаво пиша Стефан, можда немало да освоите титула ама немало ни да има натпревари како оние со Сасуоло, и ред ред други каде интер изгледал како Фк Три Чешми. Ова ти го зборувам зашо и Јувентус беше ваков потполно ист под водство на Ферара, Дел Нери, Раниери и компанија и еден факинг Киево ни даваше 3 гола сред Торино, тоа ми е мене целта на муабетот. Апла ве кочи Спалети нема друг кривец сем него за ова што ви се дешава, јас ко навивач на Јувентус го гледам тоа незнам како некој ваши фанови неможат да го увидат. Да Конте освоил 84 бода ама на ниеден натпревар не бил надигран, буквално на ниеден. Имаше многу нерешени многу тесни победи ама крв оставаа на терен, дај ми еден пример од оваа и од минатата сезона на играч на Интер што го правел тоа. И зашо збориш овој тим на интер ко да имате играчи од тип на Киево, па Тотенхем го тепавте дома, до последно коло бевте во игра за осминафинале и испаднавте о ПСВ на кој Btw не му требаа ни бодови, ради чија вина? Може до утре да расправаме ама тури му пепелот ти на тренер што резултат брка со внесување на штопер, со внесување на Ранокија милион пати. И неможам да го заборавам и епското внесување на Сантон на место на Икарди ланската сезона.
 
И неможам да го заборавам и епското внесување на Сантон на место на Икарди ланската сезона.
Не можеме и ние...
 
Беше тргнат во фаза на реконструкција, пишав. Следната сезона ги продадоа Ибрахимович и Тиаго Силва, или не? Влегоа во фазата во која книговодствено го средуваа клубот, за да го подготват за продажба. Нешто што Интер го направи после 2010 година. Мада не е ни битно тоа за муабетот.

Ја не викам дека Интер има тим со играчи за во Киево, туку викам дека има играчи за да биде на позицијата на која што е сега. Плус бодовите кои би ги донел топ класа тренер, не би биле доволно за да смени нешто, можеби единствено би биле на бод-два од Наполи. Кога Наинголан и Врсаљко би биле здрави и во форма, можеби и некој бод пред нив. Ако и по трет пат го повторам тоа, се надевам дека конечно ќе се разбереме.
Конте немаше да го донесе Интер на едноцифрена разлика до Јувентус, зошто ова не е тим што може да освои 90+ бодови во сезона. Да плаќаш тренер со дупло поголема плата, само за да имаш горе-доле слична позиција на крај, е непотребно во овој момент, односно во оваа сезона. Тоа ми е поентата.
Ако следната сезона Интер гради тим за борба за титула, тогаш муабетот станува релевантен. И е релевантен, затоа што очигледно амбициите се такви, па веројатно ќе видиме тренер ко Конте на клупа следната сезона.

Ти како навивач на Јувентус можеби имаш видено дека Интер го кочи само Спалети. Јас, од друга страна, мислам дека Интер години наназад го кочат ставовите дека тренерот е единствено нешто што го кочи клубот. Или, погенерално, го кочи немањето трпение. Вакви сезони, како оваа и претходната со Спалети се скалила што мораат да се поминат за Интер да биде незакочен. Такви скалила поминаа и Јувентус и Наполи порано. Има нешто што се вика бизнис циклус и ни еден клуб не е имун на тоа. И финансиски и спортски и организациски. Успехот не се вади од гз, по нарачка. Интер имаше политика порано, со која се однесуваше како да се вади, па дојде во ситуација да чека ѕвездите да му се поклопат за да тргне во некој правец. Сега, во текот на овие две сезони, навивачите кенкаат и го бараат истото однесување од претходно, што е донекаде нормално. Ако клубот се врати на освојување титули, никој нема да ги памти овие сезони, ама тие се подеднакво фундаментални, како оние кога освоиле титули.

Иначе, зошто има шпекулации дека и Конте и Мурињо би прифатиле да бидат тренери, ме интересира кој од нив двајца би преферирале да биде следен тренер? Јас би го избрал Мурињо искрено, не гледам причина зошто Конте би бил подобар избор.
 
Интер, Аталанта, Чубака, Лук Скајвокер... одиме!
 
Овие опинциве од Курва норд се дерат контра Мауро на минутава молчење или ми се чини? Па тие со закон треба да се забранат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom